Само ова можев да го најдам на интернет. Јас сега му давам Брит Премиум која содржи 27% протеини, а оваа наводно содржи 30% па затоа се збунив, си реков да не е добра храна, зошто не се разбирам баш. Фала во секој случај, најверојатно ќе си останам на Брит.
Од каде ја купуваш Брит Премиум и која е цената на вреќа ?
Па овие газдите на дуќаните за домашни миленци не знам од кај набавуваат храна..ама изгледа шитка некој фалш роба...

Барам во еден дуќан Фармина...се чуди дечкото
ШО ХРАНА Е ОВАА?
Е за ова како сум се изнервирала пред некоја недела, абе од такт се извадив
Мајка ми поминувала низ Аеродром и видела некој Пет Шоп и влегла да разгледа што и како има, и таму продавал стар човек (60+ години) и мајками прашала нешто за храни за кучиња, и стариов вика имам една многу добра храна Purina ProPlan, вреќа од 15 кг. за 2.700 денари, последна ми е останата.
И мајка ми ми се јави да ме праша дали сум сакала да земам Purina ProPlan вреќа од 15 кг. за 2.700 денари.
И јас прво ептем се зачудив, како е можно ПроПланот да е толку многу евтин, обично цената на вреќа е над 3.500 денари.
А како второ многу сомнително ми падна, тоа што вреќата е 15 кг. бидејќи ProPlan вреќите се по 14 кг.
Но, ајде ОК и кажав на мајка ми да му каже на човекот да ми ја чува вреќата и дека за 2 - 3 саати ќе поминам да ја земам.
И јас бидејќи живеам во Центар, специјално запалив кола и отидов до Аеродром ради храната, и кога влегов во Пет Шопот -
ШОК.
Стариов ми вика, еве ти ја храната, и ми покажува вреќа Purina Dog Chow

И јас му викам, абе ова не е ProPlan, ова е Dog Chow ... и замислете стариов почна да ме убедува дека Purina ProPlan била фирмата, а Dog Chow бил типот на храната.
Според неговата логика храната се викала Purina ProPlan Dog Chow

... и јас 10 минути го убедував дека Purina е брендот, а ProPlan тип на храна, и на крај идиотов ми вика (го цитирам) “Абе ајде ти ќе ми кажуваш што храна е ова, јас 17 години се занимавам со овој бизнис„ ... и јас му реков дека џабе му се тие 17 години бизнис, кога сеуште не ги знае храните, и дека неможе мене да ми подметнува Dog Chow како да е ProPlan.
Така може да им подметнува на други кои што не се разбираат во квалитетот и составот на дехидратите, али неможе мене будала да ме прави

налетал на погрешна личност

Тоа и всушност беше најголемата причина што се извадив од такт, тоа што сакаше да направи мајмун од мене!
Тоа ме вади од такт, кога нешто знам, и знам дека сум во право, и друг да ме прави будала, епа нама да дозволам.
Значи секакви кретени работат по ова Пет Шоповиве
