Иако незнам колкав ефект ќе има,сепак ќе ја отворам темава која мене ми значи премногу онаму каде можам да ја држам под контрола:pusk:.Инаку,учењето е повеќе филозофско,помалку религиозно,сепак доби религиозни размери и како такво ќе го обработуваме(ако некој даде добра реплика,освен тројца за кои сум сигурен,си сечам главава

).
Слобода на сомнеж
Ако ги земеме зборовите скептицизам и религија,ќе наидеме на две екстремни спротивности.Религијата во својата природа промовира догма,а скептиците се,над се,најголемите непријатели на догмата.Постои ли начин за помирување на овие завојувани браќа,догматикот и скептикот?Можеби постои,но мораме да навлеземе длабоко во начинот на размислување на скептикот за да ја прoнајдеме суштината.Она што е интересно кај скептикот е дека тој како оружје го користи разумот за да го девалвира разумот.Со тоа ствара контрадикција на делување и го прави догматикот пологичен во своето функционирање.Од друга страна,догматикот целосно отфрла разум и контемплација целосно концентрирајки се на неговата субјективна вистина.
Значи овие две групи имаат непремостиви разлики во поглед на прифаќањето на одредена работа бидејќи едните веруваат во тоа и затоа го прифаќаат,а другите се сомневаат и затоа не го прифаќаат.Но,постои и трета група на луѓе кои се водат по учењето спомнато во насловот на темава,чија логика би била нешто од овој тип:
-"Mедот е благ.Ова го знаеме бидејќи го чувствуваме на нашиот јазик.Но дали тој е навистина благ се прашуваме се додека има допирна точка со теоријата,а теоријата нема врска со појавата,но e нешто на кое појавата асоцира.Значи,ако се држиме до појавата,ние живееме без да веруваме во одредени работи,но сепак во склоп со нив,бидејќи,нели,не можеме да бидеме целосно неактивни"
-Значи,луѓе кои прифаќаат,но не веруваат.Тоа изгледа како златна средина меѓу овие две спротивности и сомнежот го претвора во непотребен.
Индивидуализам
Гледајќи наназад,целиот напредок и страдање на човештвото се должи на неговото его и желбата за супериорната аура.Водејќи се од Dog eat Dog филозофијата,човекот газејќи преку други луѓе стигнувал до неговата замислена цел.Единствените кои се спротивставувале на овој начин на човеково еволутивно движење биле оние кои во битката биле поразени и се на дното на ланецот на исхрана,создавајќи концепти на стадо кои однапред се осудени на пропаст бидејќи човекот во самата своја суштина е посебен ентитет и има целосно право така и да функционира.
За жал,денес тоа доведе до вистинска (не)природна селекција во која и оние кои имаат капацитет за успех паѓаат на испитот поради тоа што нечие друго его веќе ја лапнало нивната амбиција и сега ја брани со остар меч и обесени глави како трофеи.Мора да се спојат егото и индивидуализмот со оној идеал на заедништво и хармонија на битисување во светот на начин на кој ниедно его нема да биде повредено,а ќе се создаде(за почеток)духовен баланс,кој подоцна ќе резултира и со онаа заспана емпатија.
Пасивност
Дали човек треба да биде инволвиран во движењата на околината ако тие дирекно не го засегаат него?Дали треба да влијае,да учествува,да менува,кога крајната слика не дава никаква промена во неговиот личен живот,освен евентуална сатисфакција или диссатисфакција обусловени од ефектот на неговото делување.Дали не е тоа безцелно пиење на деновите од животот на индивидуата кои може да ги потроши лично за себе или има смисла целата таа заинтересираност за тековите и движењата на поблиската и пошироката околина?