Yaşasın hürriyet! - Два бомбашки напади во Турција!

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Разликата мегу терорист и борец за слобода е мала и винаги за едните е терористички акт, а за други е хероjство.
Относно дали този напад е работа на Сириja или на ПКК - се пак недеjте да заборавате,дека ПКК беше подпомагана преди 1989 година и от Сириja. Така да - днес интерес от вакви подбуди имат не малце држави,мегу кои и Сириja.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422

Јас мислам дека во денешно време терминологијата е сосема изменета. Не сум сигурен, но мислам дека акциите на гемиџиите и они самите ги нарекувале терористички, додека во денешниот свет класичните терористички акции од изведувачите се нарекувани поинаку.

Така да според мене, без разлика на мотивот и оправданоста на таквите акции, тие во секој случај се терористички.

Но не викам дека има и обратни ситуации, кога напади кои воопшто немаат терористички карактер, да се нарекуваат терористички. Кога пак нападнатите го користат овој термин за сатанизирање на некоја група која се бори за своите права. Сметам дека во случајот со Курдите, станува збор претежно за ваква ситуација, иако има и класични терористички напади.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

Тоа заради тоа што единствени терористи што си "признавале" дека се терористи биле анархо-терористите , а во денешно време ниедна терористичка група не се нарекува така иако методите може да се 100% терористички
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Тоа заради тоа што единствени терористи што си "признавале" дека се терористи биле анархо-терористите , а во денешно време ниедна терористичка група не се нарекува така иако методите може да се 100% терористички
Баш ме интересира како ги кажуваат терористичките напади овие групи во денешницата.
Еве на пример да ги земеме Курдските движења, за да не се оддалечуваме од темата. Имаат класични напади на безбедносни цели, кои неможат да се наречат терористички, но имаат и напади на цивилни цели, кои се всушност терористички напади. Ако ги споредиме со ВМРО од времето на гемиџиите, можеме да видиме дека гемиџиите се изолирана група, но сепак членови на ВМРО. Исто е и со Курдите. Мислам дека има некои структури во ПКК кои се залагаат за терористички акции, а некои за класична војна.
Според мене, нема многу идеолошки потковани движења, кои се терористички сами по себе, колку и да е радикално едно движење, мнозинството не прифаќа терористички акции.

Значи не можеме да збориме за терористичка организација како таква, туку за структура која посега по тероризмот, како оружје во својата борба.
 
Па неможат да водат класична војна против Турција .. мораат да се потпираат на герилски а во најлоша форма и терористички методи
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Баш ме интересира како ги кажуваат терористичките напади овие групи во денешницата.
Еве на пример да ги земеме Курдските движења, за да не се оддалечуваме од темата. Имаат класични напади на безбедносни цели, кои неможат да се наречат терористички, но имаат и напади на цивилни цели, кои се всушност терористички напади.
И турските воиници имат напади врз цивилни цели, кои ги прави тоже терористи.;)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па неможат да водат класична војна против Турција .. мораат да се потпираат на герилски а во најлоша форма и терористички методи
Ок, под класична војна во тие услови што ги имаат, мислев на герилска во секој случај. Меѓутоа не верувам дека мнозинството ги одобруваат класичните терористички напади кои ги имаат од време на време, тоа им дава субверзија на нивното движење и легитимитет на бруталните одмазди врз курдски цивили на Турската армија.
--- надополнето: 21 април 2012 во 21:00 ---
И турските воиници имат напади врз цивилни цели, кои ги прави тоже терористи.;)
Види, терминологијата збори поинаку. На своја територија тоа не е тероризам, туку угнетување, а во некои случаи и геноцид (барем они имаат искуство со тоа). Има голема разлика тука.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.450
Поени од реакции
5.138
Види, терминологијата збори поинаку. На своја територија тоа не е тероризам, туку угнетување, а во некои случаи и геноцид (барем они имаат искуство со тоа). Има голема разлика тука.
Постојат многу дефиниции за тероризам и во повеќето од нив, тероризам се нападите, употребата на насилство, смислено, со политички последици, политички мотивирано, главно врз цивилни цели, што резултира со материјални и човечки загуби.

Има некои дефиниции кои тероризмот го опишуваат како напад врз владини структури, некои како и врз воени инсталации. Таков е примерот со бомбашките напади во Бејрут со камиони бомби врз воени цели. Тој напад е окарактеризиран како терористички од Американската влада.
Напади врз војници во Германија, (главно за време на Виетнамската војна) исто така се окарактеризирани како терористички.
Треба навистина детална анализа што е терористички акт, а што не.

Според повеќето дефиниции, нападите во Бејрут со камиони бомби не се терористички акти, заради легитимни воени цели (иако улогата на САД во Либан не беше окупаторска), а нападите врз Американски војници во Германија се терористички акти.

Постои и т.н. државен тероризам. Тоа е тероризмот што го прави Турција врз Курдското цивилно население, доколку намерно ги убива, што мислам дека е случај со последното бомбардирање на Турската армија.
Чист пример за државен тероризам е чистењето на Курдите од страна на Садам Хусеин.

Но не секое убивање цивили од страна на армиите може да се нарече државен тероризам.

Да го спомнам тука уште тероризмот спонзориран од државата. Тука е примерот со една терористичка организација (не ми текнува како се викаше) кој дејствувала пред десетина години во Турција, (веќе тука сме со темата) но не убивала Турци, туку Курди!
Што е проблемот тука? Иако не биле создадни од Турците, сепак имале нивна поддршка.

ПС. Се поставува прашањето, дали ПКК е терористичка организација? Јасно е дека во последно време напаѓа исклучиво воени цели. Јасно е дека постои оружен конфликт.
Во овој случај класификацијата дека ПКК е терористичка е чисто заради политички причини.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Постојат многу дефиниции за тероризам и во повеќето од нив, тероризам се нападите, употребата на насилство, смислено, со политички последици, политички мотивирано, главно врз цивилни цели, што резултира со материјални и човечки загуби.

Има некои дефиниции кои тероризмот го опишуваат како напад врз владини структури, некои како и врз воени инсталации. Таков е примерот со бомбашките напади во Бејрут со камиони бомби врз воени цели. Тој напад е окарактеризиран како терористички од Американската влада.
Напади врз војници во Германија, (главно за време на Виетнамската војна) исто така се окарактеризирани како терористички.
Треба навистина детална анализа што е терористички акт, а што не.

Според повеќето дефиниции, нападите во Бејрут со камиони бомби не се терористички акти, заради легитимни воени цели (иако улогата на САД во Либан не беше окупаторска), а нападите врз Американски војници во Германија се терористички акти.

Постои и т.н. државен тероризам. Тоа е тероризмот што го прави Турција врз Курдското цивилно население, доколку намерно ги убива, што мислам дека е случај со последното бомбардирање на Турската армија.
Чист пример за државен тероризам е чистењето на Курдите од страна на Садам Хусеин.

Но не секое убивање цивили од страна на армиите може да се нарече државен тероризам.
Потполно си во право, не можеме да се фатиме за некоја терминологија за тоа кој акт може да се нарече тероризам, а кој не. Интерпретацијата е индивидуална. Во крајна линија во право е fmi со неговата констатација:
Разликата мегу терорист и борец за слобода е мала и винаги за едните е терористички акт, а за други е хероjство.
Относно дали този напад е работа на Сириja или на ПКК - се пак недеjте да заборавате,дека ПКК беше подпомагана преди 1989 година и от Сириja. Така да - днес интерес от вакви подбуди имат не малце држави,мегу кои и Сириja.
Чисто ме интересираше, како една структура во меѓусебната комуникација го интепретираат актот што го извршиле, на пример бомбашки напад на цивили. И дали во некое соопштение стои Ние таа и таа група го извршивме овој терористички акт, поради тие и тие причини. Кога сум слушал превземање на одговороност за некој акт, никогаш не сум обратил внимание на овој момент.
--- надополнето: 21 април 2012 во 21:56 ---
ПС. Се поставува прашањето, дали ПКК е терористичка организација? Јасно е дека во последно време напаѓа исклучиво воени цели. Јасно е дека постои оружен конфликт.
Во овој случај класификацијата дека ПКК е терористичка е чисто заради политички причини.
Неможе движење подржано од неколку милиони луѓе и со бази во 4 држави, да биде едноставно терористичка организација. ПКК пати само заради својата идеологија. Но треба да се има во предвид дека во времето, ПКК го нашле својот сојузник во СССР, па затоа и тоа движење се заснова на таа идеологија.

Пак ќе кажам, ако некоја структура, или некој нејзин дел, понекогаш се стреми кој терористички методи, тоа не значи дека самата структура е терористичка. Така да не можеме да кажеме дека ПКК, е терористичка организација.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
PKK - Partia Karkeren Kurdistan т.е. Курдска Работничка Партија, која е со марксистичка идеологија(значи левичари) според Турската држава и според западот(УСА/НАТО/ЕУ) претставува терористичка организација, е сега за Курдите оваа партија претставува борба за слобода и права, како и за создавање на независна и слободна држава Курдистан(~35 милиони Курди) во една држава, која моментално се простира на територијата на 4 држави(Турција, Ирак, Сирија, Иран) !
Инаку секоја терористичка организација си има некаква идеологија, ПКК(марксисти т.е. левичари), Хезболах на Хасан Насрала(Шиитски Исламизам-потпомогнато од Иран), Ирачката Шиитска милиција на Моктада Ал-Садр(исто така Шиитски Исламизам потпомогнат од Иран), додека пак Чеченските бунтовници(Кавказ), Ал-Каеда, Муслиманското братство(Египет), Либиските бунтовници, Јеменските бунтовници, Сириските бунтовници, Талебан(Авганистан и Пакистан), Палестинските Хамас, Фатах, Мачениците на Ал-Акса, Филипинската Џама-Исламија, Нигериската Боко-Харам и др. се со Сунитски Исламизам и се потпомогнати од доминантно Сунитски Муслимански држави/режими(пред се С.Арабија), Вахабизмот на пр. е Сунитски Исламизам(потпомогнат од С.Арабија) и.т.н.
ФАРК во Колумбија(Левичари), е сега Баскиската ЕТА и ИРА(Ирската Републиканска Армија) немам појма која идеологија ја носат, а исто така незнам и УЧК која идеологија ја носеше(левичарска или десничарска идеологија) ?? !
 
^------------------------------------------------------------------------------------------^

Ух, отвараш голема тема тука за маубетење и морам да признам дека е многу привлечна за мене, пошто самата поставеност и испреплетеност на работите на Блискиот Исток, носат од една тема во друга, повеќе него ли на Балканот. И нема муабет(не само вклучувајќи го курдското прашање, туку како екслузивитет курдското прашање), кое не го засега цел источен свет.

Јас сепак сега за сега би се задржал на тоа прашање од причина што народот што на муслиманскиот свет им го дал еден од најголемите и највеликодушни војсководци Саладин, и кој во моментов брои повеќе од 35 милиони луѓе од најмалку 3 вери, има право на своја независност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom