Хибридни напади во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Инспириран од легендарната изјава на Стојанче Ангелов дека „хибридни напади се тие што возат на струја и на бензин“ :D (не сум сигурен дали се зафркаваше или во моментот не му текнуваше дефиницијата, па одлучи да игра на карта „хехе“), а и поради тоа што во јавноста толку често се спомнуваат, верувам дека е редно да отвориме една тема во која ќе појасниме што се хибридни напади и ќе анализираме дали одредени случки во Македонија се дел „хидбридни напади“ или можеби „нефункционален систем“ (тенка е линијата, нели...).

Да почнеме од почеток: Хибриден напад претставува закана (или „агресија“) во која се користат различни методи за постигнување политички, воени или економски цели. Наместо класичен „отворен“ напад (војување), тука се користи мешавина од различни средства за да се ослаби или дестабилизира противникот. Хибридните напади може да се:

- Кибер напади (хакирање, рушење системи, крадење податоци).
- Пропаганда и дезинформации (фејк њуз, влијание врз јавно мислење преку медиуми и социјални мрежи).
- Економски притисоци (наметнивање санкции, рестрикции со енергија, трговски забрани и тн).
- Употреба на паравојска (нерегуларни вооружени групи).
- Саботажи и шпионажа.

Со други зборови, кај хибридните напади, целта е нападот да не изгледа како класична битка. Туку тие се склоп од различни техники, кои се потешки за препознавање и справување со нив.

Со ова кажано, до сега би рекол дека препознавам хибридни напади во:

Дојавите за поставени бомби во училишта и јавни локации
- Не знам колку точно траеја, ама конечно престана откако власта собра храброст да ги игнорира.

Пожарите, особено околу Скопје
- Палење на Дрисла на ден по организирањето на протести против Вардариште (без претходна историја на пожари) е и тоа како сомнително. Набрзо потоа запален сервис во Драчево, полиња во Нерези, Батинци и тн. Буквално не поминува ден во Скопје без пожар, нешто невидено до сега.

Несобирањето на ѓубре во Скопје
- Не треба да си генијалец и да живееш во Скопје за да сфатиш дека во изминативе 2 години Комунална Хигиена нередовно и нецелосно ги празни контејнерите, предизвикувајќи луѓето (оставени без избор) да го оставаат ѓубрето да се „прелева“ од преполните контејнери или да го оставаат до контејнерите. А потоа, тие не го собираат затоа што „не е нивна работа“. И така, имаме грди глетки насекаде, непродоодни пешачки патеки, мини-депонии на секаде. Како се ближиме до избори, забележливо е дека се зголемува и ѓубрето. Сите социјални мрежи се преплавени со слики од полни контејнери и мини-депонии, кои веројатно имаат цел да оддадат слика дека локалната власт не си ја работи работата. Всушност, јасно како ден дека станува збор за пресметка. Најголемиот стап го јадат граѓаните, како и секогаш.

Што мислите, дали сме под хибридин напади, од кого доаѓаат и кои состојби во државава ги гледате како такви?
Од друга страна, дали споменативе ситуации ги гледате како напади или можеби само нефункционирање на системот?

Повелете :)

За да може некој моќен фактор да ја растури „нашата земјата„, не му требаат никави хибридни начини како напади и војување, оти „нашата земјата„ е доволно утепана и не може да даде отпор.

За надворешниот фактор е доволно да „инсталира„ корисна будала на висока политичка позиција (веќе видовме...)...и тоа ќе му е најевтино и најефикасно.

Причина за впечатокот дека некој „хибридно„ не‘ напаѓа е една и само една-нефункционирање на гнилежните „институции на системот„, во кои се „“ухлебени„ саде „нашите„ партиски членови, кои немаат грам осет за одговорност, туку „клатат врата и земаат плата„-и толку од нив!...

Дури и да е „нашата земјата„ нападната „хибридно„, недавањето отпор и контра-удар на хибридните напади од страна на „институциите на системот„ само по себе е доказ дека овде, дома, „некој„ не си за сработил домашната задача...за која е платен од нашите се‘ попразни џебови.
Автоматски споено мислење:

Едно прашвање ако можи:

Имало набавено нов радар, и тој стоел така не знам колку месеци, не бил ни гибнат, а камоли инсталиран. Зошто не е инсталиран и дали и тоа има врска со „хибридниот напад“?

Има и модерна медицинска опрема, која лежи неотпакувана со години по подруми и магацини...а пациентите си „одат„ од овој Свет....што (ме) асоцира на „хибриден напад„...:cautious:
 
Последно уредено:
Има и други врсти Хибридни напади, се дава МИТО на Политичарите и надлежните за да СЕ УВЕЗУВА ОПАСЕН ОТПАД ОД гЕУ, па го имаше видеото од 2023, како ОД НЕОБЈАСНИВИ ПРИЧИНИ СЕ. ПРЕСКОКНА точката од Дневен Ред на Собрание, за Гласање за ЗАБРАНА на увоз на Опасен Отпад...Уште по ХИБРИДЕН Е МОЛКОТ на сите, посебно на најголемите критичари...зошто Апашиев НЕ СМЕЕ да Предложи гласање за ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ОПАСЕН ОТПАД ??????...
Аова обичните ѓубришта БИЛО и ќе БИДЕ, кај нас тоа е традиција и менталитет
 
Нема врска ова со хибридни напади, туку само обид да се одвлече вниманието, да не им се гледа неспособноста во справувањето со проблемите.
 
ХИБРИДЕН НАПАД - како звучи моќно, као да они седеле у влада и заседавале со саати со врвни екперти за безбедност дојдени директно од Мосад и заклучиле дека се работи за хибриден напад.

Во реалност, хибридниот напад: пироман запалил кола, некој палел кабли од кои што вадел бакар, државата неспособна да се справи со аерозагадување, манијаци убиваат жени кои што немајќи излез го молат лично и директно министерот, деца беснеат со коли по партизанска ... :cenzura:
 
Аха, ама како се ближат избори, така се зголемува бројот на пиромани, па секој ден (без утка) во изминативе 30 дена имаме пожар во или околина на Скопје. И така некако пропорционално во изминативе месеци се намалува распоредот за празнење на контејнерите за комунален отпад, па ѓубрето се прелева од нив, па не се собира од КХС тоа што е надвор, па се тоа изгледа толку грдо што секој ќе си рече „види ги овие колку се неспособни“. Ваљда не треба да си Шерлок Холмс за да сфатиш дека не е баш случајно и исклучиво одраз на неспособност :)
 
Неспорно е дека стои нешто позади пожарите. Али нештово е премногу еднодимензионално за да се нарече хибриден напад.

Нема да одам подалеку, ќе се задржам на твојот прв пост:

Хибриден напад претставува закана (или „агресија“) во која се користат различни методи за постигнување политички, воени или економски цели. Наместо класичен „отворен“ напад (војување), тука се користи мешавина од различни средства за да се ослаби или дестабилизира противникот. Хибридните напади може да се:

- Кибер напади (хакирање, рушење системи, крадење податоци).
- Пропаганда и дезинформации (фејк њуз, влијание врз јавно мислење преку медиуми и социјални мрежи).
- Економски притисоци (наметнивање санкции, рестрикции со енергија, трговски забрани и тн).
- Употреба на паравојска (нерегуларни вооружени групи).
- Саботажи и шпионажа.

Туку тие се склоп од различни техники, кои се потешки за препознавање и справување со нив.

Ако ги тргнеме на страна дојавите за бомби во училишта кои што беа во полн интензитет пред 2/3 години (ако не се лажам), преостанува единствено проблемот со ѓубрето, кој што во помала или поголема мера е активен во државава откако постои.

Може да се прифати дека личи на организирано, а не спонтано палење, али јас нешто би го нарекол како Саботажа на слаба точка. Хибриден напад може се дешава во Русија, Иран, Израел каде што секој ден се хакираат системи, се разнесуваат гасоводни цевки, се саботираат банкарски сметки на олигарси и фирми, се пушта јака пропаганда, се блокираат медиуми....

Овде конкретно хибридниот напад и според премиерот и тие околу него е зошто нема доволно гојда и зошто на верверицата ѝ била запалена опашката.

Од тоа што пратам медиуми, ми личи дека така им рекле на некој состанок на влада, да повторуваат: ХИБРИДЕН НАПАД за се што треба или што не треба, ако ништо друго барем звучи како да знаат што работаат.

Како викаат, ако една лага ја повториш сто пати......
 
Последно уредено:
Неспорно е дека стои нешто позади пожарите. Али нештово е премногу еднодимензионално за да се нарече хибриден напад.

Нема да одам подалеку, ќе се задржам на твојот прв пост:

Ако ги тргнеме на страна дојавите за бомби во училишта кои што беа во полн интензитет пред 2/3 години (ако не се лажам), преостанува единствено проблемот со ѓубрето, кој што во помала или поголема мера е активен во државава откако постои.

Може да се прифати дека личи на организирано, а не спонтано палење, али јас нешто би го нарекол како Саботажа на слаба точка. Хибриден напад може се дешава во Русија, Иран, Израел каде што секој ден се хакираат системи, се разнесуваат гасоводни цевки, се саботираат банкарски сметки на олигарси и фирми, се пушта јака пропаганда, се блокираат медиуми....

Овде конкретно хибридниот напад и според премиерот и тие околу него е зошто нема доволно гојда и зошто на верверицата ѝ била запалена опашката.

Од тоа што пратам медиуми, ми личи дека така им рекле на некој состанок на влада, да повторуваат: ХИБРИДЕН НАПАД за се што треба или што не треба, ако ништо друго барем звучи како да знаат што работаат.

Како викаат, ако една лага ја повториш сто пати......
Значи заклучокот е:

Можда не е „хибриден напад“ ама „се игра некоја игра“? :D
 
Значи заклучокот е:

Можда не е „хибриден напад“ ама „се игра некоја игра“? :D

Ова спаѓа ли во хибриден напад од одредени центри на моќ во стратешки места во државата?
 
Ова спаѓа ли во хибриден напад од одредени центри на моќ во стратешки места во државата?
Нормално дека не.
 
Ова спаѓа ли во хибриден напад од одредени центри на моќ во стратешки места во државата?
Ова се вика "нема сајбиа" кој да се стори..
или во превод, нема газда тука..

Се обратно од хибриден напад!
 
Македонија е класичен пример за киднапирана држава со паралелни структури кои имаат една цел, државата главата да не може да ја исправи од самиот нејзин почеток 1945та.
Навидум Македонија е слободна и демократска држава која им служи на граѓаните, но ако погледнете малку посуштински лесно доаѓаме до заклучок.
Македонија е групација на соработници кои се прават во своја можност да ја задржат моќта.

Можеби не е конкретен одговор за темава и моменталниве случувања, но се потекнува од тука. Македонија да не беше во нивна келија, сега ќе беше држава во рамниште на Словенија

Погледнете деновиве што се случува во Скопје и сообраќајот.
Денеска ми беа потребни скоро 2 саати за да си дојдам дома, ова не е некој хибриден напад? Прочитав дека дополнително ќе се редуцирал возниот ред поради приватниците, сега баш пред избори?
Заради тоа што некој до вчера анонимец залижан треба да стане градоначалник? Се прават секакви намерни опструкции на населението само за да се влијае на избори и да се претстават како спасители.

Политичките партии и целиот политички дискурс е фарса, параван кој позади него стои една иста структура која на Македонија воопшто не и мисли добро.
 
- Кибер напади (хакирање, рушење системи, крадење податоци).
- Пропаганда и дезинформации (фејк њуз, влијание врз јавно мислење преку медиуми и социјални мрежи).
- Економски притисоци (наметнивање санкции, рестрикции со енергија, трговски забрани и тн).
- Употреба на паравојска (нерегуларни вооружени групи).
- Саботажи и шпионажа.
1. Извадена е цела база од едно министерство
2. Присутно на форумов
3. Нема
4. Нема
5. Врие
 
Погледнете деновиве што се случува во Скопје и сообраќајот.
Денеска ми беа потребни скоро 2 саати за да си дојдам дома, ова не е некој хибриден напад? Прочитав дека дополнително ќе се редуцирал возниот ред поради приватниците, сега баш пред избори?
Заради тоа што некој до вчера анонимец залижан треба да стане градоначалник? Се прават секакви намерни опструкции на населението само за да се влијае на избори и да се претстават како спасители.

Политичките партии и целиот политички дискурс е фарса, параван кој позади него стои една иста структура која на Македонија воопшто не и мисли добро.
Повторно наседнуваме на истите опструкции, овој пат со полните контејнери и сметот што го палат. Зошто опструкции? Па нормално за продолжување на илузија на демократија и имањето избор во Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom