Youtbe културата на балканот

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.105
Поени од реакции
7.686

Youtube се повеќе и повеќе станува се посериозна социјална мрежа за објавување видео клипови. Денес јутјуберството или како и да се нарекува тоа станува дел и од културата т.е начин на живот па ако порано повеќе јутјуб се користеше да се изгледаат музички спотови и разно разни смешни клипови денес може да се најдат многу корисни видео канали и тоа за гејмери, канали со видео скечеви, за готвење, за како да направиш нешто, канали на музичари и многу друго.

На балканот е повеќе развиен јутјуб социјалниот живот и има доста јутјубери кој и покрај што прават видеа од сета тоа хоби дури имаати некој бенефит, некаква си заработувачка, стануваат познати и се одржуваат доста саеми за јутјубери. Лани 2015 за прв пат во Србија се одржа саемот за јутјубери Balkan Tube Fest каде меѓусебно и со фановите се дружат.


,Кога веќе ја спомнав Србија а бидејќи сакам да зборуваме тука за балканската youtube култура најпознати на балканов јутјубери се


Yasserstain - Milan Inic кој прави видео скечеви заедно со неговите другари на разно разни теми. Исто така познат е и на каналот GigatronShop каде прави unboxing т.е промоција на нивните производи кој таа ИТ продавница ги продава.


Srpski Tutorijali - Aleksandar Lestaric Cile кој прави видео клипови за технологија, видео игри и друго. Тој го има и канало ST Gaming за видео игри како и каналот Debeli Ali Srecni за гитвење.


KovalskA - Milica (презимето не и го знам) прави гејминг видеа т.е видеа за игри. Како игра игри а понекогаш прави и други видеа со друга тема. Taa e позната и по тоа што му е девојка на Aleksandar Lestaric Cile кој го спомнав предходно. Има и уште еден нејзин јутјуб канал Zenski Kutak каде што прави видеа за жени со шминкање, за облекување и друго .


Nixa Zizu - Не го знам по точно име и презиме, Прави клипови за бодибилдинг но има понекогаш и клипови со друга тематика.


Mudja - Stefan Vuksanovic прави гејминг видеа (како игра игри). Познато е дека тој љубовта и желбата за да прави вакви клипови ја добил од PewDiePie a исто така познат е и по тоа што во неговите клипови се појавува и неговиот татко кој му дава несебична подршка за секој негов клип.


SerbianGamesBL - Bogdan Lalovic кој прави гејминг клипови.


Има и доста други но овие се неколку кој често јас ги пратам. Доколку ми текне на уште некој јутјубер од балканов ќе пишам. Македонски немам сретнато вака некој да прави видео клипови но доколку знаете некој пишете вие.
 

Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.095
Брат Gasttozz го немаш нема што да праиме муабет
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Кога го прочитав насловот помислив дека темата ќе биде за балканската уметност на коментирање од типот MAKEODNIA IS GREEK YUO IS FYROM RE GAMOTO. :icon_lol:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.105
Поени од реакции
7.686
Eве нешто наше македонско
BobiBeatbox - прави гејминг клипови и снима негови песни и beatbox. Можеби некој го знаете Боби од Македонскиот Идол кога заедно со неговото другарче Moмир се појавија на аудицијата. https://www.youtube.com/watch?v=DLeoyrW7Mq8
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Sekerman TV - Релативно нов канал ама има интересна содржина :))
GP - Прави гејминг клипови и снима влог видеа , краткометражни филмови ... Вреди да се погледне , веќе е на пат до 10 000 subscribers :))
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Од овие што си ги спомнал во воведиот пост, морам да кажам дека содржината што ја нуди Nixa Zizu е навистина добра. Доста вежби за затегање на телото научив од неговите видеа.

Што се однесува до Македонските Јутуб канали, би кажал дека најдобриот канал е на Солзи и смеа, кој беше и прогласен за најгледан кај нас во изминатата година. Луѓето се врв, а она што го нудат е секогаш на едно одлично ниво и знае да те насмее.

:)
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
На кого му е гајле што србите прават со јутјут ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom