You Tube ги брише независните изведувачи

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
„Гугл“ најави дека ќе ги блокира содржините на независните изведувачи ако не се согласат со новите правила на пребарувачот

„Гугл“ им направи многу проблеми на независните изведувачи кои своите снимени содржини ги објавуваат на „Јутјуб“. Видеосервисот Јутјуб е во сопственост на „Гугл“ од 2006 година. Гугл најави дека ќе ги блокира содржините на независните изведувачи ако не се согласат со новите правила на пребарувачот. Конкретно проблемот е во новиот сервис за преслушување музика со кој корисниците ќе мораат да плаќаат за слушање на музиката, односно за гледање видеа без оглас. Ако независните изведувачи не се согласат со овој нов сервис, цела нивна содржина на „Јутјуб“ ќе биде блокирана.

„Јутјуб“ тврди дека веќе се потпишани договори со продуцентските куќи кои покриваат 90 отсто од музичката индустрија. Независните изведувачи не се согласуваат со тоа. Нивната агенција за лиценцирање „Мерлин“ проценува дека тие вкупно покриваат 32,6 отсто од продажбата во музичката индустрија. Според нив, „Јутјуб“ со оваа постапка „оди во пропаст“, затоа што само мал дел од изведувачите ќе се согласат со нивните договори.

Извор

Го читам оној потпретседателот на Ју Туб Robert Kyncl дава изјава (парафразирам): „Ние сакаме да потпишеме договори со сите изведувачи, но свесни сме дека тоа не е возможно, а покрај тоа должни сме на своите корисници и на музичката индустрија да и овозможиме квалитетно музичко доживување".

Ти мене ќе ми диктираш шо е квалитетна музика, џубре недно!

Дали Ју туб се претвара во Ју Глуп!? Мислите дека Google се курчи или пак премногу му дозволија на ЈуБ туб да го диктира пазарот? Кој кур ми е Ју туб, ако ме ограничуваат багра богаташи? Не ја гледам поентата на неговото постоење тогаш. Од друга страна зарем нивните конкуренти не би го дочекале ваквиот нивни потег на волеј? Може и они сакаат дел од колачот?

Колку да ве алармирам дека ова не тангира сите (и кул и не кул) ќе ви кажам дека од мрежата ќе исчезнат сите видеа на Адел и Џек Вајт (меѓу другите).

#LevelDanger #ФренетичноСпуштањеНаОмиленитеВидеа #ИлиПлатиИлиЕбиСе
 
Ако ги снема на јутјуб ќе се појават на некој друг сервис, така да не гледам зошто ова би било аларматно. Едноставно јутјуб е нивна сопственост и можат да прават што сакаат. Никој не не` присилува да гледаме видеа таму.....
 
Глупости. Ништо нема да добијат освен тоа да пропадне Јутуб :)
 
Ако ги снема на јутјуб ќе се појават на некој друг сервис, така да не гледам зошто ова би било аларматно. Едноставно јутјуб е нивна сопственост и можат да прават што сакаат. Никој не не` присилува да гледаме видеа таму.....
Tочно така јутјуб ги прави правилата како ним и одговара, реално гледано на изведувачи ќе им се исплати повеќе доколку го потпишат тој договор и вооедно најдат како спонзор проблемот лежи во тие изедувачи кои се ситна риба што би ги нарекол јас оние кои малкумина знаат за нив. Големите изведувачи немаат проблем со јутјуб.[DOUBLEPOST=1403299519][/DOUBLEPOST]
Глупости. Ништо нема да добијат освен тоа да пропадне Јутуб :)
Ти што мислиш зошто би пропаднал јутјуб?
 
Кој може да мери колку има музика и со колкав процент потпишале од продукциите кои имаат музика на Youtube? Да не имаат контактирано со Антонио Димитриевски за песните на Ноне?
 
Затоа што кога правам сега јутјуб автоматски се прави и гугл имејл и гугл + и со коментарите направија лудница и многу други работи.
Гледај објективно на работите, океј не викам не може тоа им е еден минус но има многу други плус работи кои преку гугул + јутјуб заедно да направиш добра работа. Барем кој се бави со јутјуб ги разбира тие работи добро.
 
Гледај објективно на работите, океј не викам не може тоа им е еден минус но има многу други плус работи кои преку гугул + јутјуб заедно да направиш добра работа. Барем кој се бави со јутјуб ги разбира тие работи добро.
На повеќето јутјубери повеќе им се свиѓа стариот јутјуб :) Озбилно,се регистрираш само со имејл и тоа е тоа.
 
Rdio, Pandora, Spotify...Се додека има побарувачка за такви изведувачи ќе има и пазар за таквите и ќе се најде медиум да им го пренесе производот до слушателите.
 
Хмм гугл едно време беа интересни, како поминува време се повеќе на нерви ми идат.
 
Ако нека го упропастат до крај, и онака го претераа со рекламите, ќе си никне нов сервис ќе си гледаме на раат.
 
Гугл од кога го зема Јутјуб го упропастија.
Стариот јутјуб беше подобар.

Гугл го упропасти јутуб? Јутуб е на гугл скоро од почетокот, чисто сумљам дека ти го памтиш "стариот јутуб" пред да биде земен од гугл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom