Хамбургерот од „Седмица“ си иба мамата

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Немав купено хамбургер од Седмица којзнае од кога. Од хамбургерот купен вечерва, си викам WTF се случило со хамбургерот кој две децении беше поим за хамбургер? Само што го изедов еден од најгрозните хамбургери кои некогаш сум ги изел, а воедно најскапо платен.

Лепчето
Ако порано сендвичот беше џиновски и убедливо најголем, лепчето сега е намалено и е со големина како во било која чкарт сендвичара. И беше суво и бајато.

Кечап и мајонез
Ако порано хамбургерот гргаше од кечап и мајонез и кога ќе гризнеш џвркаше сочно на сите страни, сега хамбургерот е ко да го фатила суша. Суво лепче + дефицит на кечап и мајонез, залаците одвај проаѓаат низ грло. Без 2-3 чаши кока кола за да ги подбутнувате залаците, постои опасност да се задавите.

Плескавицата
Намалена во дијаметар исто како и лепчето (што значи и во грамажа), а сменета и смесата. Ми личеше на вкус како смесата да има повеќе леб отколку месо.

Дефинитивно последен пат фрлени 130 денари за хамбургер од Седмица.
 
^ word`up!
Затоа си земав стек. И ја се заебав со плескавицата.
 
Единствено квалитетно што остана од 7-ца е помфритот,мајонезот и евентуално пирошката...........се друго со се цените е за во канта.
 
Или тоа, или си пораснал бааги у последно време. :D

Шала настрана, ама дефинитивно 130 денари е премногу (последен пат кога јадев таму беше 120 или сум заборавил).
Изгледа како во последно време не се троши многу храна во седмица, па затоа остануваат лепчињата од претходниот ден и не можат наредниот да се потрошат.
 
Даре, со кое право го нарекуваш ова хамбургер веќе? :D Помија не му е рамна, немам јадено од седмица од фебруари негде и не жалам воопшто.

Лебот сув, желудникот ме боли после хамбургерот од тоа сојата, штедат на кечап и мајонез, уште да ти наплаќаат и за вилушката фали.
--- надополнето: Jun 2, 2011 9:39 PM ---
П.С.

Чисто да ви доловам во Road House каков хамбургер се служи со 700 грама плескавица :D

252695_2042740755772_1461933046_32300988_7754981_n.jpg


http://www.facebook.com/media/set/?set=a.188881404494930.43910.174848379231566
 
Вили е Д Бест :) Најади се ко човек за 100че а хамбургерот во 7ца не вреди ни за 50!:notworthy:
 
Нема место у градов кое не ја има сјебано храната и место кое не ја покачило цената.Ни седмица не е имуна на тој тренд на заебување.Вили се држи и само од таму уште ми е мерак да си зеам нешто.Иначе Седмица долго време е чкарт,у задњиве 3 години само 3-4 пати иам јадено.Порано знаев особено преку лето секој ден да висам таму,сега јок.Ем скапо,ем добиваш шит.
 
Не го фурајте вили, не е ни он нешо поарен.
Абе не е, али у недостиг на квалитетна храна низ градов Вили у моментов се издвојува. ;)
 
Нема место у градов кое не ја има сјебано храната и место кое не ја покачило цената.Ни седмица не е имуна на тој тренд на заебување.Вили се држи и само од таму уште ми е мерак да си зеам нешто.Иначе Седмица долго време е чкарт,у задњиве 3 години само 3-4 пати иам јадено.Порано знаев особено преку лето секој ден да висам таму,сега јок.Ем скапо,ем добиваш шит.
Тоа е синдромот. Ај седмица постои 2 децении, али другиве - ќе отворат, ќе видат дека ќе им тргне, ќе се полакомат и ќе скратат на мастраф, на големина и ќе усерат се.
 
Вегера,Специјал,Седмица,пицерииве низ градот,Стоилко и тие околу него........сите ја поебаа храната,а поскапеа маме им ебам.....
 
700 грама плескавица? Бројкиве се точни, или мала грешка?

Точни се, точни се, огромна е и плескавицата и лепчето, види ги сликите од линкот :))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom