Хаџи Ристески под истрага

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е работата дали ќе му најдат нелегалности. И дете од две години да испитува ќе му најде криминал. Работата е дали сакаат да го тргнат од функција. Штом го ставиле под истрага да се надеваме ќе го тргнат па да се надеваме дека ќе го замени некој асолен.
 
Фала курцу... Само да го отстранат, да не се извади ... имам добро претчуство :) Дај боже да го сменат цело ФФМ, посебно Хаџи...
 
Хаџи-Ристески: Велија ме уценува

Пред една недела добив ултиматум со кој ми се заканија ако не се повлечам дека ќе почнат да пукаат против мене, вели претседателот на ФФМ

E08EF0CD4F1FCC4F8D804EE91D366A0E.jpg
Фудбалската федерација на Македонија е постојано на тапет и чести се бранувањата за промени. Како што се ближи денот за изборното собрание на ФФМ, бидејќи мандатот на оваа фудбалска влада истекува на 1 октомври, кај многумина се јавуваат аспирации за челната позиција во овој најпопуларен и најбогат спорт кај нас.
Пропустите и грешките во работата на Федерација, резултатите на натпреварите, како и некои други зделки повторно испливаа на површината и станаа медиумска вест. На удар е нормално претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески.
- Нападите се желба на газдата на А1 телевизија, Велија Рамковски, кој сака да стане лидер на спортот како што е лидер на млекарите, кромидарите и лозарите. Посакува да постави свој човек на чело на ФФМ, беше првата реакција на Хаџи-Ристески во телефонскиот разговор на обвинувањата за наводно координираната истрага на полициските институции за неговото работење.
- Не го испочитував ултиматумот, заканите и уцените што ги добив пред една недела. Тогаш побараа во овој рок да се изјаснам дали ќе се повлечам од претседателската функција, во спротивно ќе почнат да пукаат по мене и ФФМ. Рамислувам да поднесам и кривична пријава, бидејќи имам сведоци за целата работа, додава Хаџи-Ристески.
За обвинувањето околу ненумерираните билети за пријателскиот натпревар со Шпанија, наводното перење на пари, финансиски измами, прикривање странски донации, неуплатени пари од продажба на билети, што се изнесени против него и фудбалската федерација, тој вели:
- Нема ни тронка вистина во сите тие обвинувања. Проблемот со билетите за Шпанија е само што ги препечативме. Се друго е бајато, испитано и проверено од МВР и инспекциите. Користењето на стари обвинувања е веќе видена работа.
Од МВР вчера потврдија дека во моментов нема истрага во Фудбалската федерација на Македонија. Сепак, по казнувањето на Победа за местење на натпревари и документација од УЕФА што беше доставена до МВР околу сомневањата вмешаност со местење резултати и на Работнички, Вардар и Милано, министерката Гордана Јанкуловска најави целосна истрага. Дури најавено е и формирање на обвинение, според кое не е исклучена можноста со пријавата да биде опфатено и перењето пари и злоупотреба на службената функција.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BF3171FEF4204C46BD60300A10670F78



Ако сака и лидер на Марсовците нека биде, само моронот да се тргне, оти со фудбалот веке го минавме и дното!
 
Нема некој да каже нешто во одбрана на Хари? :nenene: Секако дека нема.
Тешко да го сменат. Има корени пуштено и тоа длабоки. И од затвор ќе може да ја води федерацијата.
За жал. :toe:
 
Не е проблемот само хари потер во целиов циркус од федерација, не може сам да прави тоа што го прави ама дај боже да го фатат. Се надевам дека ќе се исчисти целото ѓубре од таму.
 
daj boze da go osudat 30 godini zatvor i da skine konci vo idrizovo kopile najgolemo :drk:
 
И ова е до некаде точно, колку шо разбра!:toe:
Веки е познат по вакви “атентати“, ама па друго оружје немаме, така да итс фајн бај ме!:toe:

Поарно така отколку никако изгледа Хари идиотот нема видено колку го „обожаваат“ македонските фанови.
 
Поарно така отколку никако изгледа Хари идиотот нема видено колку го „обожаваат“ македонските фанови.


Не ми е јасно како до сега не му текнало на Веки да прошета низ градовите и да снима интервју со секој од навивачките групи, да виде Хари колкава е љубовта према него!:toe:


Обично го бива Веки за такви работи!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom