World of Warcraft Romani !!

  • Креатор на темата Креатор на темата Blacks
  • Време на започнување Време на започнување
B

Blacks

Гостин
Гледам нема тема за еден од најважните аспекти од играта т.е приказната па решив да отворам.

War of the ancients (Well of eternity)

BIG%20-%20KnW%20-%20WoA1.jpg


Во ова прво поглавје на оваа епска трилогија, исходот на историската Војна на древните (War of the Ancients) е засекогаш изменет со пристигањето на тројца временски изгубени херои: Krasus, змејот волшебник чија што огромна моќ и сеќавања на древниот конфликт неочекувано се исчезнати, човечкиот магиончар Rhonin, чии што мисли се делумно поделени помеѓу неговата фамилија и заводливиот извор на неговата растечка моќ и Broxigar ветеран воин орк којшто бара славна смрт во битка. Но ако овие непосакувани сојузници не успеат да го убедат Cenarius и скептичните ноќни елфови (Night Elves) за предавството на нивната кралицаAzshara , порталот на демонската супер сила (The Burning Legion) ќе биде наново отворен и овој пат борбите на минатото ќе се истурат и врз иднината...


War of The Ancients (The Demon Soul)

demonsoul.jpg


Ноќните елфови предводени од младиот друид, Malfurion Stormrage, и волшебникот, Krasus, водат очајна битка за да го запрат масакрот на Легијата. Иако надежта е мала, древна моќ се издигна да му помогне на светот во ова мрачно време. Змејовите предводени од моќниот Neltharion(водач на црните змејови, чувари на земјата и нејзините длабочини) направија оружје со непресметлива моќ:the Dragon Soul, артифакт способен да ја истера Легијата демони од светот засекогаш. Но неговата употреба може да чини многу повеќе одколку што бил кој можеше да предвиди...


War of the Ancients (The Sundering)

sundering.jpg


Елфовите се скршени од загубата на нивниот генерал. Црниот змеј, Neltharion го зеде моќниот Demon Soul и ги срози моќните змејови. Згора на сето тоа демонскиот лорд, Archimonde, ја предводеше Легијата на демони скоро до победа над Калимдор. Како што земјата и нејзините населеници се ужаснети од ова незапирливо зло, терор најголем од се друго се приближува се поблиско од длабочините на Well of Eternity... Во последното апокалиптичко поглавје на оваа епска трилогија, змејот волшебник Krasus и младиот друид Malfurion ќе мораат да ризикуваат се за да го спасат Азерот од целосна деструкција. Соединувајќи ги силите со дварфовите, таурените и фурболзите, хероите се надеваат да склопат алијанса која ќе биде доволно силна да и потпре на Легијата затоа што ако Demon Soul падне во рацете на демоните секаква надеж за светот ќе биде изгубена. Значи ова е часот кога минатото и сегашноста ќе се судрат!! ...



Заклучок: Дефинитивно вреди да се прочитат од страна на секој фан на фантазиски романи не само за играчи на World of Warcraft. Прекрасни книги напишани од автор на повеќе бестселери Richard Knaak. На начинот на којшто објаснува целосно влегувате во приказната со секој прочитан збор. Ова се едни од тие книги кои се читаат на првото седнување. Барем така беше за мене. А за тие што играат WoW играта дефинитивно ќе им стане поинтересна откако ќе ги прочитаат овие ремек дела.

Ќе постирам уште книги но сега немам време.

Кој сака линк за download нека пише ПП.

Поздрав



 
Романите се ЛУДНИЦА! ептен јаки приказни.. кој што сака нека збори дека се за WOW (има такви луѓе одма ќе чујат дека е за WOW и одма "пфф" ќе ти каже..)
приказните се феноменални, ептен јака работа.. LOTR бурек да јаде може :vozbud:
 
Одлична тема Блекс. Јас горе-долу ја знам приказната али има некој работи кој што не ми се јасни, а и + овие книги добро ќе ми дојдат за исполнување на слободно време.
 
Добро сега и ЛОТР се лудница но според мене Warcraft книгите ако не друго можат да бидат рамо до рамо со Толкиновата трилогија.

Еве уште една:

Of Blood And Honor

warcraftobh-large.jpg


[FONT=&quot]Паладинот [/FONT][FONT=&quot]Tirion Fordring[/FONT][FONT=&quot] одсекогаш верувал дека орките се насилни и корумпирани, но еден неочекуван акт на чест и сомилување активираат ланец на настани кои ќе ги предизвикаат неговите темелни убедувања за да одлучи еднаш засекогаш, кои се луѓето... и кои се монструмите.

Оваа е мојата прва прочитана WoW книга и морам да кажам дека не ме остави рамнодушен. Во неа се спомнати и Uther Lightbringer, Arthas и Thrall но главната приказна не се врти околу нив.

Кој сака линк за download... ПП..

Поздрав
[/FONT]


Одлична тема Блекс. Јас горе-долу ја знам приказната али има некој работи кој што не ми се јасни, а и + овие книги добро ќе ми дојдат за исполнување на слободно време.

Верувај играта стварно ќе ти стане поинтересна одкако ќе прочиташ барем дел од книгите.

Уште една (претпоставувам) добра книга пошто уште не ми е прочитана.

Tides of Darkness

372px-Image-Wow-tides-of-darkness-cover.jpg


Откако го убива Warchief Blackhand, Orgrim Doomhammer (татко му на Thrall, по него е крстен Orgrimmar) набрзина ја превзема контролата врз Хордата. Сега тој е одлучен да го освои цел Азерот за неговите луѓе повторно да имаат дом...

... Anduin Lothar поранешен Шампион на Stormwind, ја напушта својата распарчена татковина и ги води неговите луѓе преку Големото Море до бреговите на Lordaeron. Таму, со помошта на благородниот Крал Terenas, тој прави моќна Алијанса со другите човечки нации. Но дури ни тоа можеби нема да биде доволно да ја спречи Хордата.
Елфови, Дварфови и Тролови влегуваат во сенка во споредба со двете нации кои ќе се борат за доминација. Дали благородната Алијанса ќе победи, или плимата на темнината на Хордата ќе ја конзумира целата слобода на Азерот?
 
Романите се ЛУДНИЦА! ептен јаки приказни.. кој што сака нека збори дека се за WOW (има такви луѓе одма ќе чујат дека е за WOW и одма "пфф" ќе ти каже..)
приказните се феноменални, ептен јака работа.. LOTR бурек да јаде може :vozbud:

Добро сега и ЛОТР се лудница но според мене Warcraft книгите ако не друго можат да бидат рамо до рамо со Толкиновата трилогија.

Не зборете такви ствари, ќе ве напунат со црвени :pos:
Јас кога ги спомнав овие книги (на не знам која тема) пола репутација ми отиде јабана :pos:

Книгите се феноменални. Имам прочитано голем дел од нив. Ги штампав дома и ги укоричував. Уште ми стојат дома во фиока.
Ако ги имаш сите во пакет, праќај обавезно :)
 
Јас имам едно прашање на кое ни гејм мастер незнаеше да ми одговори :)

Кој е Eddward the Odd ? Батето постој во играта и во приказната...сигурно сте слушнале за прстените на Eddward the Odd, мејс , бек итн итн.
 
Едвард сеуште се нема појавено во WoW но го има како карта во WoW TCG: Trading card game. Мистериозна фаца :)
 
Едвард сеуште се нема појавено во WoW но го има како карта во WoW TCG: Trading card game. Мистериозна фаца :)

И јас прочитав на wowwiki :) Муабетот ми е од кај такви прстени во него.

А и уште едно, од кај најдоја гоблините таква јака опрема како шо е пвп опремата. Од кај ја ископаја само... Ако ви текнува на опремата од ТБЦ..

Brutal Gladiator's Slicer 224-337dmg, speed 2.6 , 107,9 dps ..
Warglaive од Илидан 214-398dmg, speed 2.8 , 109,3 dps ..

А и брутал честот за вориор појак од Т6 ...
 
И јас прочитав на wowwiki :) Муабетот ми е од кај такви прстени во него.

А и уште едно, од кај најдоја гоблините таква јака опрема како шо е пвп опремата. Од кај ја ископаја само... Ако ви текнува на опремата од ТБЦ..

Brutal Gladiator's Slicer 224-337dmg, speed 2.6 , 107,9 dps ..
Warglaive од Илидан 214-398dmg, speed 2.8 , 109,3 dps ..

А и брутал честот за вориор појак од Т6 ...

А бе гоблините се smugglers! можат се и сешто да ти најдат. Треба да ги прашам за GC маму му јебем :) .
 
Најверојатно и Ashbringer романот е многу добар...
 
Сите книги ги имам прочитано...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom