Хомологација на преправен (tuning) автомобил!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertone
  • Време на започнување Време на започнување

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Возраст
39
Дали сте запознаени со правилата за хомолирање на автомобил.

Инаку во консултации со членот (мислам дека повеќе не е како што разбрав од него) на Кајгана, гледам почитуваниот Volkswagen (според реномето од сонценца...или што и да се овие) и откако детално ми опиша план за конструкција на бесно „101“ сакам да дознаам што бараат од Машински Факултет за проверка при хомологација.

Што се планира... (copyright Volkswagen :) - искрено, прв пат се судрив со овие податоци кога ми ги прати, па само copy-paste-ирам :) )

Застава 101 Медитеран
Шасија:
- Зацрвстување на шасијата со пункт заварување по целиот автомобил. 1-2cm вар.
- Поможност ставање на квалитетно изработен roll-bar.
Суспензија:
-
Спортски гасни амортизери KONI или Bilnstein како и убави спирали од Eibach или друга слична марка.
- Спуштање на автомобилот најниско што може (намалување на центарот на масата).
- Ставање на потврди и посилни баланс-штангли (anti-roll bars) Eibach или Whiteline.
- Ставање на упорница (онаа шипка што ги поврзува амортизерите во делот кај моторот, а истото и назад на задните амортизери - кај багажникот).
Мотор и трансмисија:
- FIAT UNO TURBO 1.4 (115КС), 4-2-1 издувна грана со добар заден freeflow лонец.
- Менувач исто од Уно Турбо (може и комбинација од менувачи од Југо).
Бандаши и гуми:
-
14 инчни Rallye бандаши или било кој друг вид алуминиумски бандаши.
- Нископрофилни гуми, Tigar (лиценциран од Мишелин бидејки се по меки, што придонесува за подобар контакт со површината или Michelin ама потврди по џебот).
Интериер:
- Стандарден со обртомер од Zastava 101 Special или Fiat 128, покажувач за Турбото (барите).
- Седишта со 3 точки на врзување на безбедносен појас.
- Sony или Pioneer систем.
- Музика: РОК :)

Ќе биде доволно да се помини на хомологација ? Ако не се лажам цената е 100 (или нешто повеќе евра). Инфо please!
 
И кочници од истото она Уно, или Типо 2.0...

Инаку, од она што сум го слушал од луѓе кои имале искуство со хомологација, финтата е да ти земат парите.
Е сега, треба понешто и да се сработи на возилото, не заради хомологацијата, туку заради себе, т.е. безбедноста.
 
Да, да заборавив и кочниците...и назад дискови...
 
Како прво не ти треба хомологација, туку возилото треба да помине на А-тест за да може да влезе бројот на моторот во сообраќајна.
Како и да е јас би играл вака...
Прво на обично возило само би му го ставил моторот со сите појачувања (се мисли на железа под хауба, поткрила и сл.) во него. Така едноставно (надвор се оригинал) би го поминал на А-тест и регистрација (ова го знам од искуство со Соколов единствениот овластен од Машински факултет Скопје за А-тест на вакви возила, кој ако ти ја виде средена колата салам има да те драпа... до 101 и назад. Те ова не е оригинал, те она знае да ти најде 1000 мани). Е после.... После доаѓа изработка на преден везен лим, додавање/менување штопови, вградување обртомери, кочници, амортизери, спирали, бандажи и сл.
 
Прво на обично возило само би му го ставил моторот со сите појачувања (се мисли на железа под хауба, поткрила и сл.) во него. Така едноставно (надвор се оригинал) би го поминал на А-тест и регистрација (ова го знам од искуство со Соколов единствениот овластен од Машински факултет Скопје за А-тест на вакви возила, кој ако ти ја виде средена колата салам има да те драпа... до 101 и назад. Те ова не е оригинал, те она знае да ти најде 1000 мани). Е после.... После доаѓа изработка на преден везен лим, додавање/менување штопови, вградување обртомери, кочници, амортизери, спирали, бандажи и сл.


Сакаш да кажиш дека со Фиат Уно Турбо мотор...попрво би те пуштил само со сменат мотор без никакви модификации отколку со подобри модофикации?:uvo:

Ама некако како да нема многу авто-фанатици на Кајгана...или така мене ми си чини?:toe:
 
Има бе Бертоне, ама не сме на дугме. :)
 
Bertone напиша:
Ама некако како да нема многу авто-фанатици на Кајгана...или така мене ми си чини?:toe:
Е неможеме да сме 24 часа на ден тука...
 
Да не одам многу во оффтопик ама...

З'Ш да не? :):pos2:
 
Сакаш да кажиш дека со Фиат Уно Турбо мотор...попрво би те пуштил само со сменат мотор без никакви модификации отколку со подобри модофикации?:uvo:
Муабетот ми е...
Повеќе ке те заебаваат ако се праиш пичлеме и кола спремна за трка ја однесеш на А-тест. И нормално дека нема да поминеш пошто ке имаш еден куп делови што не се оригинал.
А вака... Само мотор си менуваш.. Ништо друго. За градска вожња бе.. Малку појак. Неоти ке прајш трки :wink:. Па после откако ке помине... Што сакаш прави :)
 
Па така де...

Пример ако одам ќе одам со Фиат Уно Турбо...така?

А-тест за новиот мотор...
Ама мене прашањето ми е, дали ќе ми речат „ Е што направи ти за да имаш таков мотор? Направи подобрување на каросеријата? Сепак ставаш мотор од 115КС“, ме сфаќате?

И колку ќе кошта тоа? 100 евра? 300 евра?
 
Е за тоа треба да се консултираш со овластен сервисер т.е. за Битола Пржо. Тој треба да ти издаде лифче на кое ке биде наведено дека тој го монтирал моторот (а ти можеш каде сакаш да го монтираш, но мора да му платиш на Пржо некое денарче за совет како да го поминеш А-тестот, каде да зацврстиш и сл.) и знае како да ја зацврсти и појача шасијата, а ти ако те прашуваат на А-тест... Појма немаш од ништо. Ке кажеш ја носам јас колата, Пржо го монтираше моторот, зацврстуваше, штознам што правеше... Јас само сакав да променам мотор. Ваков најдов, не ми е мене за трка колава.
 
Да се прам „На удрен“ :)

Имаше во огласник баш продаваа такво нешто.

Ама има во Србија (само малце скапо ми е тоа...мада кога ќе видиш скоро исто доаѓа) Крагуевац ти дава лиценцирана шасија (FIA стандард), ојачана секаде...ама САМО шасија...значи НИШТО друго...лимот...

Каде гумици...каде трап, каде...што ти не...

Ај од некое Уно Турбо од Германија влечкано ќе извадиш друго се (електрика, кочници, баланс-штангли, мотор, мењач)...ама другите ситни тракатанци...то е гадното...

Па и да зеам некое Медитеранче...јако ќе дојди...како она Босанското...мерак!
 
Абе тоа е тоа. Мислам дека со Уно од странство донесено е полесно. Ке искомбинираш и тапацири, внатрешност, седишта нешто ова она... Цела кола ја имаш. Што ти прави мерак вади и ставај на 101-от.
 
Да, да тоа е идејата. Имаше во огласник 700 евра Фиат уно турбо странски. ама мене ми требаат само моторот кој наводно ќе ме фател 150-200 евра ...250 со монтажа (гратис менувачот ќе бил), итн итн...кочници ...некаде за делови 400 евра да ја направам како што треба. После треба лимаријата и ојачувањето - 500 евра - фарбање и тоа ојачување, 200 евра ставам за екстра непредвидени делови, бандаши и половни гуми (за почеток) 200 евра. Горе долу 1500 евра +-. Да заокружиме 2000 евра, ама уште да имам едно така зачувано 101 за ефтини пари (до 500 евра) и имам прав спортски автомобил.

Еве ви листа на мотори кои пасираат на Југо,101,128...


fiatsohcwk7.jpg
 
Еве тазе слики од STOLE

p1070036vn6.jpg

p1070030fr1.jpg

p1070002vk4.jpg

p1070016ar9.jpg

p1070012zl1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom