Хорор филмови

Собирам храброст вечерва да го гледам The Exorcist :cautious:
Лесен хорор е The Exorcist

Изглеј го The Omen ама од 1976.
А исто и The Omen.

На првиот незнам која му е целта/идејата/поентата, ама за вториот ќе кажам дека не е вреден само заради директниот старв и ужас во него.
Филмот е една многу интересна метафора, поточно алегорија.

Јас така еднаш си седев и се чудев зошто Омен толку го фалат, страшен не е. И оп сконтав нешто, нешто не толку директно поврзано со хоророт.

Претстави си ги ликовите со појави.
Момчето е злото, влезено е во системот и сите го сакаат. Таткото од друга страна се сомнева, дознава што е момчето, ама...
 
The Last House on the Left (2009)

Филмот е оценет како хорор но е всушност тежок и многу солиден трилер. Мачен е за гледање (посебно првиот дел од филмот), има многу сцени на насилство кои не се за секого.

Две млади девојки се фатени и силувани од една банда (фамилија) која сосема случајно бара засолниште во куќата на родителите на една од девојките кои по извесно време сфаќаат кој им е во куќата.

Динамичен е, добро режиран, нема ни секунда досада и вреди да се гледа.
Се ок само, многу добар трилер како што нагласи нема ни Х од хорор, ама едно нешто не ми е јасно во филмов.
Како татково на силуванава го врати од мртвите Круг (силувачов) на крајот кога му ја пикна главата во микробрановата?
 
Шо викате за ова а?

Знај некој (долгометражаен) во некој ваков стил?
 
Captivity (2007)

Маж и жена се држени затворени во една ќелија од непознат сторител кој ги гледа преку видео камера. Филмот требало да биде копија на Пила но е лоша копија. Сцени со замки практично нема, битните работи се во полумрак и едвај дали има две сцени кои така малку раздрмуваат. Мачење нема или нешто слично, повеќе се психолошки финти и врисоци од главната хероина за да се добие во атмосфера (ама често неуспешно).

Филмот е досаден првите 2/3 а при крај добива на динамика но според мене не вреди да се гледа иако е крајот нешто поинтересен.

Завршен збор, слабо.
 
Само што го изгледав The Ward. Опасен хорор-трилер, вреди да се погледне дефинитивно, на крај краева од Карпентер е :)
 
Не ти беше, некако, видено веќе?
Имав дежа-ву на моменти :)
Па реално кога веќе немаат ама баш никакви идеи во Холивуд за ниеден жанр, човек и со веќе видено мора да се задоволува.
 
Јас не сум задоволен од The Ward, би рекол доста под нивото на големиот Карпентер....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom