Work and travel USA

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Mene me interesira dali nekoj imal kazni za brzo vozenje i parking vo USA i dokolku ne gi plati dali imal problemi na aerodrom?
можам да претпоставам само дека да :) не фаќајме за збор бидејки не сум сретнал таков случај до сега но например доколки имаш само 1 казна (да речеме за паркинг) доколку појдеш во полициска станица и разговараш со луѓето можат и да ти ја поништат :)
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Една молба. Може ли некој кој што знае да ми објасни кои се чекорите и што се треба да се направи за да се замине преку која било од агенцииве. Значи се чекор по чекор од одење во агенција до заминување. Читав нешто на страницата на Викинг ама некако се ми е конфузно објаснето :confused: Фала однапред.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Една молба. Може ли некој кој што знае да ми објасни кои се чекорите и што се треба да се направи за да се замине преку која било од агенцииве. Значи се чекор по чекор од одење во агенција до заминување. Читав нешто на страницата на Викинг ама некако се ми е конфузно објаснето :confused: Фала однапред.
Одиш во агенција и тие ти кажват се шо треба ... Поедноставно не можи да биди!
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Една молба. Може ли некој кој што знае да ми објасни кои се чекорите и што се треба да се направи за да се замине преку која било од агенцииве. Значи се чекор по чекор од одење во агенција до заминување. Читав нешто на страницата на Викинг ама некако се ми е конфузно објаснето :confused: Фала однапред.
се распрашуваш по агенции
избираш агенција
пополнуваш апликација
те интервјуираат за познавање на јазикот (и со тоа некаде плаќаш 1200 ден)
плаќаш депозит
носиш мала сликичка
носиш потврда за редовен студент
чекаш саем со работодавци
избираш за каде ќе аплицираш
аплицираш
те избираат или не (ако не си бараш др работа)
ако те изберат тогаш ...
го плаќаш остатокот ...
плаќаш за СЕВИС 35 долари
плаќаш 12 долари за пин
плаќаш во комерцијална банка за виза

... носиш:
потврда за редовен студент
потврда за вработување и примањата на родителите
плаќаш за превод 500 ден (не е во сите агенции вака)
носиш копија од индекс и оригинал
носиш уверение за испити ако немаш индекс(за ова плаќаш за превод)
пополнуваш на интернет мислам дека беше D 160 формулар (или некој си друг број)
им ја носиш потврдата испринтана

одиш на интервју во амбасада

ако ти дадат виза .. пасошот по некој ден си го земаш од агенција
ако те одбојат .. одма ти го враќаат пасошот, потврдата за севис, индекс ако имаш оставено, сите потврди и слично

се качуваш на авион .. и аста ла виста македонија :)

се надевам не испуштив некој чекор
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Дечки ме интересира дали имате информација, како вонреден студент дали може да се пријавам за работа во САД, и ако може, во која агенција. И кога треба да се аплицира за работава? Негде јануари-февруари или?
 
За Work and Travel не можеш. Освен ако теткицата од студентски не е така фина па да ти издаде потврда дека си редовен студент.
 
thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
се распрашуваш по агенции
избираш агенција
пополнуваш апликација
те интервјуираат за познавање на јазикот (и со тоа некаде плаќаш 1200 ден)
плаќаш депозит
носиш мала сликичка
носиш потврда за редовен студент
чекаш саем со работодавци
избираш за каде ќе аплицираш
аплицираш
те избираат или не (ако не си бараш др работа)
ако те изберат тогаш ...
го плаќаш остатокот ...
плаќаш за СЕВИС 35 долари
плаќаш 12 долари за пин
плаќаш во комерцијална банка за виза

... носиш:
потврда за редовен студент
потврда за вработување и примањата на родителите
плаќаш за превод 500 ден (не е во сите агенции вака)
носиш копија од индекс и оригинал
носиш уверение за испити ако немаш индекс(за ова плаќаш за превод)
пополнуваш на интернет мислам дека беше D 160 формулар (или некој си друг број)
им ја носиш потврдата испринтана

одиш на интервју во амбасада

ако ти дадат виза .. пасошот по некој ден си го земаш од агенција
ако те одбојат .. одма ти го враќаат пасошот, потврдата за севис, индекс ако имаш оставено, сите потврди и слично

се качуваш на авион .. и аста ла виста македонија :)

се надевам не испуштив некој чекор
Вкупни трошоци, отприлика?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Вкупни трошоци, отприлика?
Зависи преку која агенција

850-1200 долари за програмата
140 долари мислам дека беше за виза...или 131?!?
12 долари за ПИН
35 долари за СЕВИС
некои ситни трошоци ..како 300 денари за сликање (треба по посебни критериуми да се сликаш), за преводи, потврди, уверенија...

авио карта ............

друго не ми текнува
 
Член од
16 март 2009
Мислења
18
Поени од реакции
1
Читав сте пишувале нешто за вадење на лична карта додека си во САД...Може некој да ми појасни како оди тоа? Кај треба да поднесеме за вадење на такви лични карти?Ај да го презентирам мојот случај...Заминав преку ворк анд травел, ама не бев задоволна на местото каде што работев и заминав на друго место, најдов работа, но ЦИЕЕ, мојот спонзор, ми прават проблеми...Значи не сакаа да се согласат со тоа што си заминав од првото работно место и ми рекоа дека ме исклучуваат од програмата и дека со тоа ја губам визата и здраственото осигурување...Значи сега фактички јас сум нелегално во САД...Затоа и сакам да останам малку подолго барем да заработам уште некој долар зошто и онака ми рекоа дека со тоа што ми ја укинуваат визата јас го губам правото за добивње на виза во иднина...Сега за сега нема да имам проблем со полиција, заради тоа што и да ми го проверат пасошот визата сеуште си стое, а тие сигурно нема да проверуваат дали визата е укината или не...Но за понатаму ми треба лична карта на која што нема д аима expiration date :D Затоа ме интересира целосна процедура за вадење на таква лична карта...И дали прават проверки на визата, т.е. дали бараат податоци за тоа дали визата е важечка или не...
 
Колку што знам во Америка нема лична карта. Такво нешто официјално не постои. За идентификација користат пасош или возачка. Возачка тешко ќе извадиш, скори и невозможно.
Доволно би ти било да ја носиш SSN картичката со тебе. Мене не ми правеа проблем кога ме идентификуваа а за тоа покажав само ССН.
 
T

Tetro

Гостин

Зошто невозможно?
Имам пријател кој за два месеци откако стапна на Америчка земја, си полагаше за возач на камион и одма му дадоа возачка. Па, после се пофали дека таму полагањето било поефтино и побрзо за разлика од тука.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Зошто невозможно?
Имам пријател кој за два месеци откако стапна на Америчка земја, си полагаше за возач на камион и одма му дадоа возачка. Па, после се пофали дека таму полагањето било поефтино и побрзо за разлика од тука.
Затоа што е илегалец(y)
.............Значи сега фактички јас сум нелегално во САД...Затоа и сакам да останам малку подолго барем да заработам уште некој долар зошто и онака ми рекоа дека со тоа што ми ја укинуваат визата јас го губам правото за добивње на виза во иднина...Сега за сега нема да имам проблем со полиција, заради тоа што и да ми го проверат пасошот визата сеуште си стое, а тие сигурно нема да проверуваат дали визата е укината или не...Но за понатаму ми треба лична карта на која што нема д аима expiration date :D Затоа ме интересира целосна процедура за вадење на таква лична карта...И дали прават проверки на визата, т.е. дали бараат податоци за тоа дали визата е важечка или не...
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Илегалноста не значи ништо за вадење на возачка дозвола во ес-а-де. Илегалците во ес-а-де ги бркаат само и само Имиграционите органи. ;)
Значи вака

За да извади возачка и треба SSN, но тaa одма заминалa од таму, не знам дали има SSN. Некаде бараат заедно и SSN и SSA-L676 не постар од 30 дена
И треба и документ од USCIS за да докаже дека е легално таму.:)
А повеќе од очигледно е дека е нелегално.

Па многу вадат возачка, ама додека не им е истечена визата :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom