Oh come on, give me a break. Озбилно? Вака изгледаат денес игралиштата? Па ова е топ бе. Ја кога бев на тие години (за подобар увид да имате: имам 19 години, значи пред 10 години мање-више да речеме), ја не памтам да имаше волку здрави игралишта. Асална лулашка немаше, тука гледам како фали само едно од дрвените седалца на секоја. Како мал кога наоѓав таква, тоа беше еднакво на win. Клацкалки да не збориме. Лизгалките беа комплетно извадени. А клупите? Што им фали на клупиве? Ја ств не памтам кај што сум седел да имало клупа со здрав дел за потпирање. Уствари еве, кога го имаше тој дел, го немаше другиот.
Да не го препишуваме ова на интернетот и лошото влијание од него. Тоа време другарите мои немаа интернет, ја немав ни компјутер тоа време. А бетер беше. Ова не е дело на тоа инфамозно заседнување пред телевизорот и компјутерот. Ова што вие го гледате а ја не го гледам (барем не на видеово, туку на други места) може да се препише на недоволно добро воспитување, кое пак се препишува на други фактори, многу поголеми. И сеа коа го гледам клипов, па се подобрила младината. У моето маалце да беа волку здрави игралиштата ќе беше џекпот едниот ден, а ќе беа разрушени другиот.
Секако останува можноста дека можеби хулиганите веќе не се замараат со рушење на игралишта пошто всушност поинтересно им е да седат на нет. Ако е така, тогаш тоа не го прави висењето на социјални мрежи добра работа? Ете, го намалува хулиганизмот, го намалува тој бунтовнички дух низ кој поминуваат 90% од децата. Кој случај е прифатлив? Која добрина е полоша, а која злоба е подобра? Не било така едноставно, м?