Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески (05.10.2008)

  • Креатор на темата Креатор на темата maca_kaka'
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како отпосле доправена песната кога песната е снимена и испеана Тоше додека беше жив?.. Не ве сфаќам.
И да била сега направена, кој ќе ја испее така „средена“?

Концертот беше феноменален, јас сум презадоволна од сите, немам никаква замерка, се` беше совршено.
Уште сум полна со емоции, и баш би сакала секоја година да има ваков концерт.
А ѕвезденото небо, Боже.. :(

Те сакам Тошенце.
Песната е направена пред трагедијата. Само сега се додадени некои стихови и направени се некои измени, имаше големи делови во кои Тоше воопшто не пее, изгледа тие делови се изменети. И стварно, вечерва беше се феноменално.
 
одличен концерт. само, незнаеш дали да се радуваш, дали да пуштиш по некоја солза(да, плачев:(), дали да си среќен или тажен... како и да е, одлично сработено, па се гледаме догодина пак.
п.с. ве молам ставајте ги фотките ваши овде од концертот, и по можност, некоја убава слика од ѕвезденото небо.
те сакаме тоше!
 
Супер концерт супер атмосфера, само не ми беше јасно јавувањето на телевизија балканика од бугарија и што имал тоше со нив таму. како да сето тоа ми беше наместено од страна на вмро и затоа кога вторпат се вклучија имаше свирежи колку што јас можев да забележам пред тв.
 
Тоше настапи на концертот од ТВ Балканика пред две години, кога ја промовираа телевизијата.
 
Песната е направена пред трагедијата. Само сега се додадени некои стихови и направени се некои измени, имаше големи делови во кои Тоше воопшто не пее, изгледа тие делови се изменети. И стварно, вечерва беше се феноменално.

Воглавно, песната е напишана како да Тоше чувствуваше нешто.
Не прави разлика дали биле додадени два стиха.
Слушни ги стиховите на Тоше.
 
Преполн стадион...
Почна да свири The hardest thing, ги затворив очите, ветерот ми дуваше во лицето и чувствував дека Тоше е меѓу нас.

Не жалам што нозете и кичмата ме болат од 4 часовно стоење, грлото ми е ренде од пеење и очите ме печат од плачење... жалам што она “Ве сакам сите!“ можам да го доживеам само како исечок од концертот на кој имав можност да одам, а не отидов :(
 
Тоше настапи на концертот од ТВ Балканика пред две години, кога ја промовираа телевизијата.

тоа не е ништо во псоредба какви концерти имаше во босна, србија, црна гора, и хрватска. Сега кој знае каде се не гостовал во некоја тв и треба на нив на ваков концеерт д аим се даде простор? апсолутно наместена работа од вмро тоа ми падна во очи а гледам и на присутните таму па навистина е оваа влада пробугарска и тоа многу ме изиритира најде начин на ваков концерт политика д амеша.
 
Воглавно, песната е напишана како да Тоше чувствуваше нешто.
Не прави разлика дали биле додадени два стиха.
Слушни ги стиховите на Тоше.
Песната е супер, стиховите се супер, ама и водителката кажа дека текстот е на Тоше и една женска, не ми текнува сега на името. И мене ме потресе песната, цел се наежив, ама тоа дека тој е не е тука со Кристијан поради Божја желба сигурно не го напишал Тоше.
 
Супер концерт супер атмосфера, само не ми беше јасно јавувањето на телевизија балканика од бугарија и што имал тоше со нив таму. како да сето тоа ми беше наместено од страна на вмро и затоа кога вторпат се вклучија имаше свирежи колку што јас можев да забележам пред тв.

Зашто секогаш мешате политика во секој настан????

И самиот водител(Дарко) кажа дека Тоше специјално доаѓал во Бугарија да му одаде почит на него, на голем концерт во Бугарија организиран од балканика ТВ на кој ги воодужевил бугарите.
Дарко и Тоше заеднички ја почнале музичката кариера на фестивал, од таму нивното познанство.

А и што има везе сето ова што го пишав...зашто да не се вклучат и Бугари да му одадат почит на Тоше ?

п.с Уште да пееше Гркината, и ке видевте што се вика прост народ. На почекот од темава раскажував али ете.
 
тоа не е ништо во псоредба какви концерти имаше во босна, србија, црна гора, и хрватска. Сега кој знае каде се не гостовал во некоја тв и треба на нив на ваков концеерт д аим се даде простор? апсолутно наместена работа од вмро тоа ми падна во очи а гледам и на присутните таму па навистина е оваа влада пробугарска и тоа многу ме изиритира најде начин на ваков концерт политика д амеша.
Аман бе, во се мешате политика.
Концертот не беше во Телевизијата, беше во голема сала, или стадион, не се сеќавам, на кој настапија голем број ѕвезди од Балканот на кој Тоше беше најавен како најголема ѕвезда. И мене повеќе ми се допадна тоа што имаа направено Бугарите отколку никаквото прво вклучување од Црна Гора.
А најмногу што не ми се допадна:
1. Тоа што на почетокот се појави Никола Груевски, па стварно местото не му е секаде, немаше потреба од ништо политичко.
2. Што на пораките (или јавувањата) за донирање на 100 денари се пресметуваше ДДВ, ем донираш, ем ти лупаат ДДВ, па дај у пи*ку матер, стави 118 денари и нека одат сите во добротворни цели.
3. Што публиката ги исвиркуваше Бугарите.
 
ајде ајде оставете политика дајте ми малку помош тука ...

He said:
my little one
don't you cry
there was no time
for me to say goodbye
????????????
it was my destiny

so many things
more i need to do
and if you ???????
????????/
?????/

Ако може помош околу песната сакам да го знам рефернот цел
 
Аман бе, во се мешате политика.
Концертот не беше во Телевизијата, во голема сала, или стадион, не се сеќавам, на кој настапија голем број ѕвезди од Балканот на кој Тоше беше најавен како најголема ѕвезда. И мене повеќе ми се допадна тоа што имаа направено Бугарите отколку никаквото прво вклучување од Црна Гора.
А најмногу што не ми се допадна:
1. Тоа што на почетокот се појави Никола Груевски, па стварно местото не му е секаде, немаше потреба од ништо политичко.
2. Што на пораките (или јавувањата) за донирање на 100 денари се пресметуваше ДДВ, ем донираш, ем ти лупаат ДДВ, па дај у пи*ку матер, стави 118 денари и нека одат сите во добротворни цели.
3. Што публиката ги исвиркуваше Бугарите.

за тоа посебна тема треба, али човекот собира секаде политички поени. не мешам јас политика али тоа ми упадна во очи. еве тие што биле на концерт нека кажат дали при второто вклучување на балканика имаше реакција од публиката со исвиркување.

п.с. и мене не ми се допадна црна гора, али мислам дека беше снимка.

п.с. а преносот од босна првиот не го дадоја снимениот материјал од девојкат ашто му напишпала песна и тоа е огромон пропуст на вмро - или намерен не знам више во ништо не верувам.
 
Од тие вклучувањата само ми се допадна кога пријатели на Тоше збореа за него, а ги покажуваа неговите реакции додека ги гледа. А тие Црногорците стварно удавија на првото јавување. :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom