Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески (05.10.2008)

  • Креатор на темата Креатор на темата maca_kaka'
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Одам да земам карти од Космофон дури не се раширило многу низ народов, па да ми соберат од пред очи:)
 
Концертот за Тоше - подарок за граѓаните од целиот свет!

Телевизискиот и радио пренос од меѓународниот хуманитарен концерт под име Те сакаме сите, посветен на Тоше Проески, кој ќе се одржи на 5-ти октомври 2008. година, со почеток од 19.30 часот, Македонската радио телевизија, како негов ТВ продуцент и медиумски покровител го нуди слободно (free to air!).

Тоа значи дека сигналот ќе биде достапен без каква било надокнада, за било кој корисник на територијата на Република Македонија и во светот, преку сателит.

Електронските медиуми заинтересирани за пренос на концертот, дополнително ќе бидат известени за техничките податоци на сателитот од каде ќе може да го преземат сигналот и бесплатно да го користат емитувањето на концерот за свои програмски потреби.

На овој начин, концертот Те сакаме сите претставува подарок за граѓаните од светот. Локацијата на одржување на хуманитарниот концерт е Градскиот стадион во Скопје. Концертот е во организација на Меѓународната фондација Тоше Проески, под покровителство на Влада на Република Македонија и Министерство за култура на Република Македонија.

od mmm
 
Кај нас у школо денес соопштија дека ке има најверојатно патување на концертов само да се соопшти цената... 80% одам
 
Ни во Прилеп нема карти.Вие што сте од Скопје, има таму карти?Имате купено?
 
Оф, се надевам дека ќе одам.
А многу сакам да одам.
Многу!
 
Во недела сум таму!
Има организирано од школото нешто така да не го пропуштам ова:).
 
прекрасна замисла...знам дека ке биде пре тажен концерт само на едно мора да се мисли што ако заврне...да се најде друга опција
 
прекрасна замисла...знам дека ке биде пре тажен концерт само на едно мора да се мисли што ако заврне...да се најде друга опција

јас воопшто не би се чудел ако заврне. на секој концерт кој тоше го одржуваше, имаше дожд, дали пред, дали за време, дали после концертот важно имаше. е сега, друга опција :nenene: нема, а нема ни потреба за тоа. на првиот негов концерт сите беа утоп а тој велеше дека тој му е најдраг концерт баш ради тоа. така да, ќе издржиме, можеби ќе настинеме, ама за тоше вреди.
 
Ако се доберам до карта, ни гром не ме запира да дојдам.Дожд, тоа е уживање, не пречка:)
 
јас воопшто не би се чудел ако заврне. на секој концерт кој тоше го одржуваше, имаше дожд, дали пред, дали за време, дали после концертот важно имаше. е сега, друга опција :nenene: нема, а нема ни потреба за тоа. на првиот негов концерт сите беа утоп а тој велеше дека тој му е најдраг концерт баш ради тоа. така да, ќе издржиме, можеби ќе настинеме, ама за тоше вреди.
тој концерт беше сред лето...јас не реков дека нема да издржам или слично ама ако има деца и по стари сепак....а не станува збор за тоше
 
тој концерт беше сред лето...јас не реков дека нема да издржам или слично ама ако има деца и по стари сепак....а не станува збор за тоше

ако има деца, би требало да се со родителите, нели? а за постари...баш толку постари на кој мислам дека алудираш, не верувам дека ќе има... и како мислиш не станува збор за тоше?
 
аман со тоа:tapp:
ке пее ана виси и што..
ви смета што некој сака да дојде да му одаде почит..па и да пее било на македонски, англиски па и на грчки не треба да има свирежи
сепак е концертов посветен на тоше

и ана секаде изјавуваше дека го сака многу тоше, особено откако ја испеа зајди зајди во емисија каде и двајцата беа гости и он ја сметаше за пријателка

место да докажеме колку го сакаме и почитуваме, да ја направиме таа вечер најубава за сите, да им покажеме на сите колку ни значел
ние како народ само си се понижуваме:uvo:

па и желба на тоше беше да има мир во светот, да не се делиме според националноста и верата, да шириме љубов насекаде и да бидеме сложни
ајде да му ја исполниме таа желба:smir:

Во право е маца, треба да ја почитуваме желбата на Тоше... И без глупости ко шо си знаеме ние
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom