Хибридни напади во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Инспириран од легендарната изјава на Стојанче Ангелов дека „хибридни напади се тие што возат на струја и на бензин“ :D (не сум сигурен дали се зафркаваше или во моментот не му текнуваше дефиницијата, па одлучи да игра на карта „хехе“), а и поради тоа што во јавноста толку често се спомнуваат, верувам дека е редно да отвориме една тема во која ќе појасниме што се хибридни напади и ќе анализираме дали одредени случки во Македонија се дел „хидбридни напади“ или можеби „нефункционален систем“ (тенка е линијата, нели...).

Да почнеме од почеток: Хибриден напад претставува закана (или „агресија“) во која се користат различни методи за постигнување политички, воени или економски цели. Наместо класичен „отворен“ напад (војување), тука се користи мешавина од различни средства за да се ослаби или дестабилизира противникот. Хибридните напади може да се:

- Кибер напади (хакирање, рушење системи, крадење податоци).
- Пропаганда и дезинформации (фејк њуз, влијание врз јавно мислење преку медиуми и социјални мрежи).
- Економски притисоци (наметнивање санкции, рестрикции со енергија, трговски забрани и тн).
- Употреба на паравојска (нерегуларни вооружени групи).
- Саботажи и шпионажа.

Со други зборови, кај хибридните напади, целта е нападот да не изгледа како класична битка. Туку тие се склоп од различни техники, кои се потешки за препознавање и справување со нив.

Со ова кажано, до сега би рекол дека препознавам хибридни напади во:

Дојавите за поставени бомби во училишта и јавни локации
- Не знам колку точно траеја, ама конечно престана откако власта собра храброст да ги игнорира.

Пожарите, особено околу Скопје
- Палење на Дрисла на ден по организирањето на протести против Вардариште (без претходна историја на пожари) е и тоа како сомнително. Набрзо потоа запален сервис во Драчево, полиња во Нерези, Батинци и тн. Буквално не поминува ден во Скопје без пожар, нешто невидено до сега.

Несобирањето на ѓубре во Скопје
- Не треба да си генијалец и да живееш во Скопје за да сфатиш дека во изминативе 2 години Комунална Хигиена нередовно и нецелосно ги празни контејнерите, предизвикувајќи луѓето (оставени без избор) да го оставаат ѓубрето да се „прелева“ од преполните контејнери или да го оставаат до контејнерите. А потоа, тие не го собираат затоа што „не е нивна работа“. И така, имаме грди глетки насекаде, непродоодни пешачки патеки, мини-депонии на секаде. Како се ближиме до избори, забележливо е дека се зголемува и ѓубрето. Сите социјални мрежи се преплавени со слики од полни контејнери и мини-депонии, кои веројатно имаат цел да оддадат слика дека локалната власт не си ја работи работата. Всушност, јасно како ден дека станува збор за пресметка. Најголемиот стап го јадат граѓаните, како и секогаш.

Што мислите, дали сме под хибридин напади, од кого доаѓаат и кои состојби во државава ги гледате како такви?
Од друга страна, дали споменативе ситуации ги гледате како напади или можеби само нефункционирање на системот?

Повелете :)

За да може некој моќен фактор да ја растури „нашата земјата„, не му требаат никави хибридни начини како напади и војување, оти „нашата земјата„ е доволно утепана и не може да даде отпор.

За надворешниот фактор е доволно да „инсталира„ корисна будала на висока политичка позиција (веќе видовме...)...и тоа ќе му е најевтино и најефикасно.

Причина за впечатокот дека некој „хибридно„ не‘ напаѓа е една и само една-нефункционирање на гнилежните „институции на системот„, во кои се „“ухлебени„ саде „нашите„ партиски членови, кои немаат грам осет за одговорност, туку „клатат врата и земаат плата„-и толку од нив!...

Дури и да е „нашата земјата„ нападната „хибридно„, недавањето отпор и контра-удар на хибридните напади од страна на „институциите на системот„ само по себе е доказ дека овде, дома, „некој„ не си за сработил домашната задача...за која е платен од нашите се‘ попразни џебови.
Автоматски споено мислење:

Едно прашвање ако можи:

Имало набавено нов радар, и тој стоел така не знам колку месеци, не бил ни гибнат, а камоли инсталиран. Зошто не е инсталиран и дали и тоа има врска со „хибридниот напад“?

Има и модерна медицинска опрема, која лежи неотпакувана со години по подруми и магацини...а пациентите си „одат„ од овој Свет....што (ме) асоцира на „хибриден напад„...:cautious:
 
Последно уредено:
Има и други врсти Хибридни напади, се дава МИТО на Политичарите и надлежните за да СЕ УВЕЗУВА ОПАСЕН ОТПАД ОД гЕУ, па го имаше видеото од 2023, како ОД НЕОБЈАСНИВИ ПРИЧИНИ СЕ. ПРЕСКОКНА точката од Дневен Ред на Собрание, за Гласање за ЗАБРАНА на увоз на Опасен Отпад...Уште по ХИБРИДЕН Е МОЛКОТ на сите, посебно на најголемите критичари...зошто Апашиев НЕ СМЕЕ да Предложи гласање за ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ОПАСЕН ОТПАД ??????...
Аова обичните ѓубришта БИЛО и ќе БИДЕ, кај нас тоа е традиција и менталитет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom