Хомосексуалност (општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата NightWish...
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.128
Со госпот напрет и конечно додека сме ние живи да не го гледаме ова прашање, да е решено!
С. Арабија на Балканот :)
Геј луѓе нема, госпот си ги зима веднаш кај него - завршено!
Семејството, клетка, народот, волја, државата, светост... :)
 
Зошто пишуваш со Т наместо со буквата Д...госпот напрет!???
Некоја финта или...
Финта - сарказам!
За човечките работи, слобода и живот - ниту богови ниту не знам што не помага - освен ние - луѓето на Земјата!
Целиот текст е сараказам...
Не може да се затвори ова прашање со закон каде што ќе има забрана и ограничување на геј луѓето. Тоа само ќе ја засили борбата за рамноправност иако многумина ќе им помине животот во негирање и немањето можност да бидат законски со оној што го сакаат! Бидејќи тоа не било природно за некој...

Може да се пролонгира заради политички поени, но секако ќе добијат законско право геј луѓето да стапуваат во брак и да може да посвојуваат деца (посебно ако во наредните 10-20 години имаме стрејт луѓе кои не знаат како се зачнуваат деца па за да не абортираат - ќе ги оставаат децата во домови!)
Олеснителна околност за државата!
 
... џабе ти е оправдување, да беше намерно така ќе дадеше до знање со извичници или само ,,Т,, со голема буква госпоТ напреТ... велиш цел текст ти е сарказам, може не навлегувам, ама ова што ти е утка, утка или така учителот пишувал, како да е тоа не е страшно на форум, туку ми е смешна топлата што воодушевено те следи, а сега скроз ја утна и ја разочара! :P
Кај мене нема утки кога се разботи за концептот богови и свети книги. Точно знам зошто пишувам како што пишувам.
И тука на темава иако не е во подфорум религија, вреска религијата низ секој пост на оние кои се против геј луѓето да добијат права како другите, и сето тоа замаскирано како „уставот го дефинира семејството“ а тоа доаѓа од старите религии.
Затоа и сум против сета таа дефиниција за „семејство“ кое го ограничува човекот.
Не сакам ограничувања,... ако некој сака „да не му продолжи крвта, родот“ негово право - гледајте си вие вашата кралска крв, не туѓата.
Ако некој заради името на љубовта се одрекува од многу нешта - вие најмалку можете да ја сфатите жртвата која ја прави и зошто ја прави!

Многу сте душегрижници за туѓите животи и патишта - а имате уште многу за поправање и пеглање на сосптвените. Или сте егоистички расположени и бидејќи „не можете да гледате како две жени се бакнуваат или мажи на улица“ мора со закон да се гарантира вашата благосостојба, душевна и психичка :)

Дајте слобода и фер живот на сите - не закони да се носат да се затвораат прашања да се ограничуваат луѓето бидејќи „семејството“ било дефинирано ... не знам како!
Од луѓе е дефинирано, од луѓе ќе биде редефинирано!
 
:coffee:

 
вреска религијата
...никој не е беЗгрешен, па ниту ти,
се сложувам да секој слободно може да си формира семејството , но таа дефиниција е таа и не може да биде друга, ако сакаш поинаку ,,најди нова дефиниција и име за твоето истородово семејство,, затоа што е друга појава ,,таа слобода на човекот со истородов партнер,, не може да биде иста,

...сета ова игранка е поради тоа да хомо бидат вклопени во стари човечки вредности, а знаеш зошто го сакаат така, за да биде ,,нормално,, нивното поинаку сФаќање на семејство со истороден партнер, тоа му иде ,, сакам да бидам поинаков од тебе ама ист со твоите права што самиот хомо ги прави да не се исти,,
... се знае што значи семејство, што машко што женско, ако сака да оди против природата и против основни човечки вредности ,, Нека Оди Чедо Божје,, но не да бара да биде ист како мене, оти не е ист, а тоа тој самиот го прави тоа како хомосескуалец,, ... имал при тоа Хептаграме, еден Господ, повеќе Богови или ниеден госпоТ,
 
Но секој не може сега слободно да си формира семејство, заради устави, дефиниции и се останато... затоа креваве „врева“ тука како да ќе смениме нешто :)

И да, дефиницијата за семејство може да биде друга и ќе се промени (само треба добро да се осмисли, за да нема „отворени прашања“ во иднина)... и тоа во устав запишано, Библијата на која се повикувате :)

Се е нормално кога се работи за љубов помеѓу двајца возрасни, свесни луѓе! Преку фалусот од „основните човекови вредности“ и „природата“. Кој се задоволува со „основните“ - не му пречиме да си ги има.
На толку повикување на „природата“ да биде сведок, ќе помисли човек сте ја откриле највнатрешната природа на човечкото битие на Земјата!
Го решивте - да не го гледам, раат да ми е светот.

Ист е ко тебе. Секој е ист ко тебе во однос на можноста да стапи во брак, да посвои дете итн итн, ок не сме исти во однос на овој проклет твој став како другите се помалку од тебе бидејќи се геј...
Каде бре така со тој ум?

Ништо не се знае за семејството, се е статус кво и сите се кријат :)
 
Но секој не може сега слободно да си формира семејство, заради устави, дефиниции и се останато... затоа креваве „врева“ тука како да ќе смениме нешто :)

И да, дефиницијата за семејство може да биде друга и ќе се промени (само треба добро да се осмисли, за да нема „отворени прашања“ во иднина)... и тоа во устав запишано, Библијата на која се повикувате :)


Се е нормално кога се работи за љубов помеѓу двајца возрасни, свесни луѓе! Преку фалусот од „основните човекови вредности“ и „природата“. Кој се задоволува со „основните“ - не му пречиме да си ги има.

Ист е ко тебе. Секој е ист ко тебе во однос на можноста да стапи во брак, да посвои дете итн итн, ок не сме исти во однос на овој проклет твој став како другите се помалку од тебе бидејќи се геј...
Каде бре така со тој ум?

Ништо не се знае за семејството, се е статус кво и сите се кријат :)
... ,,љубов на двајца возрасни свесни луѓе,, треба малку да ја прецизираш и да ја кажеш дека е сексуална љубов, оти има нели различна љубов, па ќе испадне дека не е нормално возрасни истородови да се сакаат и да се обожаваат, но не и да легнат во кревет да споделат сексуална љубов со пенетрирање таму на нештото каде не му е ни место што има разлика,

... јас на пример имам симпати и љубов кон истородова особа, ама не таква љубов да го гледам мојот јазик во нејзина уста и да посакувам мојот прст да и' го пикнам во вагината,

... еве јас не се повикувам на Библијата, туку на Природата таа е најстара, еве нека најдат начин друг израз, друга дефиниција ,,хомохомтугедерлајф,, со нова форма на заедница хомобедлов, а за потомците сами нека се грижат како се грижат хетеро во брак, без давање вкрстено деца за посвојување хомо едно хетеро друго....и сите ќе живееме среќно во Природата која ќе одлучи кои еволутивно ќе го скине, а кои ќе ги продолжи, ферски доволно?
П.С
....не може хомо да се шлепат со закони и дефиниции што не важат за истородов случај, тоа веќе нема да ја има содржината и смислата на дефиницијата ако таква девијација влегува во неа, затоа нека си донесат свои имиња за заедница и за заедничко живеење, не да ги рушат старите дефиниции и смислата што важат за хетеро, а тие се наметнуваат со нешто што не се за тие дефиниции и закони!
 
Последно уредено:
... ,,љубов на двајца возрасни свесни луѓе,, треба малку да ја прецизираш и да ја кажеш дека е сексуална љубов, оти има нели различна љубов, па ќе испадне дека не е нормално возрасни истородови да се сакаат и да се обожаваат, но не и да легнат во кревет да споделат сексуална љубов со пенетрирање таму на нештото каде не му е ни место што има разлика,
Нема што јас да прецизирам. Јас сум само тука да зборувам дека е нормално да постојат геј луѓе, нормално е да се има секс со ист пол и не е нормално луѓето да ограничуваат двајца возрасни свесни луѓе да имаат секс помеѓу себе бидејќи „ним им е гадно и неприродно тоа“.
Не е нормално државата да забранува геј бракови и да не може да посвојуваат деца со ставот дека штом се геј, не се нормални.
Бидејќи само хетеро се нормални бидејќи „по природа“ им е дадено да имаат деца и со тоа да се родители - иако може да ги силуваат, да ги тепаат, да се сешто само не „семејство“ по устав!

Нема да ве повикаат дома, нема да имаат секс на улица пред твоите деца или внуци, нема да мафтаат со дилдо...
Толку ме иритирате што и јас би мафтал со дилдо или оние секс кукли на плоштад само за да видам дали ќе дојде некој да ме натепа... или да проба да ме натепа :) Бидејќи читајќи тука, и до тоа би дошло, а и имаше ќотеци на плоштад кога беа оние, од десната конзервативна партија на власт, да ве потсетам, ако сте заборавиле..:

Каде со ограничувањето на другите? Каде?
По се изгледа ќе треба помудро да бираме кој ќе поставиме да одлучува на државно ниво за овие ствари...бидејќи мноштвото сеуште е убедено дека бројноста ги прави да се постојано на „вистинската страна“ - а тоа не е добар став.
 
Последно уредено:
Многу сте душегрижници за туѓите животи и патишта - а имате уште многу за поправање и пеглање на сосптвените.

Потпис. Многу од луѓето кои се конзервативни и сметаат дека имаат право да му кажат на некој што да прави со својот живот и уште подалеку со својот кревет, се во суштина полни со конфликти и лични фрустрации. Пример еден момак кој го познавам е самец веќе долго време, затоа дел од идеологијата му е да ги мрази жените, да ги угнети, да ги покажи како инфериорни. Типот е конзервативец со тапија. Нонстоп следи политики. Трамп, Пелоси, Масони, Евреи, не знам кој некои непознати ликови од америчкиот сенат, јас македонските не ги знаам не па америчките. А јас гледам дека сето тоа тргнува од неговата неспособност да си најде жена. Тој ги зема своите лични животни фрустрации, од нив создава политичка тема - Идеологија, и ние сега треба да дискутираме за тоа? Не, фала. Зафатен сум. И јас имам лични фрустрации. И мене ме газел и ќе ме гази животот. Ама наместо јас времето кое го имам на располагање да го посветам на размисли за тоа колку е инфериорна жената, или колку ми сметаат хомосексуалците јас ќе го потрошам на размисли повразни со тоа каде да одам на факултет, како да најдам работа, како да го олеснам тешкиот живот, од каде да почнам. Сигурно не од Трамп. Нема Трамп да дојди и да ми речи на, еве ти се што побара. За жал многу од mummy's basеment boys кои се појавија Јануари во американскиот капитол, беа токму ваков профил на фацки. Ем сум бел. Ем сум неуспешен - а живеам во САД, замисли. Јадам само органско. За таквите - абе бегај мавни се досадо една, get a life - толку кратко, а се чини цела животна филозофија се крие во оваа фраза.
 
... очигледно не разликувате човечки вредности, семејство како основа функционира како заедница на маж со жена и нивни потомоци, све друго споредување со псеудо истородови комбинации не можат да бидат исто, а и не треба да се групирани во исто како меѓу маж и жена, нека си измислат своја дефиниција своја институција на истородово живеење и сексање, а не да се меша со поим и дефиниција на хетеро и нивниот брак...зошто не ти е јасно тоа Хептаграме?

UzesSawB_400x400.jpg

... хомосексуалноста што се меша каде не и' е местото во хетеро дефиниција, брак, семејство, не значи ако не ни дојде до наша врата треба да ќутиме, мижиме, не гледаме... и баш не' заболе!
...обидот да за црно кажеме и упорно тврдиме дека е бело или за солено да тврдиме и да убедуваме дека е благо или за шкрипење да тврдиме дека е класична музика- не може!
ако се запнува „дека може“ тогаш тоа се само изобличени сетила кои погрешно перципираат поради некоја нивна погрешна информација, пренесување или патолошка сосотојба!
 
Нема хетеро нема „нивни“, „наш“, „ваш“ брак. Почни од тука. Затоа ќе се редефинираат дефинициите за семејство и брак, за да може да нема ограничувања за геј луѓето. За да луѓе ко тебе да не се чувстуваат супериорни во однос на другите, како вие сте на вистинската страна другото е болно, да се лечи, нема права за таквите...
Малку да се оладите...

Доста со тоа проклето ограничување и како ти си посебна и подобра од некој што е геј. Не си подобра воопшто. Луѓе с(м)е. Имаат/имаме секс. Толку. Не може да им се забрани да имаат секс со ист пол. Не може да им се забранува до недоглед да стапуваат во заедница и да посвојуваат деца.
Дали ти е јасно тоа, form hate to @bijons ? :)

Ние сме хетеро не може геј... аман бре? :) До толку страв од геј луѓето и како „човештвото ќе исчезне“ заради нив? Нема. Само ќе се откачиме од геј паради бидејќи нема да е ништо посебно храбро за да кажат дека се геј :)
Со еден удар решено многу што ги мачи конзервативците кои се хетеро.

П.С. Следен пат „тагни ме тагни, полако се примакни“ ... не вака да се бркаме на слепо ;)
 
Со госпот напрет и конечно додека сме ние живи да не го гледаме ова прашање, да е решено!
С. Арабија на Балканот :)
Геј луѓе нема, госпот си ги зима веднаш кај него - завршено!
Семејството, клетка, народот, волја, државата, светост... :)
Тоа е вистина, за сарказмот на одредени подфоруми (пр. Религија) нема толеранција, а на другите треба да има. Ок.

Дури и во општествата каде религија се перципира(ше) како "опиум за народот" бракот беше јасно дефиниран. А пречката меѓу креирање на семејство и остварувањето на таа реализација се вика комисија. Не одиш ти во дом и да си одбереш дете кое ќе ти го дадат преку ноќ. Така и многу хетеро парови остануваат без деца затоа што лошо котираат односно не ги исполнуваат сите услови, критериуми и стандарди.

Во моите коментари религија нема затоа што не верувам во Бог. Но и ако некој верува, не треба неговата верба да се гледа со потсмев. Напаѓа ја религијата, самите догми и светите книги. Имаш право на критички осврт на таа одредена тема. Но ако сакаш некој да ги почитува твоите верувања, ќе мора да научиш да ги почитуваш туѓите.

Можеме за твоите ограничувања за бракот, повторно, а можеме и за наметнувањето на наставните програми. Некако тоа не оди со слободната волја. Така не секој родител сака своето дете да ги учи сите глупости напишани во некој подрум на некоја невладина организација. Лично сакам секое дете да стекне знаења од општата култура, плус да се стимулира одреден талент (музичко, физичко, ликовно). Толку. Религијата и пропагандата не припаѓаат во училиштата.

Дефиницијата за брак е добра. Нека направат нова цивилна унија која ќе биде идентична на бракот, само со поинакви функции. Деца посвојување не може да има. Пропаганда над децата, во било која форма, не може да има.

Инаку сега е редефинираат и родот и полот! Се редефинираат и политиката, општеството, културата...и за сѐ одговорот ви е get a life! Зошто сакаш да исклучиш одредени граѓани во носењето на круцијални општествени одлучи (пред да ми одговориш не заборавај дека и ти имаш одредени огранучувања околу дефинирањето на бракот)? ;)

пи.ес. Поради исклучувањето на народот во Европа имаш подем на национализмот и тоа и во држави каде што се сметаше за мртов.
ОК, можеше да ја проследиме и другата страна на паричката. Од онаа хистерија кога нема да се согласиш со нив, до забраната за јавни трибини на конзервативците, до палењето на пола држава и до напаѓањето на сѐ што ќе ви се најде на патот. А гореа и неколку федерални судови! Она во Капитол беше прошетка во однос на тоа што се случуваше со федералните судови!

5 години беа тепани и малтретирани луѓето. 5 години никој со прст не мрдна. Така се воспоставува демократија? Така се постапува со неистомислениците? Тоа е либералната идеологија?

пи.ес. Нема разлика од твоето get a life до ова што го пишуваш за твојот другар. ;)
 
Не е добра. Не може да се дели човештвото, за едни друго, за вас ќе дефинираме трето. Не може ако сакаме вистинско разбирање на човештвото и ослободување. Толку е тешко да се прифати дека има геј луѓе кои не се воопшто ненормални или непријатели на едно општество?
Толку е тешко да се прифати да стапуваат во брак, да одгледаат дете, да го воспитуваат да биде човек, дел од тоа општество?
Зарем уште сме толку убедени дека бидејќи јас сум хетеро, по некоја чудна „природа во мене“ јас сум подобар од некој заради тоа што сака да води љубов со истиот пол?
НЕ оди тој муабет веќе...

Нема никакво ограничување во однос на хетеро за да не може да посвојуваат деца. Постојано бомбардирање дека геј луѓето се ненормални и неспособни не држи вода. Не дека ти велиш така, туку читајќи ја дискусијата.
Точно. И хетеро парови не добиваат шанса за да посвојат дете ако комисија одлучи дека не се способни. Тоа треба да важи и за геј паровите.
Тоа е тоа. Не да бидат едните повластени во однос на другите.

Јас сум толерантен кон се, но никако кон нетолерантноста. Ќе ме извиниш но не се повикувај на слободна волја, кога некој ја негира слободната волја на другиот. И барате закони и да се затвори прашањето на геј „Кога ќе дојдат нашите, конзервативните“ - сите апсаана, не може брак, не може деца, умрете - .чао!

Тука не можам да поминам и да замижам. Бракот дефинира сега дава власт на хетеро дека се подобри од другите. НЕ се. Едноставно хетеро или геј не дефинира дали е подобар некој од другиот како човек.

Целиот наставен процес во Македонија е ужас. Од 2008ма е во постојан пад и реално децата се неуки! Треба да се прекине се и да се редефинира се од почеток... со квалитетни, надполитички дискусии од страна на професионални индивидуи кои се компетентни за сето тоа! И да се изгради здрав систем, каде што децата ќе учат за се... да разбираат се, да имаат знаење од се.
Да не ги чуваме во стаклено ѕвоно па потоа, фрустрации и проблеми кога ќе бидат официјално сами во светот.
Може да се направи изборен предмет едно сексуално образование. Ако родителот е премногу конзервативен, не мора детето да слуша таков предмет, дома ќе му кажат што е што, најмал проблем.

Ако не дома, интернетот и светот ќе го подучу малку подоцна.

Дали дете од 13 години треба да има сексуално образование... дискутабилно, јас би рекол да (зависи што и како ќе се предава, како што велиш ти од подрум изнапишано колку да го има, не е ок), нормално - мнозинството ќе каже - ма не рано е, втора година средно е таман :)
Или нема што да знае дека има геј луѓе... ок ајде ќе криеме, нема геј луѓе, тоа е лудост измислена од ... некој.
 
ОК, можеше да ја проследиме и другата страна на паричката. Од онаа хистерија кога нема да се согласиш со нив, до забраната за јавни трибини на конзервативците, до палењето на пола држава и до напаѓањето на сѐ што ќе ви се најде на патот. А гореа и неколку федерални судови! Она во Капитол беше прошетка во однос на тоа што се случуваше со федералните судови!

5 години беа тепани и малтретирани луѓето. 5 години никој со прст не мрдна. Така се воспоставува демократија? Така се постапува со неистомислениците? Тоа е либералната идеологија?

пи.ес. Нема разлика од твоето get a life до ова што го пишуваш за твојот другар. ;)


Јас во мојот пост се осврнав на Конзервативците. Но тоа незначи дека и Либералите не го прават истото. Незнам што рипаш одма со палење на судови бла бла. Мене на страна ми моча за Америка и тоа што се случувало таму. Јас имам живот кој вака или онака треба САМ да си го средам. Ако некој стварно мисли дека Клинтоница иди на спас за неговите животни проблеми или Трамп на неговиот златен нокшир размислува како да му најди дом на тој пророкот со роговите во Јануари, не за друго туку за да не мора
уште да седи со мама, тогаш истиот е во тешка заблуда. Ако тебе мојот концепт те навредува, ако ти мислиш дека нееее - и јас морам 24/7 да се бавам со хомосексуалците, или нееее и ти мораш да сватиш дека жената е инфериорна и да го цитирам QAnon треба само да ја зграбиш за пизда, пошто само за тоа ја бива. Тогаш ти во суштина немаш проблем со мене. Најмалку јас со тебе.
Ти имаш проблем со себе. И тоа сериозен. Но - ти твоето време врви го токму така - пишувај не 24/7, туку 48/14 за хомосексуалците, или за жените, како милуваш така.

Ликот кој го спомнав, едно време го мислев ок е, така и заживеавме, но како вревеше време така се повеќе се втурнуваше со, за мене ниски муабети за жените - како целина. Си реков, добро овај мајка не го родила? По некое време, го избегнував и чао пријатно. Имам (тежок) живот за живеење.
 
Нема хетеро нема „нивни“, „наш“, „ваш“ брак. Почни од тука. Затоа ќе се редефинираат дефинициите за семејство и брак, за да може да нема ограничувања за геј луѓето. За да луѓе ко тебе да не се чувстуваат супериорни во однос на другите, како вие сте на вистинската страна другото е болно, да се лечи, нема права за таквите...
Малку да се оладите...

Доста со тоа проклето ограничување и како ти си посебна и подобра од некој што е геј. Не си подобра воопшто. Луѓе с(м)е. Имаат/имаме секс. Толку. Не може да им се забрани да имаат секс со ист пол. Не може да им се забранува до недоглед да стапуваат во заедница и да посвојуваат деца.
Дали ти е јасно тоа, form hate to @bijons ? :)

Ние сме хетеро не може геј... аман бре? :) До толку страв од геј луѓето и како „човештвото ќе исчезне“ заради нив? Нема. Само ќе се откачиме од геј паради бидејќи нема да е ништо посебно храбро за да кажат дека се геј :)
Со еден удар решено многу што ги мачи конзервативците кои се хетеро.
П.С. Следен пат „тагни ме тагни, полако се примакни“ ... не вака да се бркаме на слепо ;)
... не може редефинирање на нештото што така е од природата поради тоа што така сака човекот,
...јас не се чувствувам супериорна, затоа што СУМ супериорна така ме создаде мајка природа ме роди мајка со сите квалитети што ги има човекот без изопачени девијации, јас ги сожалувам сите хендикепирани луѓе и сакам да им помогнам, но тоа не значи дека јас треба да станам хендикепирана за да ја докажам лојалноста како човек или да ја докажам човечноста,
...хендикепот дали е вроден или стекнат тој човек е со хендикеп и колку да сака да биде интелегентен, да се труди, да се докажува, да има талент, на глава да дуби не може да биде на исто ниво со тој што нема хендикеп, тоа е тоа супериорноста сакал признал или не,
...хомосексуалноста е еден вид хендикеп на човекот во негово психолошко расудување, хомосексуалецот не разликува дали е правилно или неправилно неговиот избор на партнер ниту е свесен за негова улога и негово постоење на планетава да го продолжи човечкиот род, дека во неговата ДНК природата му го врежа генот да создаде потомок со неистороден партнер, а не тој да ги измени законите на хетеро атоа што тој е со истороден и не е можно да има потомок, а се бори за дете, ама за туѓо од хетеро!
П.С.
па колку што гледам коментираме еден по друг зашто би те тагнала, дополнително не се брзам, кога сакаш одговори, дури и не мораш да одговориш, секој со своја желба, форум е ова!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom