Хардвер вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Sephiroth
  • Време на започнување Време на започнување
Hitachi ветува 4 TB дискови до 2011

Hitachi најави дека ја разви најмалата глава за читање во харддисковите, и очекува оваа нова технологија евентуално да го зголеми капацитетот на тврдите дискови за четири пати.

Новата технологија се нарекува current-perpendicular-to-the-plane giant magneto resistive (тешко за превод!) или CPP-GMR. Денешниве дискови користат тунелирана магнетоотпорност (tunneling magnetoresistance) или TMR, која овозможува главата на дискот да чита патеки на растојание од 70 nm. Површинската густина е приближно 200 Gb по квадратен инч. Зголемување на густината значи податочните патеки да бидат поблизу една до друга, а пак тоа бара помали глави за читање. Како што се намалува главата, се зголемува истовремено електричниот отпор и електричниот шум. Според Hitachi истражувачите утврдиле дека зголемување на површинската густина после 500 Gb по квадратен инч користејќи TMR технологија, ќе биде тешко.

Hitachi верува дека клучот за преминување на TMR границите е да се користи CPP-GMR технологијата, во која податоците се читаат под перпендикуларен (нормален) агол, отколку на паралелна рамнина. Имплементацијата на паралелната рамнина во GMR технологија е пред моменталниот TMR стандард, и е она што овозможи зголемен капацитетот на дисковите од касните 90-ти до раните 2000 години. Двата научници кои независно го открија феноменот на гигантска магнетоотпорност (Albert Furt и Peter Grunberg) беа наградени за Нобелова награда минатата недела.

Евентуалните лимитации на паралелна рамнина GMR е она што доведе до развој на TMR и перпендикуларно снимање. CPP-GMR стандардот е нешто како враќање на старата производствена технологија, но пристапува кон проблемот за намалување на главата за читање од друг агол.

Hitachi не е единствениот производител кој работи на имплементацијата на CPP-GMR технологија, но постои несогласност уште колку ќе остане TMR производството. ДОдека Hitachi предвидува дека 500 Gb е лимитот на TMR, Seagate верува дек TMR може потенцијално да се скалира кон површински густини од 1 Tb по квадратен инч.Сепак Hitachi целосно не се концентрира на CPP-GMR иако компанијата најави планови за 50 nm глави за читање во 2009 и 30 nm во 2011, сеуште работи на подобрување на густината на TMR технологијата.
 
i7ramka.png
Intel подготвува нов процесор кој ќе биде дел од Core i7 фамилијата и ќе ја носи ознаката Core i7 960 и ќе работи на 3.2 GHz

Сите сакаме нови и брзи играчки, а Intel само што го претстави Core i5 950 пред две недели, веќе се шират гласини за нов модел на Core i7. Новиот модел треба да се појави во четвртиот квартал со име Core i7 960, ќе работи на 3.2 GHz, исто како и i7 965 EE ќе има заклучен множач, 8MB L3 кеш, интегриран triple channel DDR3 мемориски контролер и TDP од 103W. Core i7 960 се очекува да се појави со цена од 562 долари.
 
Intel Core i3 и Core i5

Гигантот Intel одлучи да ги упрости своите категории на процесори. Ќе има Core i3 (entry-level), Core i5 (mid-level) и Core i7 (high-level), кој веќе е во употреба. Гласноговорникот на Intel, Bill Calder изјави:
Ние ја фокусираме нашата стратегија околу нашиот “херојкси” бренд Intel® Core. Денес брендот Intel Core има повеќе лица.
Со тек на време Core 2 Duo и Core 2 Quad ќе си заминат, додека на нивно место ќе дојат новите Core процесори кои се провлекуваат на неколку нивоа: Intel Core i3 процесори, Intel Core i5 процесори и Intel Core i7 процесори.
Corei3 и Corei5 се претставени со цел да ја пополнат семејната структура околу Corei7.
Мора да се напомене дека Corei3 и Corei5 не се нови измислици. Туку модификации на минатите Core процесори.”
Се ова интересно звучи но овој план би се имплементира во 2010 година.
 
Novatech се спрема да објави нов преносен компјутер наменет за гејмерите, кој своите графички перформанси ќе ги должи на најсилната графичка картичка на nVidia, GeForce GTX 280M.
Novatech X1 тежи 4,9 килограми, има 18.4 инчен екран со резолуција 1920 x 1080. Корисникот при купувањето ќе има избор помеѓу Core 2 Duo или Core 2 Quad,до 4 GB RAM, една или две GeForce GTX 280M графичка картички, до три 500GB хард дискови или два 128GB SSD и DVD или Blu-Ray читач.

X1 доаѓа со 2Mpix камера, гигабитна мрежна картичка, Wi-Fi и ExpressCard слот. Се очекува да се појави на пазарот следната недела, со почетна цена од 2068,85
 
AMD - ATI во оделни настани ги представи неколкуте напредоци од нивна страна имено: новиот DX 11 GPU , новата сериа 8хх чипсети кои се први од амд кои ја користат DDR3 технологиата и новите 45nm SOI двојадрени процесори Athlon II x2 со назнаки Athlon II x2 250 i Athlon II x2 550.

За новиот DX11 GPU се знае дека представува комплетна револуциа . Тоа е поради можноста графичката процесорска единица да се користи повеке како самиот процесор од страна на развивачите на графика .
Исто така AMD - ATI ветуваат дека со DX11 чиповите ке донесат поголема реалистичност на графичките апликации преку намалување на коцкеските полигонски репрезентации исто така со овој развој се ветуваа дека ке се намали со повеке пати употребата на процесорот во графичките апликации и игрите . Новите чипови се века испратени кај произведувачите и се очекува да излезат на пазар на почетокот на Q4 оваа година.

За генарациата на 8хх чипсети на Ати - Амд веке се знае доста ... Тие сее предвидени да работат со DDR 3 мемориска технологиа до 1666 кое би значело и зголемување на преформансите на АМД процесорите и сито така зголемување на брзините на HyperTransport од сегашните 5200 MT/s ( 4000 Mhz вкупна , 2000 Mhz по канал) на 7300 МТ/s ( 2666 Mhz по канал или 5333 Mhz вкупно) во првиот приод а повеке понатаму со развојот на чипсетите .
Исто така овие чисети ке одат со новата генерациа на 8ХХ SB кои ке доаѓаат со 4ххх генарациата на интегрирани графички карти со 128 битен мемориски интерфејс .

Новите процесори на амд се само дополнување на постоечката генерациа Бидејки предходната генерациа на 65 nm процесори имаше х2 , х3 х 4 процесори ... Архитектурата е иста како таа на Phenom II класата со разликата дека Атлон класата се дво јадрени . Оперативната моќност на овие процесори ке е далеку пониска од предхоната генерациа на Athlon кои имаа 95 w TDP а новите се со 65 W TDP .


Сите овие производи ке излезат на пазар во исто време со новиот оперативен систем на микрософт Windows 7. Значи некаде кон ноември .
 
Нови мобилни графички чипови од Nvidiа

Nvidia исфрли пет нови графички чипови кои се наменети за преносните уреди, за кои тврди дека нудат двојно подобри перформанси и трошат двојно помалку енергија од досегашните модели.

newmobilenvidia.jpg


Новите мобилни графички чипови ја носат ознаката GeForce GTS 260M, GTS 250M, GT240M, GT 230M и GT 210M, а најбитно е што не се само преименувани модели кои се темелат на G92 јадрото, туку целосно нови производи. Сите нови производи се изработени со 40-нанометарски призводен процес, a донесуваат поддршка за DirectX 10.1 и GDDR5 меморија, односно понапредно управување со потрошувачката.

Најслабиот модел GeForce GT 210M поседува 16 шејдери и снага од 72 Gflops-и. Има работен такт на јадрото од 625 и 1.500 MHz на шејдерите, додека меморијата која е со капацитет од 512 MB GDDR3 работи на 800 MHz. Мемориската собирница кај овој модел е со ширина од 64 бита, додека на сите останати модели е 128 бита.​
 
USB 3.0 ќе се појави до крајот на годинава

Првиот компјутер кој ќе поседува супер брз USB контролер ќе се појави до крајот на оваа година, додека на почетокот на 2010 година треба да започне масовната испорака. Тајванските производители на компјутерски хардвер ќе бидат првите што ќе стартуваат со оваа технологија.
„Фактот дека јапонската компанија NEC Electronics работи на составување на USB 3.0 хост контролер сугерира дека првиот компјутер со овие чипови ќе се појави до крајот на годинава.“ пишува TechOn Nikkei.

Според извештајот на TechOn Nikkei, со супер брзото USB, брзината на пренос на податоци е зголемена за повеќе од десет пати во однос на USB 2.0. Брзината на USB 3.0 е 5 Gb/s, зголемена од 480Mb/s на 2.0. При презентирање на оваа технологија во Токио се покажа дека супер брзиот USB ја надмина eSATA (external SATA) технологијата и нејзината брзина од 3Gbit/s.
Се очекува обемот на производство во септември да биде милион чипови месечно. Од NEC Electronics предвидуваат дека во 2010 година ќе бидат испорачани околу 26 милиони компјутери со USB 3.0, 140 милиони во 2011, и 340 милиони во 2012.

Побрзиот трансфер на податоци ќе ја направи попрактична употребата на екстерните уреди за складирање на податоци. Од друга страна, масовната испораката на компјутери со USB 3.0, ќе ги поттикне производителите на периферни компјутерски делови што поскоро да го имплементираат новиот стандард.
 
USB МЕМОРИЈА ОД 128 GB

Kingston претстави USB меморија со капацитет од 128 GB. Освен оваа, компанијата во својата DataTraveler 200, понуди уште два модела со мемориски капацитет од 32 и 64 GB.

Димензиите на новата Kingston USB меморија е 70,39 x 12,52 x 22,78 мм, со конектор на вовлекување и ReadyBoost.
Компанијата во својот нов уред ја вгради и опцијата Password Traveler, која овозможува изработка на „безбедносни зони“ на одредени делови на меморијата. Овие зони овозможуваат заштита на податоците

Цената на новите мемории во САД изнесува 120 за моделот со најмал капацитет (32GB), 210 (64GB) и 550 американски долари, а за секој уред компанијата нуди гаранција од пет години.
 
Toshiba се предаде во војната со Blu-Ray

Недела, 19 Јули 2009 11:07 |
toshiba-logo.jpg
Toshiba поранешниот лидер на HD-DVD, смртниот непријател на Blu-Ray си го призна поразот и се предаде.

Ова не го изјавиле на прес конференција, туку со најавата дека самите ќе произведат Blu-Ray player.
Првиот Blu-Ray player од Toshiba ќе пристигне во Јапонија до крајот на оваа година. Според внатрешни извори, Blu-Ray плеерот на Toshiba ќе го носи името "BD-18".
За сега толку е познато...

Шшшш... го слушате ова... ако бидете тивки можете да ги слушнете извршните директори на Toshiba како плачат и го колнат Sony. хехе :)

HD-DVD R.I.P....​
wal-mart_blu-ray.jpg





http://www.time.mk/story_d9031edb52_article_79ef2ab847.html
 
AMD ЛАНСИРАШЕ НОВИ ПРОЦЕСОРИ

Американскиот произведувач на полупроводници AMD (Advanced Micro Devices) на пазарот лансираше пет нови процесори, пренесува францускиот електронски печат.

Станува збор за процесорите "Opteron 2423 HE" (2 GHz), "Opteron 2425 HE" (2,1 GHz), "Opteron 8425 HE" (2,1 GHz), како и процесорите "Opteron SE 8439" (2,8 GHz) и "Opteron SE 2439" (2,8 GHz). Првите три модела имаат вградена 45-нанометриска технологија, со потрошувачка на струја од 55 вати (класичните модели користат од 75 до 105 вати струја), ќе се продаваат по цена од 455 и 1.514 долари за купено парче, додека останатите два модела ќе се продаваат по цена од 2.649 и 1.019 долари.

Новите AMD процесори ќе бидат достапни во конфигурациите HP - ProLiant G6, додека Dell и IBM ќе понудат сервери со новиот процесор уште во следните неколку месеци.
 
АМД даде нови вести за новите Радеони.
Кодно име е cypress - што е вид зимзелено (анг: evergreen) дрво.
На пазарот ќе бидат лансирани во Октомври, под името Radeon HD 5850 и HD 5870
Еве и некои од спецификациите
• 1GB GDDR5 меморија
• ATI Eyefinity технолоига со поддршка за 3 монитори
• ATI Stream технологија (тоа е GPGPU)
• Дизајнирана за DirectCompute 5.0 и OpenCL (пак GPGPU)
• Побрзо (де)кодирање на видео
• DirectX 11
• OpenGL 3.1
• ATI CrossFireX™ - за повеќе графички на еден комјутер
• ATI Avivo™ HD - за ХД видео
• Подобро искористување на енергијата со ATI PowerPlay™ технологијата
• DL-DVI, DL-DVI, DisplayPort, HDMI - сите дигитални видео излези
• PCI Express® 2.0

Преведено од http://www.overclock3d.net/news.php?/gpu_displays/amd_cypress_is_radeon_5850_5870/1
со мои коментари
 
MSI меѓу Топ-10 производители на преносници

Micro Star International ( MSI ) е на добар пат да влезе меѓу 10 те најдобри производители на преносни системи во третиот квартал оваа година. Со бројка од 680 000 испорачани парчиња заостанува со само 9 000 парчиња зад Fujitsu. Во третиот квартал се очекува финална бројка од 1 000 000 продадени лап топови според истражувањата на IDC.
Интересна е и изјавата на директорот на HP " Сите стравуваме од влезот на MSI во индустијата на преносни компјутери, толкав напредок до сега во овој сектор не е забележан. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина".
:smir:
 
Најавени DirectX 11 игри

ATI се обидува да исфрли што е можно повеќе DirectX 11 наслови, но поголемиот дел од нив ќе се појaват на пазарот нешто подоцна.
Својата нова DirectX 11 генерација графички картички ATI би требало да ја претстави на 22 и 23 Септември, кога на сите начини ќе биде нагласена битноста на DirectX 11 технологијата, а причината е едноставна, АTI ја има технологијата која Nvidia ја нема (бар за сега).

За сега само четири игри поддржуваат DirectX 11: новото продолжние на Stalker, Dirt 2, Aliens vs. Predator и Battleforge. Се уште не се знае кога ќе се појават на пазарот, но се надеваме дека барем една ќе сe појави оваа година.

Кога ќе појават повеќето DirectX 11 игри на пазарот и Nvidia ќе има свои DirectX 11 производи, но ако прво на пазарот се појават игрите за конзолите, веројатно и понатаму ќе имаме само унапредени DirectX 9 игри кои ќе поддржуваат DirectX 10 или DirectX 11.
 
AMD претстави чeтири јадрен процесор за 100$

AMD го претстави својот супер поволен процесор кој чини само 99 долари. Новиот евтин четворо-глав процесор ја носи ознаката Athlon II X4 620 и ќе биде наменет за меинстрим пазарот.
Athlon II X4 се темели на AMD-K10 микро архитектурата на која се базираат Phenom и Рhenom II процесорите, но со двојно помалку транзистори од Phenom X4 II процесорите и без L3 кеш меморија, споредбено со Phenom II кој има 6MB кеш меморија. Опремен е со 512 KB L2 кеш меморија за секое јадро(вкупно 2МВ), има работен такт од 2,6 GHz и поддржува DDR2 и DDR3 меморија. Паралелно со овој процесор компанијата ќе исфрли уште еден побрз процесор со ознака Athlon II X4 630 кој работи на 2,8 GHz и ќе чини 122 долари.

amdathlon620benchmarks.jpg

Двата чипа имаат TDP од 95 W, a AMD потврдува дека некои од овие процесори ќе бидат Deneb јадра со исклучена L3 кеш меморија. Oва отвара потенцијал за дополнително отклучување на оваа кеш меморија и добивање целосен Phenom II процесор.

Само за споредба, најевтиниот Intel-ов четиријадрен процесор Q8200 чини 150 долари, а побрзиот i5-750 процесор чини околу 200 долари.

amdgamestatsrevised.jpg

Компанијата оваа серија производи ја гледа во комбинација со меинстрим платформата која се базира на 785G чипсет и интегрирана графика Radeon HD 4200, што на купувачите би требало да им пружи оптимален однос на моќ и потрошувачка за игри, мултимедија и целосна поддршка за Windows 7. Оваа десктоп платформа вклучува голем број на динамички ефикасности на моќта, можност за уживање во последниот DirectX 10.1 и ATI Stream технологиите.

"Комбинирајќи ја ефикасноста на 45nm процесори и вградените технологии за менаџмент со моќноста за ладни и тивки компјутери, платформите кои се базираат на Athlon II процесорите можат да послужат за неверојатно Blu-ray филмско искуство, користејќи помалку енергија од стандардна 75 ватна светилка," изјавија од AMD.
 
Интел се огласи пост празнично со полна кошничка . На 4 јан ги представиа за јавноста и нормално ги пуштиа во продажба новите 32 nm Јадра .
Целата оваа линиа ке се вика Clarkdale и Првите представени процесори од оваа линиа се 4 I-5 јадра , 2 I-3 јадра и еден нов „Пентиум“ . Јадрата од оваа поредица се разликиваат по тоа дали ги имаат или немаат функциите Turbo boost и Hyper threading . Сите се со интеловиот нов дизајн со 2 силиконски плочки во Самиот процесор , Од нив едната е самиот порцесорски Чип и е на 32 nm Технологиа а другата е произведена со 45 nm процес и содржи интегрирана Графичка карта ( 5 -та Генерациа на Интелови Графички карти ) , PCI-e контролер и меморискиот контролер .
Заедно со Процесорите интел ги представи и новите чипсети кои ги подржуваат . Заедно со досегашниот П55 чипсет сега се и помалите браќа H55 , Q55, H57 , Q57 .
Сите се со 1156 сокет.
Представените процесори изгледаат вака -


Processor Core Clock Cores / Threads L3 Cache Max Turbo TDP
Intel Core i5-670 3.46GHz 2 / 4 4MB 3.76GHz 73W

Intel Core i5-660 3.33GHz 2 / 4 4MB 3.60GHz 73W

Intel Core i5-650 3.20GHz 2 / 4 4MB 3.46GHz 73W

Intel Core i3-540 3.06GHz 2 / 4 4MB N/A 73W

Intel Core i3-530 2.93GHz 2 / 4 4MB N/A 73W

Intel Pentium G9650 2.80GHz 2 / 2 3MB N/A 73W
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom