Храна за кучиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Која ти би ја препорачал ?
Од сите набројани на прво место иде TOTW, Canidae, Eukanuba Natural Wild па останатите производи од палетата на Eukanuba, Royal Canin, Trainer, Pro Plan.
Ова е некоја хиерархија на набројаното, Britt според мене е нешто помеѓу средна и ниска класа на квалитет додека за Alleva првпат слушам.
Од искуство имам користено Trainer Top Breader MM (medium-maxi) се додека не ми го украдоа кучето :place:

Оваа ја плаќам 2.200 денари за 20 кг. вреќа, дневно му давам 600 гр. толку е препорачано.
И би сакал да знам освен кучешка храна, што друго можам да му давам ?
Тоа е мала цена релано гледано, затоа и не си задоволен од храната, изметот сигурно е голем и обилен значи тоа дека кучето не ја искористува и ја исфрла храната, менувај ја под итно.
За останатата храна што можеш да му ја даваш на кучето има Lu пишано во првиот пост од темата.
 
Да, да изметот неможам да го дочистам, мислам дека не ја искористува баш како што треба храната.
Ти која би ми ја препорачал ... инаку кучето го чувам само неколку месеци и затоа прашувам.
 
Да, да изметот неможам да го дочистам, мислам дека не ја искористува баш како што треба храната.
Ти која би ми ја препорачал ... инаку кучето го чувам само неколку месеци и затоа прашувам.
За квалитетна храна ќе треба да одвоиш малце повеќе, јас на пример ако се решам да дадам околу 3600 за вреќа Ројал Канин би додал уште илјадарка и би земал N&D Canine а плус и како причина ќе наведам дека доста голем дел корисници на Ројал имаат масно ткиво на своето милениче. Останува на тебе да одлучиш, едино прошетај низ градов види што можеш да најдеш, запомни/запиши тип на храна и цена па ќе поразговараме зашто да зашто не.
 
Сабајле бев во КАМ-маркет и забележав една храна за кучиња Apollo мала зелена вреќичка од 3 кг.
Не го изанализирав целосно составот, но главните состојки беа ОК во споредба со цената.
Составот е: 20% месо од живина, 25% протеини, 15% масти.
Цената е 279 денари за вреќичка од 3 кг ... тоа му доаѓа по 93 денари за 1 кг.

Е сега муабетов ми е, дека хранава е ОК во споредба со цената од 93 денари за 1 кг.
А на пример оние Педигри, Фрискис, Чапи, Дарлинг и останатото ѓубре имаат по 4% месо, а коштаат по 200 и кусур денари за 1 кило :tapp:
 
Наредниов месец треба да земам куче и на интернационалните сајтови специјализирани за кучиња ги препорачуваат следниве: Alleva, Brit, TOTW, Canidae, Hill's, Royal Canin, Eukanuba, Trainer, Purina ProPlan само јас не знам каде можат да се набават дел од следниве храни по најефтина цена.
Ако е некој запознат нека каже цена и продавница каде што можат да се купат.
Од овие што ги наброја TOTW (Taste Of The Wild ) и Canidae се најдобри. Јас ги имам хрането моите со тие две.

Инаку, сега му давам на моето куче живо месо. Два пати во денот јаде. Еднаш само месо, вториот пат месо со коска. Негде измеѓу му давам и орган како џигер или бубрег. Влакното му стана помеко и изметот му е толку многу помал, тоа не е нормално! Плус, кака многу поретко, помалку пие вода пошто во месото има вода. Многу сум среќна и задоволна со резултатите од оваа исхрана.
 
За ваков начин на исхрана имам доста прочитано.
МИТ е се' она за што се вели дека кучето станува агресивно, напаѓа и слично ако се храни со живо месо.
Напротив, многу повеќе ја искористува така храната и подобро делува на него. Штета што во Македонија ги нема горе набројаните храни, навистина се врв.
 
МИТ е се она за што се вели дека станува кучето агресивно, напаѓа и слично ако се храни со живо месо. Напротив, многу повеќе ја искористува така храната и подобро делува на него.

Точно така, потполно се согласувам.
Тоа се чисти измислици дека кучињата станувале агресивни од живо месо, баш напротив ... живото месо е одлично за кучињата.
 
Ме интересира ваше мислење за храната Premil
http://www.premil.net/Srpski/Hrana za pse.html

Како што читав, храната е доста солидна за цената, а мене ми се допаѓа тоа што хранава нема вештачки бои и вкусови.
Едино маана е што увозникот носи само Mix и Senior.
 
Да, да....организмот ги користи хранливите состојки до максимум со живото месо и затоа изметот е многу помал. Порано, на кучешка храна (макар и со онаа најквалитетна) морав да го чистам дворот барем секој втор ден. Сега, секои 3 недели чистам и пак само 1/3 од ќесата е пуна (обична ќеса као од Тинекс).

Ги избегнувам оние pre-packaged и тотално мелени јадења. Одам во обична продавница и купувам било што што е на попуст - пиле, телешко, ќурка, прасе...некогаш зајак. Му дава добра ментална и физичка стимулација да го кине месото. Плус, забите нема потреба да му ги чистам затоа што све ова е као all natural dental floss. Нити па има слоеви натрупани по забите.
 
Ме интересира ваше мислење за храната Premil
http://www.premil.net/Srpski/Hrana za pse.html

Како што читав, храната е доста солидна за цената, а мене ми се допаѓа тоа што хранава нема вештачки бои и вкусови.
Едино маана е што увозникот носи само Mix и Senior.

Од палетата на Premil, само Super Sport е добра.
Mix и Senior се премногу слаби во составот, немаат доволна количина на месо, протеини, масти ...
 
Ме интересира ваше мислење за храната Premil
http://www.premil.net/Srpski/Hrana za pse.html

Како што читав, храната е доста солидна за цената, а мене ми се допаѓа тоа што хранава нема вештачки бои и вкусови.
Едино маана е што увозникот носи само Mix и Senior.

Батали ја, не ја бива.
 
Ако може некој да ми препорача која храна да ја купам за возрасен Пекинезер.
Изгледа дека храната после не така долго време му се здосадува и не сака да ја јаде (последно јадеше Педигри). Не е многу активен ама има апетит за домашна храна :)
 
Колку имаш да одвоиш со тоа што викаш дека му здосадува?
Педигри е тиња од храна во превод отров, само искомерцијализирана е а не вреди за парите.
 
Оваа ја плаќам 2.200 ден за 20 кг вреќа, дневно му давам 600 гр толку е препорачано, и би сакал да знам освен кучешка храна, што друго можам да му давам ?
Јас мислам дека се' е објаснето во првиот пост (прочитај го цел) ;)
 
Ако може некој да ми препорача која храна да ја купам за возрасен Пекинезер.
Изгледа дека храната после не така долго време му се здосадува и не сака да ја јаде (последно јадеше Педигри). Не е многу активен ама има апетит за домашна храна :)

Педигри е една од најлошите кучешки храни што постојат, и воопшто не е квалитетна.
Ако има апетит за домашна храна, тогаш прочитај го мојот прв пост од темава имам убаво објаснето што може да се дава од домашна храна.

Од кучешки храни би ти ги препорачала:
- Earthborn Holistic - Primitive Natural
- Farmina - Natural & Delicious Canine
- Taste of the Wild

Овие храни што ги линкнав се поретки и затоа ти ги поставив во линкови за да добиеш претстава каков е нивниот состав.
Останатите храни што би ги препорачала се: Eukanuba, Royal Canin, Purina ProPlan, Bosch, Brit, Belcando ... и др.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom