Сметам дека third party devs, пологично би било да се преведе како независни произведувачи на игри или подобро независни издавачи на игри.
Не е баш така.
Делумно е вистина, но работите функционираат малку поинаку.
First party developers се самите производители на конзолите, кои освен конзолите, самите развиваат и видео игри за конзолите. Така Сони ги произведува Gran Turismo видео игрите за PlayStation, Нинтендо ги произведува Super Mario видео игрите за Нинтендо конзолите, а Bungie, кој ги произведува Halo игрите за Xbox, беше во сопственост на Мајкрософт од 2000 до 2007 година, а од 2007 година па наваму е независна компанија.
Second party developers се или независните студија кои развиваат видео игри, или студија кои се во сопственост на трета фирма, како што Activision и Blizzard Entertainment до вчера, четврток, 25 јули 2013, беа во сопственост на Vivendi. Имено, токму вчера, четврток, 25 јули 2013, Activision Blizzard, компанијата во чија што сопственост се Activision и Blizzard Entertainment, најави дека откупува свои акции од Vivendi, со што сопственичкиот удел на Vivendi во Activision Blizzard од 63% се намалува на 12%, а после ова Activision Blizzard е независна компанија, која и понатаму ги поседува Activision и Blizzard Entertainment, но не би било изненадување доколку се разделат како што Сони и Ериксон се разделија после нивното долгогодишно партнерство во нивната заедничка компанија Сони Ериксон.
Third party developers се претежно независни студија кои развиваат видео игри по нарачка за друга фирма, слично како продуцентските куќи кои снимаат ТВ серии за телевизија, телевизијата и плаќа на продуцентска куќа за да сними сезона од серијата и серијата е во сопственост на телевизијата и телевизијата може кога сака да одбере друга продуцентска куќа за да сними нова сезона од серијата. Пример за ова се продуцентските куќи кои ги снимаат документарните филмови кои ги нарачува актуелната влада на Република Македонија, продуцентските куќи ги снимаат филмовите за кои се платени, но сопственик на филмовите е државата, поконкретно МРТВ, иако воопшто не учествува во снимањата и продукцијата на филмот.
Independent developers или
indie developers, односно независни или инди развивачи, се вообичаено помали тимови кои самостојно развиваат видео игри, но вообичаено не располагаат со свои средства за печатење на омотите и дистрибуција на видео игрите, поради што мораат да потпишат договор со фирма која ќе ги издава видео игрите. Тука настанува проблемот, бидејќи вообичаено издавачот сака дебел дел од профитот, а производителите на конзолите се вообичаено на страна на издавачот, наместо на страна на производителот, па независните развивачи се оставени во неповолна позиција бидејќи трета страна заработува од нивната работа. Дури и да располагаат со свои средства за печатење на омотите и дистрибуција на видео игрите, производителот на конзолата вообичаено бара цени за лиценца за видео играта кои вообичаено се надвор од буџетот на производителот.
Сони ја менува ваквата пракса кај PlayStation 4, воведувајќи пониски цени за лиценци за видео игри, а ако некој независен развивач на видео игри одлучи да прекине соработка со фирма која досега ги издавала истите тие видео игри и самостојно да ги издава тие видео игри или да ангажира друга фирма за да ги издава тие видео игри, Сони нема да се противат на ваквата одлука, што не беше досегашна пракса.
Кај Мајкрософт ситуацијата е уште потешка за независните развивачи на видео игри, бидејќи настрана смешната годишна членарина од 99 долари која независните развивачи мораат да ја плаќаат секоја година на Мајкрософт, меѓу другото Мајкрософт задржува и 30% од продажбата на независните видео игри, што за малите тимови можеби не е многу, но за поголемите тимови може да биде неприфатливо. До неодамна, доколку независниот развивач на видео игри откриеше грешки во видео играта, па одлучи да исфрли закрпа, односно patch за видео играта, ќе мораше и за patch - от да плати за дополнителна лиценца, ова важеше едно време кај Xbox 360, но се докажа како неисплатливо како за независните развивачи, така и за Мајкрософт, поради што Мајкрософт дозволија бесплатни лиценци за patch - овите.
Пред 2 дена, во среда, 24 јули 2013, Мајкрософт потврдија дека планираа да ја сменат својата пракса кон независните развивачи на видео игри со Xbox One, но за ова ќе изнесат конкретни детали на Gamescom 2013 саемот за видео игри, кој треба да се одржи од 21 август 2013 до 25 август 2013 во Келн, Германија.