Храна за при патување

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Се што е конзервирано, нема гајле. (само не заборавај отварач за конзерви, ако истите неможат да се отворат без него). Во принцип се што е пакувано и не се чува во фрижидер во маркет, стои. Сендвичи, кифли, леб и онака после ден-два се сушат и не ги бива, затоа толку и спреми од дома. И овошје земи си во предвид (портокали, банани, јаболки, немаат гајле)

Ќе претпоставам дека патуваш низ европа на екскурзија со автобус. Не рачунај на храна од попатни бензински, изгор е скапо. Исто и сокови и вода. А обнова на залихите од маалски маркети или супермаркети од градовите каде ќе бидеш сместен.
 
Ако земеш конзерви, ќе треба да земеш и прибор за јадење. Конзервите неотворени, траат додека не им истече рокот.
Јас земам солени стапчиња, чоколатца, па и да направиш неколку сендвича, а ако тргнете ноќе сигурно ќе траат барем два дена. Само без мајонез.

НА бензинските е скапо, ама сигурно ќе застанувате до големите маркети, каде што може да си купиш насечен кашкавал, и меснат производ и некој прелив.
 
Сега разбрав дека по хотелите јадело на шведски маси, па можело и да се завитка нешто за во ранец.
 
Проблемот е што еден оброк низ европа е најмалку 10 евра.
Поевтино е,цените на храната не се многу поголеми од тука освен ако неседнеш да јадеш во некој елитен ресторан :)
Еве на пример мекдоналдс насекаде има исти цени...
На бензиските секаде можеш да најдеш ладни сендвичи за 1,5 до 2 евра.
 
Аман бе кога ќе ми каже некој за патување да носи паштети и туна ми доаѓа да се фрлам од некој мост. Како прво не идеш за да тискаш 24/7,мада и да сакаш нема да можеш. Плус ако ти дојде малце имаш по бензинските одлични ладни сендвичи што се по 1-2 евра и одат по 2 во пакување (барем такви купував нон стоп) и се солиден оброк. Сендвичи од дома можеш да си земеш најмногу околу 2-3 внатре со чајна и кашкавал или свински врат (добро замотани во фолија) и тоа е тоа. Повеќе ќе земеш грицки за да ја потиснеш гладта.
Само на јадење да се мислело :D
 
Лебот издржа 3 дена, пушениот врат 4, а чајната издржа повеќе од 2 недели.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom