Задавен со пешкир и закопан во спалната на неговиот убиец. Ова е хорор приказната што 58 –годишен жител од скопската населба Драчево ја раскажал на полицијата и го пријавил убиецот.
Тој доцна синоќа пред полицијата раскажал дека 30 годишен жител од населбата Драчево пред година ипол со пешкир го задавил З.Г., роден 1969 година.Откако го усмртил, во сопствената спална соба ископал дупка длабока околу еден метар, го полеал телото со вар и го закопал. Како што информираат од МВР, убиецот го затворил подот и врз него ставил мебел, најверојатно за да го прикрие местото на злосторството.
Убиениот од 2009 година се води како исчезнат и се до вчера полицијата немала никакви информации за него.
Веднаш по пријавувањето на настанот, екипи на МВР на посочената адреса пронашле коски, а осомничениот за убиството и тој што го пријави се приведени на информативен разговор.
Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.
izvor