MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Не бој се MIKI1! Не сум дел од римска легија, од легија на странци, ниту скраја да е, од некоја демонска. Жалам ако нешто напишано од мене, а поврзано со Иван Исцелител, те вознемири и не ти се допадна.
Ќе разбереш, сепак, дека светци, бајачи и разно-разни интересни типови, некои од нив насликани и со ореоли, со калашников и со други орудија за ширење на верата, во денешно време и не се баш најсреќниот пример за посочување на вредностите на православното христијанство. Станува збор за крајно приземна верска пропаганда.
Сабазиј,
воопшто не мислев на Иван т.н. исцелителот, туку на Твојот коментар за наводната незаинтересираност од Црквата кон дотичниот Иван. Црквата нема потреба да се занимава со него, оти црковниот став за таквите исцелители е познат одамна.
Бајачите немаат што да бараат меѓу Светиите, а штом Црквата одредила икона за некој лик, тоа значи дела ликот е достоен за прикажување на таков начин, а не за верска пропаганда. Изработувањето икони и фрески во Црквата не е појава „од вчера„ ниту е пропаганда, туку начин на изразување на верското учење.