За Бранко од Латас

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
69
Возраст
39
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.fenster.mk
:kesa::kesa::vozbud::vozbud:Ова е ненормално,као на времето Трендо шо си играше играчки со политичариве,Латас веќе подолго време си ги пердаши комуњариве.Не би сакал да навлегувам во неговите политички убедувања (значи ова е чисто сеир) и не би сакал да има некојси ментални анализи на Латас,само читнете го ова:
ОДМОР

Црвенковски го ослободи Заев од Суд, за криминал од осум милиони евра. Толку. Како ништо да не било. Утредента си отиде на одмор во Турција. Земјата на Коч, газдата на Рамстор. Ние се уште чекаме одговор за цената на неговиот златен саат. За другиот, за златниот Ролекс, потоа.

Стегна вруќинава и удри у глава. Ако пиеш вода, ќе ја протераш некако.
Ако се фрлиш на течна припрема, нешто пожестоко, виски на пример, вруќината прави гадни пиздарии.
Затоа, во вакво ризично време на тешки вруќини, се оди на одмор. Заради свое, и заради добро на другите.
Еве, да го земеме Бранко за пример.
Да отидеше Претцедникот на одмор ќе се спасеше себе од тешки бламажи. А нас од подривање на целиот систем во државава. Затоа, предлагам Собранието да донесе Закон со кој, во перидот на вруќини, се забранува претседателот Црвенковски да донесува одлуки. Да му се плати одмор по негов избор. Не е тоа трошок. Многу поголем трошок е сето она што го направи последниве недели.


Ќе мора да плаќаме, и ќе чистиме по него со години.
Сега, можда е и касно, затоа што Бранко тешко дека ќе има мандат и идното лето. Ама, и задоцнета вистина е, сепак, вистина. Најпосле, можат ова да го применат во СДСМ, каде се очекува Бранко да се врати на престолот.
Сега, откако го помилува, Заев е исфрлен од политика засекогаш. На било која негова појава и изјава, не дај боже некој ТВ дуел, секој ќе му збрчи у фаца дека не му е тука местото, затоа што е доживотно сомнително лице кое од Суд го спасил неговиот шеф Бранко.
Најпосле, Заев е осомничен за кражба на државни пари. Ај, да видам кој ќе сака да има на власт човек кој еднаш веќе имал постапка за проневера која никогаш не завршила.
Заев е невин?! Добро, ако е невин, зошто не излезе на Суд и тоа да се заврши во нормална судска постапка. Како за сите други граѓани во држвава.
Зошто на сите нас може да ни се суди, а само на Заев да не може. По што е тој исклучок од сите нас. Па, по две работи. Прво, противкандидат му е на Бранко за шеф на СДСМ, што Бане не прашта, и со аболицијата му ја запечати политичката судбина. Второ, што е потпретседател на СДСМ, па Црвенковски, преку него, им прати абер на сопартијците дека за него партијата е најважна.
Ваквите дворски игри Бране го возбудуваат.
Го гледам деновиве на прес, кога најави дека не потпишува Закони, а Заев ќе го ослободи од судска постапка. Му се лепи уста. Букви како ш, ж, ч... не може да изговори никако. Тоа е резултат на голема возбуда, и добра течна припрема.
Пошто ова ВМРО не е она од времето на Љупчо, кое Бранко си го водеше на јаже и си го одгледуваше како приватна опозиција на која на едни малку ќе им се заканиш, а на други и малку и ќе им платиш... па играат како што тебе ти треба... пошто овие не се тие, утредента му ги изгласаа пак законите што тој не ги потпишува, и му ставија точка на интригата. Јас сум шокиран! изјави Бране поводом тоа.
Е шокоран си брат. Тоа барем ти верувам.

Сега Заев е слободен човек. Соминителен, ама слободен. Се додека не направи друга глупост по која би можеле пак да го видиме пред истражен.
Бране даде ново светло на функцијата Претседател на држава. До сега се мислеше дека е тоа моќна функција, без предизвици за корупција. Сега веќе не е така.
Пошто се воведе пракса да се аболицира и лице сомничено за кражба, во време на мандат ти треба само еден таков милонски случај да се испазариш за ослободување, и живееш нафатиран на раат со претседателска пензија.
Да требало вака, како што прави Бранко, италијанските претседатели ќе беа милијардери. Таму за корупции се гонат три бивши премиери. И замисли, претседателот на Италија им дава аболиција. И толку.
Затоа во ниедна демократска држава не се применува аболиција за лица гонети за проневери. Кај нас Бранко отвори нови демократски перспективи.
Бране ја сјеба работата и утредента си отиде на одмор.
Во Бодрум, Турција. Земјата од каде е Коч, газдата на Рамстор. Оној што во четири очи од Бранко, кога беше премиер, купи плац во центар на Скопје за само дваест и пет евра квадрат.

Сега Бранко одмара.
Тој е на одмор, а државата е на умор.

*течна припрема :vozbud::vozbud:
*Е шокоран си брат. Тоа барем ти верувам. :pos2::kesa:
 
Колку и да е продадено квази новинарче овој Латас знае БОЛНО ДОБРО да поентира:

Црвенковски го ослободи Заев од Суд, за криминал од осум милиони евра. Толку. Како ништо да не било. Утредента си отиде на одмор во Турција. Земјата на Коч, газдата на Рамстор. Ние се уште чекаме одговор за цената на неговиот златен саат. За другиот, за златниот Ролекс, потоа.
Она што на сите веќе ни е јасно:

Сега, откако го помилува, Заев е исфрлен од политика засекогаш. На било која негова појава и изјава, не дај боже некој ТВ дуел, секој ќе му збрчи у фаца дека не му е тука местото, затоа што е доживотно сомнително лице кое од Суд го спасил неговиот шеф Бранко.
И најважниот МОТИВ на Бранко:

Зошто на сите нас може да ни се суди, а само на Заев да не може. По што е тој исклучок од сите нас. Па, по две работи.
Прво
, противкандидат му е на Бранко за шеф на СДСМ, што Бане не прашта, и со аболицијата му ја запечати политичката судбина.

Второ, што е потпретседател на СДСМ, па Црвенковски, преку него, им прати абер на сопартијците дека за него партијата е најважна.



Е..да, Заев учел од најдобриот мајстор за проневери, Рамстор беше ремек дело:
Затоа во ниедна демократска држава не се применува аболиција за лица гонети за проневери. Кај нас Бранко отвори нови демократски перспективи.
Бране ја сјеба работата и утредента си отиде на одмор.

Во Бодрум, Турција. Земјата од каде е Коч, газдата на Рамстор. Оној што во четири очи од Бранко, кога беше премиер, купи плац во центар на Скопје за само дваест и пет евра квадрат.
 
Тешко на оние Македонци кој го имаат Латас како идол за градење Македонски патриотски чувства,особено затоа што истиот тој до вчера му го дигаше на Бранко....рејтингот,де.:helou:
 
Латас кажал како стојат работите ДЕНЕС, а сега дали вчера правел друго - е споредно.

Очигледно е дека типот што отиде на одмор во Турција без око да му трепне сака да се “врати’’ во политиката како шериф на СДСМ и така да продолжи да мафта. И со право пресметал дека може, има едночудо партиски пслушници и многу зависни за ситни пари. Заев, кој да повторам е способен дечко, сега е оцрнет засекогаш.

За голема жал, на државава и е потребна вистинска опозициска партија, наместо бизнис-политички брлог на Бранко.
 
Тешко на оние Македонци кој го имаат Латас како идол за градење Македонски патриотски чувства,особено затоа што истиот тој до вчера му го дигаше на Бранко....рејтингот,де.:helou:

Стварно не ми е јасно зашто едноставно незнаете да се насмеете.Многу фино замолив да не се извртува темата на хард-кор политичка дебата,зашто такви има милион на форумов.За такви муабети,таму,тука сеир.А да забораив,ПЛИЗ!!!
 
Колку и да е продадено квази новинарче овој Латас знае БОЛНО ДОБРО да поентира:

Тешко тебе ако се крстиш на такви вртелешки како него...Само вие лупајте напразно...самиот окупатор е поразен и тоа маестрално...изгледа тоа ви е најболно ама кога тогаш си легнувате на брашното како што си легнавте по коалицијата со терористи :tapp:
 
Тешко на оние Македонци кој го имаат Латас како идол за градење Македонски патриотски чувства,особено затоа што истиот тој до вчера му го дигаше на Бранко....рејтингот,де.:helou:

Сега на Дуи...излитено е тоа со Бранко...не му е од интерес...сеа албанскиот јазик има приоритет со законот за јазиците :pos2:
 
Политика дечки то је то :helou:
 
Шо и да е, кај го има ова. Претседател со толку лош рејтинг и репутација, и новинари да му се качуват на глава, а тој ништо. Тоа само кај нас го има:uvo:
 
Стварно не ми е јасно зашто едноставно незнаете да се насмеете.Многу фино замолив да не се извртува темата на хард-кор политичка дебата,зашто такви има милион на форумов.За такви муабети,таму,тука сеир.А да забораив,ПЛИЗ!!!

А што да правиме.
Сеа сите треба да се газиме ос смеење и да свршуваме на зборовите на латас.
Како го замислуваш ти тоа смеење ?

И немој молим те Трендо да го споредуваш со оваа беда од човек викан латас.
 
Шо и да е, кај го има ова. Претседател со толку лош рејтинг и репутација, и новинари да му се качуват на глава, а тој ништо. Тоа само кај нас го има:uvo:

A шо би требало да прави? Иначе новинарите им се качуваат на глава на претседателите во сите демократски развиени земји, земи ја за пример Франција.
 
Чудна работа ова ееееј,алал вера,сателитчево топ,али нема везе,секој со маката.
А да,забораив да прашам,нешто Латас не резонира као шо треба,лаже,претерува?
Ииии... бРАННЧЕ....ааа...незнам :pipi::uvo:
 
Чудна работа ова ееееј,алал вера,сателитчево топ,али нема везе,секој со маката.
А да,забораив да прашам,нешто Латас не резонира као шо треба,лаже,претерува?
Ииии... бРАННЧЕ....ааа...незнам :pipi::uvo:
На кого у ствари реплицираш ?
 
Тешко на оние Македонци кој го имаат Латас како идол за градење Македонски патриотски чувства,особено затоа што истиот тој до вчера му го дигаше на Бранко....рејтингот,де.:helou:

Na kogo Latas mu bil idol e nebitno.Bitno e neshto drugo deka bil chovek od GOLEMA DOVERBA na CRVENKOVSKI I SDSM.
Eve malku od evociranjeto na spomenite na Latas:

Дали Фрчковски е резидент на грчките полициски служби во Македонија. Дали, како што се сомнева и Глигоров, примил еден милион долари да поттурне промена на името на Македонија што тој, подоцна, навистина неуспешно и го правеше. Откако ќе добиеме одговор на ова прашања, ќе одиме понатаму. Прашањата до милионерот Бучковски (асоцијацијата е на емисијата, скраја да е, никако на неговата имотна состојба) се:
-Дали имал разузнавачка соработка со военото разузнавање на Сојузна Република Југославија во 1999, 2000 и 2001 година. Дали таа ја остварувал непосредно, преку Белград, а и посредно преку Амбасадата во Скопје, и тогашниот југословенски амбасадор Зоран Јанаќковиќ. Дали ургирал кај Основниот суд Скопје, по палењето на американската амбасада во 1999 година. Дали ургенцијата била да се заташкаат сомневањата и пријавите за девет лица, кои учествувале во палењето на Амбасадата, од кои седум се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот колационен партнер партијата на Иван Стојиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Дали потоа случајот е навистина - заташкан. Дали е негова лична одлука, или сугестија на југословенските служби, Бучковски кон крајот на мај 1999 година, на состанок со Црвенковски на кој присуствував и јас, да инсистира за свикување голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори. Дали, потоа, таков митинг е одржан?!

http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=29626
 
На кого у ствари реплицираш ?

На комплетната извртена атмосфера.Многу ми е криво што не успеав да си докажам дека било која политичка тема на форумов немора да води кон очи вадење.Али ете,неспорно е дека политичката култура на народов е на големо ниво,за жал,само тој тип на култура.
Али нема везе,тоа е тоа,ако не па нема да се смееме на шиткачот (сеирџијата) Латас или на херојот ( државниот предавник) Бранче,туку ќе си се смееме на самите себеси.
Да се извинам на сите кои ги навредив што овие двајца во ист кош,мислам двострано,ако некој е навреден,еве уште едно извини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom