Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво
Дали некој од вас знае како можам да откажам купена карта преку wizz?
 
Јас лани летав преку Милано за Мадрид, со тоа што имав преспивање во Милано. Одев на фестивал во Мадрид.
Милано на пасошка до толку ме истормозија што ми бараа карти за фестивалот да им покажам, кој настапува, повратна карта за назад....беља работа, се ми беше на мејл а немав ни интернет. После 1 сат излегов едвај. А дупната од шетање сум, и визи во пасошот и се, ама џабе некоаш ќе се закантраносаат како за инает.

На Скавста многу тормозат. Априлот сестра ми идаше на гости, и спремив писмо со мој податоци се, абе ја утепаа. На крај мене ми се јавија од граничната полција таму, дали си тука на аеродромов да дојдеш и ти на испрашување :cautious::cautious::cautious:
Милано Малпенса?Можда поади ппреспивањето.
Скроз обратно искуство - две минути печати и терај.Велам за самата пасошка контрола, бескрајните редици од саат и пол ±(и активни 2 од 7-8 шалтери со полиција) без коментар.:cautious:
 
Здраво

Првпат патувам со авион преку Wizzair кадешто ми треба лет во еден правец од Скопје до Белгија.
Сега при резервирањето како да се чекирам со кој пасош ?

1.Јас имам македонски и бугарски пасош, а последен пат влегов во Македонија со македоснки пасош т.е во систем сум така внесен на граница. Има врска Check-In со граничарот на аеродромот ?

2.Пример ако го резервирам билетот со бугарски пасош да не ми направат проблем на аеродромот тука во Скопје (полицаецот/граничарот) демек дечко те нема во систем тебе ? Како си влегол во Македонија со бугарскиот ако го извадам ? Ќе ме сметаат како бугарин на црно што влегов во Македонија ?

3.И исто така дали при слетување во Белгија ќе ми го гледаат билетот постои Check-In или само на граница си одам(на самиот аеродром)

Фала
 
Од организација ми букираа карти на мое име, Виз приорити, ми пратија бројче за резервација и сето тоа, ама не ми селектирале седишта при купувањето. Има шанси некако да си резервирам седиште сега јас или треба да чекам додека да се отвори чек-ин?
 
Откажал некој од вас лет? Закажан е за крај на јули.
 
Здраво
Дали некој од вас знае како можам да откажам купена карта преку wizz?

Откажал некој од вас лет? Закажан е за крај на јули.
Ако добро се сеќавам откажување на лет и да ти вратат пари е возможно само ако имаш купено флекс карта, ама провери за секој случај во фак делот на нивната страна
 
Здраво, нова сум на форумот. Прв пат ќе патувам со авион и ми е потребна помош..
Ја чекирав картата, но добив " this is not a boarding pass" , потоа дознав дека кога патуваме за Германија, немало проблем, требало само листот да се носе со себе и веднаш картите ни ги принтале на аеродромот..

Е сега кога ја разгледав мојата "карта" - сум напишала во travel document- passport a шифрата долу сум ја внесила од личната карта како и датумот на истекување на истата... Многу се плашам, сигурно ќе ми прават проблеми на аеродромот, не знам ни како повторно да пробам да ја чекирам...Иначе имам платено priority pass преку wizz air и пасошот и личната карта ми се во ред и стварно не знам што даправм..
 
Кога патуваш од Скопје нема потреба за boarding pass, така да ти треба само пасошот.

Во местото за travel document секако мора пасош да биде означено затоа што Македонија е нон-еу, и како таква мора да патуваме со пасош.
Најдобро би ти било да се јавиш во контакт центарот и да им објасниш каква грешка си направила.
Незнам дали треба нешто екстра да се плати ама секако ќе ти објаснат они.
Повторно чекирање неможеш да направиш.
 
Здраво, ме интересира, ако некој знае, дали може да се направи промена на аеродромот на веќе купена карта. Значи на пр. да не се качам во Минхен за назад, туку пример од Берлин, со wizz air секако. Фала многу!
 
НЕ
 
Ако ти е wizz flex можеш :)
 
Дали може во кабинскиот куфер што се добива со приорити да се носи керамички украс? Би носела и стаклена свеќа за подарок, но да не прават проблеми?
 
Дали може во кабинскиот куфер што се добива со приорити да се носи керамички украс? Би носела и стаклена свеќа за подарок, но да не прават проблеми?

ako procenat deka moze da se upotrebi kako oruzje (ako e ostra) togas da

jas ne bi nosel, cesto duri i zapalki se zaplenuvaat taka sa ne e dobra ideja
 
koga se registriras na stranata zadolzitelno pole e da vnesis drzavjanstvo - i nema makedonsko ili severno makedonsko itn.. a ja ima makedonija kako drzava pogore vo country selection
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom