За користење нелиценциран софтвер затворска казна до пет години

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Freelancer
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ти е ко возењето со такси и автобус. Windows е такси. Linux e автобус. Ако немаш пари за такси, ќе се возиш со автобус. Но немој да очекуваш да се возиш со такси и да не ја платиш услугата.
Добра споредба. Посликовито: Windows е кола а Linux е точак. Ако сакаш да се возиш со кола, лесно, комфортно, без проблеми, треба да си платиш - ако не, ќе веслаш на точак. А ако возиш крадена кола, тогаш ќе те фатат и ќе има казна.

Да бидеме објективни и да гледаме малку поинаку на работите. Ако неможам да си дозволам таков софтвер ќе користам бесплатни алтерантиви. Или да се ставиме во нивна улога - пр. Јас да работам со години на развој на некој софтвер, да вложам многу труд и средства и после некој да го краде, пиратски и бесправно да го користи, па не би ми било сеедно, не е во ред.
 
За гревче се мајкрософт гледам банкротираа поради пиратеријата.
 
За гревче се мајкрософт гледам банкротираа поради пиратеријата.

А за гревче сме и ние што не сакаме да платиме за нешто што ни треба, ама пак и не сакаме да чуеме за другите опции, оние бесплатните, кои најчесто имаат некоја негативност, ама бесплатни се бе. Ова е главната причина зошто на најголем дел од сајтовите автоматски ни ги одбиваат порачките (бидејќи потекнуваме од земја со висок ризик на интернет измама), пејпал не не сака, и така натаму.
 
Па оди со 15.000 плата купи лиценциран виндоус,лиценциран антивирус,лиценцирано неро,лиценциран поауер исо,лиценциран вин рар и уште неколку лиценцирани програми.И линукс да симниш пак ќе ти требаат некој лиценцирани програми.
А нели не нема на пеј пал поради некој глупав закон со кој не се дозволува чување на пари во странски банки?
 
Добро бе, бидете „ЗА“ и плаќајте за газот на Бил Гејтс!

Второ, некој горе пишуваше за тоа дека пишувал код. Колку мислиш дека конечниот софтвер што ти го пишуваш како outsourcing ќе биде потполно развиен од 0?
ПФфф...99% од компаниите користат Open Source готови програмичња. Си се прашал зошто пишуваат во PHP, а не во ASP?

Да не мешаме баби и жаби.

Јас сум за пиратерија и/или бесплатно да биде се. Веќе има алтернатива. Што ако ме притиснаат. Ubuntu и ајт создравје.
ImageResizer.ashx
 
А за гревче сме и ние што не сакаме да платиме за нешто што ни треба, ама пак и не сакаме да чуеме за другите опции, оние бесплатните, кои најчесто имаат некоја негативност, ама бесплатни се бе. Ова е главната причина зошто на најголем дел од сајтовите автоматски ни ги одбиваат порачките (бидејќи потекнуваме од земја со висок ризик на интернет измама), пејпал не не сака, и така натаму.

Абе такво е општеството денес.Сите имаме потреба од компјутери и интернет ама реално со нашите плати неможеме да си дозволиме такво нешто.Не ја оправдувам пиратеријата ама треба да имаат разбирање од мајкрософт и да најдат други начини да заработат пари.Нека идат виндовсот и неои програми бесплатно а ке најдат нешто преку кое ке заработат.По малце ама сепак во плус ке одат.Бил гејтс милијардер стана што сака он да трупа и сега милијарди?Епа неможе.Зема што зема и сега ке се стабилизира.
 
лиценциран виндоус,лиценциран антивирус,лиценцирано неро,лиценциран поауер исо,лиценциран вин рар и уште неколку лиценцирани програми.И линукс да симниш пак ќе ти требаат некој лиценцирани програми.
Windows - Linux (ubuntu 10.10 на пример, го користам и одличен е за десктоп)
антивирус - AVG, Avira, Comodo... сите овие антивирус апликации имаат и бесплатна верзија. Океј, со помалку можности, ама бесплатно е. А на подарен коњ викаат у заби не се гледало, срамота било.
nero - бесплатни програми за режење
poweriso - magiciso
winrar e бесплатен. освен ако не сакаш екстра опции (види споредба такси-бус)
На Linux 99% од апликациите се бесплатни. Барем има пристојна замена во бесплатна верзија за било која апликација.

А нели не нема на пеј пал поради некој глупав закон со кој не се дозволува чување на пари во странски банки?
Никој не знае точно зошто нема пејпал во МК, ама според она што кога некој на сајт ќе ми порача нешто од Македонија, мене fraud checker системот ми го препорачува ова
This order is very high risk, and we suggest you not accept it. The order is slightly riskier because the e-mail domain, gmail.com, is a free e-mail provider. The order is riskier because it comes from a country associated with high levels of fraud
не треба да си Ајнштајн за да сватиш што е муабетот.
 
Како по обичај кај нас работите се фаќаат од опашката, па и за пиратеријата ќе биде така.

Значи мојот став за пиратерија е:

- НИКАКО пиратерија за македонски производи
- ЗАМИЖУВАЊЕ (на едно или на двете очи) за пиратерија за странски софтвер

Мислам да не влегувам во политика, ама нас како држава ни го качат во г'з со името, не можиме нормална држава да станиме, а сега ќе се секираме дали на Бил Гејтс му паднале или му станале акциите, па дај да ги силуваме бизнисите во Македонија до дрт.
 
Уште еден во низата фашистички закони...

Закон за присилна наплата на корпоративните екстра профити произлезени од монополистички начин на работа.
Секоја земја која ќе донесе вакви закони значи само едно - дека законодавците се подмачкани од корпоративни пари за да ги штитат нивните интереси.

:vozbud::vozbud::vozbud:
Какви корпорации бре? А што ќе прават независните развивачи на софтвер (тие што имаат мала фирма). Пример јас имам идеја за софтвер кој ќе биди добро користен, го правам (или некое дуо трио го прави) и после што? Да ми го испиратизираат цел софтвер и да неможам никако, ни законски да се заштитам?

Баш заради немањето/неспроведувањето на вакви закони овие работи во цела Источна Европа многу често остануваа на само идеи.
---------
Тоа беше од гледна точка на развивачите на софтвер. Од гледна точка на корисниците, работите пак треба да бидат во ред.
Во корпоративните средини кај нас веќе се користи лиценциран, тие нема да имаат проблеми. Кај домашните корисници нема ни да бараат, ене ја пример Германија. Во ЕУ се па има не малку пиратерија меѓу домашните корисници. Единствено можат да настрадаат малите претпријатија (кои користат нелиценциран софтвер, не можат да го купат, а му е потребен), зависи како ќе се спроведи законот.

--- надополнето ---

Како по обичај кај нас работите се фаќаат од опашката, па и за пиратеријата ќе биде така.

Значи мојот став за пиратерија е:

- НИКАКО пиратерија за македонски производи
- ЗАМИЖУВАЊЕ (на едно или на двете очи) за пиратерија за странски софтвер

Мислам да не влегувам во политика, ама нас како држава ни го качат во г'з со името, не можиме нормална држава да станиме, а сега ќе се секираме дали на Бил Гејтс му паднале или му станале акциите, па дај да ги силуваме бизнисите во Македонија до дрт.

За почеток, добро би било вака.
 
Има линуксот огромен број бесплатни програми меѓутоа реално гледано во Македонија ретки се луѓето кој што се малце поупатени во користењето на компјутери.Па за едно просто реинсталирање кое се прави во 3 клика се носат компјутерите на сервис.Е сега како тие би се прилагодиле на промената од виндоус на линукс.Ајде дизајнот им е сличен ќе се снајдат.Проблем е компатибилноста.Барање на нови програми,не функционирање на веќе користените и научените напамет и слично.Поголем дел од корисниците на компјутерите во Македонија се млади луѓе и голем број играат видео игри.Како прво и тие треба да ги купуваат оригинал,и да ги купат ќе имаат проблеми со компатибилноста на линукс бидејќи ретко игра за линукс да се произведе и затоа ќе треба да симнуваат програми за линуксот да може да биде компатибилен за тие игри.Така да доколку овој закон почне масовно да се спроведува бројот на корисници на компјутер ќе се намали за 30 па и 60 проценти.
 
Јас се што работам е врзано со Open Source, но Линукс за десктоп не го бива сега засега, посебно не за домашни корисници.

Линуксот е добар за одредени бизнис и толку.


Можеби сега кога Ubuntu реши да расчисти со X-free можеби ќе имаме салам систем, ама тоа најрано за две - три години.
 
Ова мислам дека се однесува само за правни лица.И во моментов мораме да користиме барем на еден компјутер лиценциран софтвер.Освен ако не мислат за секој посебно со ова законче.
Како ни е навртено премиерчево ќе не јаде за глупости!
 
до сега не сум слушнал некој у фирма да користи пиратски верзии на софтвери (со исклучок на маалски продавници кој имаат пентиум 2ка само ради куцање на фискални и сличните ко нив ) обично си имаат лиценциран виндоус али ај тоа на страна.. дома некој да ни доаѓа и да гледа дали имаме пиратски или лиценцирани програми е малце потешко... тоа никад нема да се деси.. и не грујо не инспекции не бил гејтс.. кој сака шо сака нека напраи - додека постојат торенти секогаш ке има пиратерија тоа треба да им е јасно на сите !!!

а глеам бил гејтс му паднала заработувачката.. гревота тој нема пари... море да му ебам матер милијарди долари има со пријатерија замислете да ја искоренат пиратеријата.. незнам точно да го искажам зборот за парите шо ке ги има... билијарди? трилијарди??? или многу повеќе од тоа?
 
Ова мислам дека се однесува само за правни лица.И во моментов мораме да користиме барем на еден компјутер лиценциран софтвер.Освен ако не мислат за секој посебно со ова законче.
Како ни е навртено премиерчево ќе не јаде за глупости!

поради тој закон, јас морав да “купам“ виндовс
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom