За детската игра!

Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Незнам како дојдов до видеово, ама еве ја ситуацијата најверојатно снимена ова лето во Велес..
Дали сте се запрашале зошто младите тргнуваат по погрешниот пат.. Зошто наместо да придонесуваат за подобро општество тие постапуваат хулигански?
 
Моралните вредности се на најниско ниво. Кој ќе ги научи децата на морал и добро однесување, кога прво нивните родители го немаат, а после и цело опкружување во кое се наоѓаат, тв, интернет им сервира блуд и неморал. Кога ќе имаат добри примери околу нив и нема да се величат најголемите криминалци, можеме да воспитуваме младина која нема да биде деструктивна.
 
За ваквата состојба влијаат повеќе фактори.
 
Oh come on, give me a break. Озбилно? Вака изгледаат денес игралиштата? Па ова е топ бе. Ја кога бев на тие години (за подобар увид да имате: имам 19 години, значи пред 10 години мање-више да речеме), ја не памтам да имаше волку здрави игралишта. Асална лулашка немаше, тука гледам како фали само едно од дрвените седалца на секоја. Како мал кога наоѓав таква, тоа беше еднакво на win. Клацкалки да не збориме. Лизгалките беа комплетно извадени. А клупите? Што им фали на клупиве? Ја ств не памтам кај што сум седел да имало клупа со здрав дел за потпирање. Уствари еве, кога го имаше тој дел, го немаше другиот.

Да не го препишуваме ова на интернетот и лошото влијание од него. Тоа време другарите мои немаа интернет, ја немав ни компјутер тоа време. А бетер беше. Ова не е дело на тоа инфамозно заседнување пред телевизорот и компјутерот. Ова што вие го гледате а ја не го гледам (барем не на видеово, туку на други места) може да се препише на недоволно добро воспитување, кое пак се препишува на други фактори, многу поголеми. И сеа коа го гледам клипов, па се подобрила младината. У моето маалце да беа волку здрави игралиштата ќе беше џекпот едниот ден, а ќе беа разрушени другиот.

Секако останува можноста дека можеби хулиганите веќе не се замараат со рушење на игралишта пошто всушност поинтересно им е да седат на нет. Ако е така, тогаш тоа не го прави висењето на социјални мрежи добра работа? Ете, го намалува хулиганизмот, го намалува тој бунтовнички дух низ кој поминуваат 90% од децата. Кој случај е прифатлив? Која добрина е полоша, а која злоба е подобра? Не било така едноставно, м?
 
Па ние често се собиравме и на лулашки и на теренче и не се случило нешто да искршиме или да видиме како некој крши, ниту пиеме таму. И игралиштата не се во толку лоша состојба, децата има каде да си играт, има доста не демолирани игралишта со здрави лулашки, топогани, вртила и што ли не. Знам имаше наркомани што се собираа па кршеа клупи или сечеа мрежичка ама тоа толку беше, тие се виде го прават главниот проблем и се решија од нив совесните граѓани кои стравуваа и се грижеа за своите деца. Иначе ние максимум што сме напраиле „лошо„ е фрлање на семки, треба да се искорени тоа, ама што да се прави пуста навика...
 
Лошото друштво и лошото воспитување си го прават своето ;)
 
наведи некои

Грижата и свеста на родителите, а преку тоа доаѓа и воспитување од дома на децата, грижа на општината за тоа што е во нејзина надлежност (во овој случај игралиштето), општата свест на народот да не ги виде овие проблеми и соодветно да реагира кон нив, а и да реагира, голема е веројатноста општината да не ги стави под разно (за ова можеби ќе се нафати да направи нешто, за нешто повеќе, тешко), а народот не би стиснал заби.
 
Незнам како дојдов до видеово, ама еве ја ситуацијата најверојатно снимена ова лето во Велес..
Дали сте се запрашале зошто младите тргнуваат по погрешниот пат.. Зошто наместо да придонесуваат за подобро општество тие постапуваат хулигански?
Да, ова е во Велес... точно дека е и тоа направено од нашите деца - младите
но... не бре, не може тоа да е од велешките деца сторено,
тоа некои скопски деца постапиле хулигански,додека биле таму на гости во Велес.
(па нели така и скопјаните го валкале и уништувале езерото, сами си кажавте )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom