ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.
Како и по обичај морам и јас да покењам на секоја тема:

Тоа со ракиите и сличните глупости најубо да си го заборавите. За социјализирање, пијанење или за запознавање на форумџии организирајте си собиранки или по кафани терајте, ова би требало да е акција каде што куп анонимци се собираат да направат добро дело. Мими Симоновска на пример, ја оставате на цедило, сама да покрива еден пункт, а зошто? Заради сите другарчиња шо ќе ви се во центар, или дека ќе има повеќе народ, па да бидите видени. Ма дајте, ја направивте гала вечер наместо хуманитарна акција. Ако толку сакате да сте фаци, кажете поарно, нека ве напишат со име и презиме на флаерот, па да не мора лудило да се глуми кога се акцииве.

Кој се пронајде во постов, нека се свести, кој не, арно за него.

И дајте аман нека оди некој со Мими во Бисер, девојчето добро е ко леб, не чини сама да ја оставате а сто души во центар да сте.


За Охрид - Утре во 10 се поставува штандчето (со ознаки од ЦК, нема шанса да не промаши некој), официјално сме Болиглава, џимеј, BOBI_KOSA и јас. Акцијата почнува од 12:00 и трае до 13:00, исто и во понеделник.
Охриѓани, се гледаме утре и/или понеделник во дворот од гимназијата, од предниот влез.
 
Затоа што никој не ми одговори до сега за превозот утре,а гледам и нема кој...нека ми се јави или пише смс утре до кај 1,2 најкасно да ми каже што да правам...Нема да бидам на форум заради други обврски,па така да нема да можам да прочитам тука.
Да не праќам пп пораки со број на мобилен,затоа што не ни знам кој треба да ми го даде конечниот одговор,ако случајно ги начекате онлајн или на било кој начин можете да искомуницирате со луѓево,побарајте мој број од таму и известете ме.Серпико,Ејсид,Ива псај...Член 7...толку се мислам дека...
 
Кире Мали, Серпико, Мими Симоновска...ете не тројца. Ако сметате дека сме доволни, во ред. Ако сметате дека имаме (а реално, ќе има) потреба од уште некој, заборајте 2 саат на дружба уз кафица и муабет, и дај доследно да присобериме „пљачкиве“ :).

Нека испаднит целава акција успешна, па ќе си ја прославиме на плоштад, ако толку ви се ојт. Али хуманитарна акција - чим си се приклучил, ќе тераш таму, кај шо ќе си потребен. Така идит?

едит: Јас сум во Бисер утре во 17:00, и двата термини во сабота.
И реков ја на Бушавка дека ќе дојдам и ја тогаш само треба да се договорам убаво кај да дојдам шо да зеам со мене и то... :) за сабота од 1 до 3 сум таму ок :) а од 5 до 7 ќе видам :/
 
Јас денес завршив се`. Поделив многу флаери и уште толку останаа да се делат утре и најубава обележана кутија поставив кај мене која почна да се полни. Од ЦК не добив ништо и дури се замарам и ги чекам сто дена да ги најдам во канцеларија, си скоцкав се` сама. Сервирав до кутијата и бонбончиња, за да се почастат симболично тие кои ќе одбијат кафе за хуманиот гест. :icon_razz
Остануваат скоро четири дена за да соберам што треба, а тоа е доволно и мислам дека ќе ми треба камион да се однесам после до ЦК.
Позз4е.:helou:
 
Луѓеееее, еве јас го прашав татко ми, утре можам да дојдам во 7 само за превоз на стварите :) А и затоа што ќе и дадам флаери на Бушавка, нема потреба да доаѓам на Плоштад, така да идам директ пред Бисер :) Ама за натаму со масата незнам како да се однесете :icon_conf

Едит: Јас си останувам за сабота пред Бисер од 5 - 7 :)
 
Луѓеееее, еве јас го прашав татко ми, утре можам да дојдам во 7 само за превоз на стварите :) А и затоа што ќе и дадам флаери на Бушавка, нема потреба да доаѓам на Плоштад, така да идам директ пред Бисер :) Ама за натаму со масата незнам како да се однесете :icon_conf

Прво да најдеме, пошто то некако потешко ни иде. Се мислев едно време, да тркниме до некое школо тамошно, да им позајмиме една клупа - сигурен сум дека ќе ни дадат. Па вечерта, пред собирање, ќе ја вратиме, чувари постојат, ако не друг „персонал“. Боље него маса на расклопување...бар по мене, па ако не штимам со идејава, занемарете :)
 
Значи многу ми е криво што не живеам Скопје овие денови ... за еден час ќе ве имав организирано. Се пренервиравте и предоговаравте на темава...:toe::smir:
 
Да поновим:

Ада, Ѕоне...
ако е бити ил небити ситуација, една маса може да долета до бисер?
 
Значи за утре бисер е покриено, еве и биг кисс ќе се приклучи...
Јас ќе носам флаерите на плоштад утре..
Сабота: Јас, Мими, Лана, Кире, Томи Слејр...ако заборавив некој нека ми извини...како и да е...нека доаѓа кој може
 
Јас мислам дека може една од масите кои ги имавме вчера да отиде пред Бисер,затоа што и онака вчера на едната имаше ставено само еден пакет,сите останати пакети беа доле,а на другата се знае што имаше...така да,да не комплицираме и да намалиме со побарувањата,да се прилагодиме кон условите...ако Ада и Ѕоне дозволат,ок би било една да отиде пред Бисер.Плус добивате гратис два хартиени чаршави и тоа црвени :pipi:
 
хихи фала! Црвените чаршафи ја и шмекерот ги окарактеризиравме како шмекерско-бадникови чаршафи :pipi:
 
Јас мислам дека може една од масите кои ги имавме вчера да отиде пред Бисер,затоа што и онака вчера на едната имаше ставено само еден пакет,сите останати пакети беа доле,а на другата се знае што имаше...така да,да не комплицираме и да намалиме со побарувањата,да се прилагодиме кон условите...ако Ада и Ѕоне дозволат,ок би било една да отиде пред Бисер.Плус добивате гратис два хартиени чаршави и тоа црвени :pipi:
Двете маси нека останат за на плоштад јас реков дека ке донесам до центар уште една маса на расклапање (црвена) но кој ке стој пред бисер да се организираат и да дојдат до центар да ја подигнат... и една жална вест за утре нема да може да дојдеме по униформите од црвен крст бидејки имало некој состанок и се дискутирало за неносење униформи насекаде:nesum:

едит: ако вршат работа мајчки на кратки ракави:vozbud:
 
Шо се фолираат, тие "профитираат" индиректно од акцијата.

За на свадба ли ќе се чуваат?
Сори, онака искоментирав.
 
ете како си знаете мирно да се договорите.:smir:
ондак се глеаме утре у 4:45 пред дал фуфо.
мене сеа ми донесоа уште 3 гооолеми ќеси со облека,радосно е:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom