Hitachi ветува 4 TB дискови до 2011
Hitachi најави дека ја разви најмалата глава за читање во харддисковите, и очекува оваа нова технологија евентуално да го зголеми капацитетот на тврдите дискови за четири пати.
Новата технологија се нарекува current-perpendicular-to-the-plane giant magneto resistive (тешко за превод!) или CPP-GMR. Денешниве дискови користат тунелирана магнетоотпорност (tunneling magnetoresistance) или TMR, која овозможува главата на дискот да чита патеки на растојание од 70 nm. Површинската густина е приближно 200 Gb по квадратен инч. Зголемување на густината значи податочните патеки да бидат поблизу една до друга, а пак тоа бара помали глави за читање. Како што се намалува главата, се зголемува истовремено електричниот отпор и електричниот шум. Според Hitachi истражувачите утврдиле дека зголемување на површинската густина после 500 Gb по квадратен инч користејќи TMR технологија, ќе биде тешко.
Hitachi верува дека клучот за преминување на TMR границите е да се користи CPP-GMR технологијата, во која податоците се читаат под перпендикуларен (нормален) агол, отколку на паралелна рамнина. Имплементацијата на паралелната рамнина во GMR технологија е пред моменталниот TMR стандард, и е она што овозможи зголемен капацитетот на дисковите од касните 90-ти до раните 2000 години. Двата научници кои независно го открија феноменот на гигантска магнетоотпорност (Albert Furt и Peter Grunberg) беа наградени за Нобелова награда минатата недела.
Евентуалните лимитации на паралелна рамнина GMR е она што доведе до развој на TMR и перпендикуларно снимање. CPP-GMR стандардот е нешто како враќање на старата производствена технологија, но пристапува кон проблемот за намалување на главата за читање од друг агол.
Hitachi не е единствениот производител кој работи на имплементацијата на CPP-GMR технологија, но постои несогласност уште колку ќе остане TMR производството. ДОдека Hitachi предвидува дека 500 Gb е лимитот на TMR, Seagate верува дек TMR може потенцијално да се скалира кон површински густини од 1 Tb по квадратен инч.Сепак Hitachi целосно не се концентрира на CPP-GMR иако компанијата најави планови за 50 nm глави за читање во 2009 и 30 nm во 2011, сеуште работи на подобрување на густината на TMR технологијата.