Види, терминологијата збори поинаку. На своја територија тоа не е тероризам, туку угнетување, а во некои случаи и геноцид (барем они имаат искуство со тоа). Има голема разлика тука.
Постојат многу дефиниции за тероризам и во повеќето од нив, тероризам се нападите, употребата на насилство, смислено, со политички последици, политички мотивирано, главно врз цивилни цели, што резултира со материјални и човечки загуби.
Има некои дефиниции кои тероризмот го опишуваат како напад врз владини структури, некои како и врз воени инсталации. Таков е примерот со бомбашките напади во Бејрут со камиони бомби врз воени цели. Тој напад е окарактеризиран како терористички од Американската влада.
Напади врз војници во Германија, (главно за време на Виетнамската војна) исто така се окарактеризирани како терористички.
Треба навистина детална анализа што е терористички акт, а што не.
Според повеќето дефиниции, нападите во Бејрут со камиони бомби не се терористички акти, заради легитимни воени цели (иако улогата на САД во Либан не беше окупаторска), а нападите врз Американски војници во Германија се терористички акти.
Постои и т.н. државен тероризам. Тоа е тероризмот што го прави Турција врз Курдското цивилно население, доколку намерно ги убива, што мислам дека е случај со последното бомбардирање на Турската армија.
Чист пример за државен тероризам е чистењето на Курдите од страна на Садам Хусеин.
Но не секое убивање цивили од страна на армиите може да се нарече државен тероризам.
Да го спомнам тука уште тероризмот спонзориран од државата. Тука е примерот со една терористичка организација (не ми текнува како се викаше) кој дејствувала пред десетина години во Турција, (веќе тука сме со темата) но не убивала Турци, туку Курди!
Што е проблемот тука? Иако не биле создадни од Турците, сепак имале нивна поддршка.
ПС. Се поставува прашањето, дали ПКК е терористичка организација? Јасно е дека во последно време напаѓа исклучиво воени цели. Јасно е дека постои оружен конфликт.
Во овој случај класификацијата дека ПКК е терористичка е чисто заради политички причини.