B
Blacks
Гостин
Гледам нема тема за еден од најважните аспекти од играта т.е приказната па решив да отворам.
War of the ancients (Well of eternity)
Во ова прво поглавје на оваа епска трилогија, исходот на историската Војна на древните (War of the Ancients) е засекогаш изменет со пристигањето на тројца временски изгубени херои: Krasus, змејот волшебник чија што огромна моќ и сеќавања на древниот конфликт неочекувано се исчезнати, човечкиот магиончар Rhonin, чии што мисли се делумно поделени помеѓу неговата фамилија и заводливиот извор на неговата растечка моќ и Broxigar ветеран воин орк којшто бара славна смрт во битка. Но ако овие непосакувани сојузници не успеат да го убедат Cenarius и скептичните ноќни елфови (Night Elves) за предавството на нивната кралицаAzshara , порталот на демонската супер сила (The Burning Legion) ќе биде наново отворен и овој пат борбите на минатото ќе се истурат и врз иднината...
War of The Ancients (The Demon Soul)
Ноќните елфови предводени од младиот друид, Malfurion Stormrage, и волшебникот, Krasus, водат очајна битка за да го запрат масакрот на Легијата. Иако надежта е мала, древна моќ се издигна да му помогне на светот во ова мрачно време. Змејовите предводени од моќниот Neltharion(водач на црните змејови, чувари на земјата и нејзините длабочини) направија оружје со непресметлива моќ:the Dragon Soul, артифакт способен да ја истера Легијата демони од светот засекогаш. Но неговата употреба може да чини многу повеќе одколку што бил кој можеше да предвиди...
War of the Ancients (The Sundering)
Елфовите се скршени од загубата на нивниот генерал. Црниот змеј, Neltharion го зеде моќниот Demon Soul и ги срози моќните змејови. Згора на сето тоа демонскиот лорд, Archimonde, ја предводеше Легијата на демони скоро до победа над Калимдор. Како што земјата и нејзините населеници се ужаснети од ова незапирливо зло, терор најголем од се друго се приближува се поблиско од длабочините на Well of Eternity... Во последното апокалиптичко поглавје на оваа епска трилогија, змејот волшебник Krasus и младиот друид Malfurion ќе мораат да ризикуваат се за да го спасат Азерот од целосна деструкција. Соединувајќи ги силите со дварфовите, таурените и фурболзите, хероите се надеваат да склопат алијанса која ќе биде доволно силна да и потпре на Легијата затоа што ако Demon Soul падне во рацете на демоните секаква надеж за светот ќе биде изгубена. Значи ова е часот кога минатото и сегашноста ќе се судрат!! ...
Заклучок: Дефинитивно вреди да се прочитат од страна на секој фан на фантазиски романи не само за играчи на World of Warcraft. Прекрасни книги напишани од автор на повеќе бестселери Richard Knaak. На начинот на којшто објаснува целосно влегувате во приказната со секој прочитан збор. Ова се едни од тие книги кои се читаат на првото седнување. Барем така беше за мене. А за тие што играат WoW играта дефинитивно ќе им стане поинтересна откако ќе ги прочитаат овие ремек дела.
Ќе постирам уште книги но сега немам време.
Кој сака линк за download нека пише ПП.
Поздрав