Хиерархија во друштво!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Друштвото како заедница само по себе си носи одредени подредености од обликот на тоа кој се договара за излегувања, кој бира поклони за родендени и кој никогаш не се замара за ништо.
Последователно на тоа, секој себе си се поставува на одредено ниво над или под останатите од друштвото.
Што мислите вие, колку е добра оваа хиерархија која се појавува во голем дел од друштвата?
Ако ја има во вашето друштво, на кое ниво се наоѓате вие?
Ако не, дали сметате дека кога сите функционираат на едно ниво е најдобро?
Дали оваа хиерархија може да натера некого да мисли дека е над другите и да го натера да се обиде да го контролира цело друштво?

Во моето друштво секогаш постоела оваа поделеност на работите. Има една мала група на луѓе кои секогаш одлучуваат каде да се излага, три од женскиот дел на друштвото секогаш врз себе го превземаат товарот за роденденските подароци, јас и уште 4ца секогаш договараме шетања малку подалеку од Скопје, а секако имаме и 4ца на кои воопшто не им е гајле што и како се планира.
Повелете.
 
Вака.
Мислам дека тоа е природна работа, значи без разликадали станува збор за одреден круг на луѓе во друштво за излегување, фамилија заедница или било што, секогаш ќе постои хиерархија. Тоа е едноставно нормално, значи сите не размислуваат исто, едноставно сите не се исти. Некој воопшто не сака да се замара, или пак да се труди за нешто, други сакаат да бидат главни и секогаш да се слушаат односно да бидат лидери во заедницата.
 
Да, ко што кажа Џанки сакале нејќеле ја има таа хиерархија секаде околу нас.
Сега, за кај мене во моето друштво, за договарање на фудбал, сервис нешто спортски активности има 2-3 другари, за вечер дали ќе се "чита" или не има други и да не набројувам понатаму. Јас сум сместен некаде за тоа каде ќе се оди вечерта. Не само јас, има уште неколку другари.
 
Во последниов период(6месеци) имам можност да се дружам со 2 или повеќе друштва... во едното друштво сите се поголеми најмалку една година од мене па затоа најчесто е како ке одлучат они(мене нормално ми одговара тоа) и понекогаш давам идеи за што, како, кога... и главно сите се држиме заедно и разликата помеѓу оној што најмногу отскокнува и сите останати е многу мала... ретко има караници а препукувања чисто на другарска база на заебанција... додека во другово друштво кае што сите сме иста возраст можам да забележам дека останатите(со исклучоци кои се ретки) се недозреани, безцелни разговори се водат, има главен во друштвото кој не може да се пофали со квалификации за да биде водач... треба некој организиран... а децата не мрднале подалеку од центар... и све истото па истото... сепак кога сум со поголемите ми е далеку поинтересно, можам да си водам муабет каков што сакам, поубаво си поминувам бидејќи се ДАЛЕКУ поорганизирани од некој да речеме на моја возраст... понекогаш е добро да се има хиерархија бидејчи е потребен некој што е најискусен за да покаже како треба. едноставно типот знае шо е како е и шо е најбоље....
 
Во секоја друштвена структура (врска, друштво, фирма, држава,...) постојат 4 фази: forming, storming, norming и performing. Релативно е јасно што значи forming.
Storming е фазата кога луѓето се опуштаат еден со друг и почнуваат да се однесуваат природно, што некого од заедницата го нервира. Тогаш настануваат кавги, несогласувања, итн. Norming е момент кога несогласувањата ќе се надминат и тогаш се кристализира кој што прави и може да прави и како останатите членови на заедницата ќе се однесуваат. Ова е најкритичен момент, зашто ако нормите не му одговараат на некој член, тој/таа или ќе си замине од заедницата, или ќе направи нов неред (т.е. ќе ја врати заедницата во storming фазата), за да се промени нормата.

А потоа следи performing, т.е. кога веќе заедницата е стабилизирана и опстојува како таква.

Во storming и norming фазите се диференцираат лидерите: оние кои можат да ги пренесат своите мислења и својата волја врз останатите и да се погрижат истите да се спроведат во целост. Тоа може да се покаже секој, во зависност од многу фактори, како: харизма, комуникативност, решителност, па и ќотекодарителство, во екстремен случај. Кога веќе тие ќе се прифатат како такви, друштвото навлегува во performing фазата, кога сè е јасно.

Нормално, ако влезе нов член во друштвото, мора да се изминат сите 4 фази повторно, но новиот член би имал потешка задача, ако сака да се наметне себеси како лидер. Друг муабет е дали тоа него/неа го/ја мотивира повеќе, но тука ќе застанам, за да не забегам многу :oftopic: :smir:
 
Крусер браво за постов апсолутно си во право!
Само би додал дека во било кое друштво влијаат и други фактори помеѓу самите членови на таа заедница. Но на крај набитно е да ви лежи муабетот. :helou:
 
А што ако има друштво каде што сите одлучуваат за работите а не поединци?
 
А што ако има друштво каде што сите одлучуваат за работите а не поединци?
Па и таму каде што одлучуваат поединци, тоа е резултат на одлука на сите да одлучуваат токму тие поединци кои се издигнале над другите со некој талент (разумум, креативност, па дури нека е и доминација поради физичка надмоќ).

Ако одлучуваат сите, никогаш нема да падне одлука. Имаш друштво од 10 луѓе, се договараат да излезат во град и сите сакаат да одат на различни места. Каде ќе одат? Кој ќе одлучи? Некој мора да пресече и да каже вечер одиме таму и таму. Инаку, во спротивно, никогаш нема да се договорат и секој ќе си излезе на различно место сам.

Хиерархија мора да постои. Друштвото е микро општество.
 
А што ако има друштво каде што сите одлучуваат за работите а не поединци?
Ништо. И за таквите друштва е поставено прашање. Дали сметаш дека е најдобро така, и зошто сметаш дека е, ако е?
 
Па и таму каде што одлучуваат поединци, тоа е резултат на одлука на сите да одлучуваат токму тие поединци кои се издигнале над другите со некој талент (разумум, креативност, па дури нека е и доминација поради физичка надмоќ).

Ако одлучуваат сите, никогаш нема да падне одлука. Имаш друштво од 10 луѓе, се договараат да излезат во град и сите сакаат да одат на различни места. Каде ќе одат? Кој ќе одлучи? Некој мора да пресече и да каже вечер одиме таму и таму. Инаку, во спротивно, никогаш нема да се договорат и секој ќе си излезе на различно место сам.

Хиерархија мора да постои. Друштвото е микро општество.

Не мора да значи дека баш истите поединци ќе одлучуваат секој пат што ќе се прави. Исто така улогите може да се сменат несвесно т.е кој ќе даде подобар предлог, истиот ќе се одбере. Не знам како може така го замислувате друштвото како хиеархија со главен, подглавен и така натаму. Кога би се слушале идеите од секого, тогаш друштвото би функционирало најубаво. Иначе вака може да се јави љубомора, омраза и желба за надмоќ со што се расипуваат односи.

x)
 
Апсолутно. Дадов само пример со излегување во град. Во овој случај кај ќе се оди би одлучил оној кој има репутација на "најшемаџија", кој ги знае сите локали, знае кај се најдобрите пичиња, знае каде е добро во петок, а каде во недела.

Ако треба да се одлучи дали ќе се тепаат во некој кафич или ќе бегаат како зајаци, сигурно одлуката нема да падне на истиот, туку на физички најсилниот, кој по сопствена проценка за споредба на силите на теренот и исходот ќе донесе одлука. Прост пример - сите сте биле во некоја ситуација во друштво кога имало закачка со друга банда, па кога ќе ви смрзне гомце од страв дека може да изедете ќотег - сите надежи ви се во оној кој во ваше друштво го бие репутација на најтепач и чекате тој да направи некој потег за да разреши ситуација, а не оној кој има најмногу прочитани книги, или оној кој најубаво пее, или оној кој најдобро игра шах.

И така натаму.
 
Добро, тоа што сега го наведе, не е веќе хиеархија.

Значи поентата ми беше, дека со хиеархија у друштво деца, нема далеку да стигнете. x)
 
Добро, тоа што сега го наведе, не е веќе хиеархија.

Значи поентата ми беше, дека со хиеархија у друштво деца, нема далеку да стигнете. x)
Хиерархија е. Затоа што пак некој носи одлуки за група, врз база на авторитет.

Исто ко во општество, исто ко во фирма.
 
Хиерархија е. Затоа што пак некој носи одлуки за група, врз база на авторитет.

Исто ко во општество, исто ко во фирма.

Да, ама у фирма му одговараш на претпоставениот менаџер и ако донесеш погрешна одлука те бркаа од работа по автоматизам.

У друштво не одговараш никому. Заедно сте и у добро и у лошо.
 
Друштвото како заедница само по себе си носи одредени подредености од обликот на тоа кој се договара за излегувања, кој бира поклони за родендени и кој никогаш не се замара за ништо.
Последователно на тоа, секој себе си се поставува на одредено ниво над или под останатите од друштвото.
Што мислите вие, колку е добра оваа хиерархија која се појавува во голем дел од друштвата?
Ако ја има во вашето друштво, на кое ниво се наоѓате вие?
Ако не, дали сметате дека кога сите функционираат на едно ниво е најдобро?
Дали оваа хиерархија може да натера некого да мисли дека е над другите и да го натера да се обиде да го контролира цело друштво?

Во моето друштво секогаш постоела оваа поделеност на работите. Има една мала група на луѓе кои секогаш одлучуваат каде да се излага, три од женскиот дел на друштвото секогаш врз себе го превземаат товарот за роденденските подароци, јас и уште 4ца секогаш договараме шетања малку подалеку од Скопје, а секако имаме и 4ца на кои воопшто не им е гајле што и како се планира.
Повелете.

кај мене у друштво се е хаос.. секоаш се се дешава спонтано у пет за ичнаесет.. такада никој нема своја “улога“ во друштвото.. некогаш еден некогаш друг купуе поклон.. зависи како ке се погоди.. се си доаѓа само по себе.. многу тапа дурштво е ко твоето.. земете направете си картички со имиња.. Џон “поклонокупувач“.. Никола “договаратор за надвор“... Александар “Шлепер“..

Да, ама у фирма му одговараш на претпоставениот менаџер и ако донесеш погрешна одлука те бркаа од работа по автоматизам.

У друштво не одговараш никому. Заедно сте и у добро и у лошо.

па баш и не у лошо.. повекето ке те шитнат за да извлечат гз:)..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom