Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Друштвото како заедница само по себе си носи одредени подредености од обликот на тоа кој се договара за излегувања, кој бира поклони за родендени и кој никогаш не се замара за ништо.
Последователно на тоа, секој себе си се поставува на одредено ниво над или под останатите од друштвото.
Што мислите вие, колку е добра оваа хиерархија која се појавува во голем дел од друштвата?
Ако ја има во вашето друштво, на кое ниво се наоѓате вие?
Ако не, дали сметате дека кога сите функционираат на едно ниво е најдобро?
Дали оваа хиерархија може да натера некого да мисли дека е над другите и да го натера да се обиде да го контролира цело друштво?
Во моето друштво секогаш постоела оваа поделеност на работите. Има една мала група на луѓе кои секогаш одлучуваат каде да се излага, три од женскиот дел на друштвото секогаш врз себе го превземаат товарот за роденденските подароци, јас и уште 4ца секогаш договараме шетања малку подалеку од Скопје, а секако имаме и 4ца на кои воопшто не им е гајле што и како се планира.
Повелете.