Хамбургерот од „Седмица“ си иба мамата

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
За хамбургерот не знам, не сум јадел хамбургер од 7ца долго време, ама затоа КОМБИНИРАН СО СЛАНИНА е врвот!
Повкусно нешто за јадење не сум пробал во живот!
 
Во Вегера не сум стапнал откако почна наместо млечен да става растителен кашавал , а истовремено ги поскпе и цените ,

Што е комплетен фалсификат, кашкавал се прави од млеко а се друго веќе не е кашкавал. Тоа што го прават сендвичарите со „кашкавалот“ од зејтин е мизерија исто како што наместо месо ставаат соја ама кој да се буни. Глуп народ ќе голта се.
 
:DЕпа има, не е само во Аеродром.Иначе супер е да, ама има и подобро
Не сум сигурен, баш ќе проверам дали има и на други места низ градов т.е. дали мислиме за истиот „Лесковац“ пошто сум сретнал многу со вакви некој слични имиња, али не е тоа тоа. :cool:
 
Што е комплетен фалсификат, кашкавал се прави од млеко а се друго веќе не е кашкавал. Тоа што го прават сендвичарите со „кашкавалот“ од зејтин е мизерија исто како што наместо месо ставаат соја ама кој да се буни. Глуп народ ќе голта се.
п.с. Маргарин и растителен кашкавал ака кашкавал од зејтин се канцерогени. Проверете на нет ако не ми верувате.
 
п.с. Маргарин и растителен кашкавал ака кашкавал од зејтин се канцерогени. Проверете на нет ако не ми верувате.
Дишењето градски воздух е канцерогено.
Ај да прекинеме да дишеме.
 
Не сум сигурен, баш ќе проверам дали има и на други места низ градов т.е. дали мислиме за истиот „Лесковац“ пошто сум сретнал многу со вакви некој слични имиња, али не е тоа тоа. :cool:
Ако мислиш на лесковачка карши Мајчин дом до старо Жан-мари, се слагам дека имаат подобри и повкусни сендвичи од Вили.
 
Дишењето градски воздух е канцерогено.
Ај да прекинеме да дишеме.
Мораш да дишеш. Не мораш да јадеш маргарин и кашкавал од зејтин. Или да ќутиме,dont rock the boat!
 
Ако мислиш на лесковачка карши Мајчин дом до старо Жан-мари, се слагам дека имаат подобри и повкусни сендвичи од Вили.
На тоа мислам да, исто има и карши ТЦ „Бисер“ само тешко дека тој ќе го најде некој што не живее у близина.. :)
 
Дишењето градски воздух е канцерогено.
Ај да прекинеме да дишеме.

Градскиот воздух е несомнено загаден ама е сепак воздух, каков таков со примеси ама никој не ти дава да дишеш метан а да ти вика дека е воздух, ќе се испоотруеш.

Со кашкавалот имаме класична измама на потрошувачите освен ако не е јасно напишано дека не е кашкавал од млеко а во повеќето сендвичари не е напишано па мораш сам да прашуваш. И плус бараат 20 денари екстра за да ми дадат оригинал што е краен безобразлук.

Кашкавалот се прави од млеко веќе 5000 години (козјо, кравјо, овчо, итн) и ако веќе се менува комплетно главната суровина со зејтин кој што притоа и се загрева тоа мора јасно да биде наведено а според мене не би ни смеело да се употребува името кашкавал затоа што носи заблуда.

Маргаринот е штетен и тоа многу и не е случајно што повеќето спортисти во уста не го ставаат.

Исто и сојата во плескавиците би требало да се забрани со закон ама машките очигледно сакаат да станат малку феминизирани.
 
Даре, со кое право го нарекуваш ова хамбургер веќе? :D Помија не му е рамна, немам јадено од седмица од фебруари негде и не жалам воопшто.

Лебот сув, желудникот ме боли после хамбургерот од тоа сојата, штедат на кечап и мајонез, уште да ти наплаќаат и за вилушката фали.
--- надополнето: Jun 2, 2011 9:39 PM ---
П.С.

Чисто да ви доловам во Road House каков хамбургер се служи со 700 грама плескавица :D

252695_2042740755772_1461933046_32300988_7754981_n.jpg


http://www.facebook.com/media/set/?set=a.188881404494930.43910.174848379231566
Дефинитивно ДА! Проблем е што до Road House треба малку да се повози, ама вреди!
 
И јас имам своја верзија и свој вкус. :) Седмица е факт дека го смали драстично квалитетот и ги зголеми цените. Но, и покрај тоа, ниту една друга сендвичара не може да се мери со неа. Тоа не е носталгија, ниту е фалбаџиство (иако не разбирам каде е тренд муабетот дека сум јадел во Седмица) туку едноставно мој личен вкус и став.

Вили Вили... Океј е Вили, сосовите знаат да дадат шмек, но она што Седмица кај мене е сепак на прво место, е помфритот кој е незаменлив и кој иако е количински помалку од порано, се уште е највеќе од сите сендивчари што добивам, поврзано со квалитетот којшто го добивам. Оние школски сендвичари може да ми дадат повеќе, ама не е тој вкусот. Плус, мајонезот во комбинација, тоа е за мене чисто порно.

Кога ќе го спомнете Вили, неверојатно е, ама сум јадел во четири различни „бутки“ на Вили во Скопје и во сите четири сум добил некултурен приод од вработените, а тоа е дефинитвно нешто коешто не можам да го смислам. Затоа Вили секогаш ми е задња опција за храна, освен коа баба ми ќе рече, ај од тие сосчињата земи. :)

Шо сакате кажете за Седмица, таа останува бренд на Скопје. :)
 
Колку пари е чудово во Road House?
На менито што го постираше FlameOfSpirit пишува хамбургер 70, а овој може е специјален, ама поише од 100 не би идело, земајќи ги предвид останатите цени :)
 
Во седмица останаа само стајте повеќе ќечап и мајонез дечките. Баш намерно јадев само плескавица и... Беше без вкус ( исто е и со мекдоналдс плескавицата )
Виќендов мора да се посети Road House.
 
Седмица се усраа, плескавицата не личи на ништо, има некој глуп, чуден вкус, како да има повеќе лебни трошки во неа него месо(упс соја). Имам информации дека смесата за плескавицата се прави главно од натопен леб...и после ај иди јади од 7-мица пак? Немам јадено одамна, последниот пат кога јадев ќе се задавев од што беше суво, на кечап и мајонез штедат ко егејци. Затоа, златно вили, ем вкусно, знаеш дека плескавицата е од чисто месо + ги имаат експандирано и лепчињата и лесковачките у последно време, не штедат на сосови..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom