Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
50992716_390863355076150_1450292816704962560_n.jpg

Дечки знае некој зашо не може да се чекира картава?
 
Passengers need to check-in at the airport

Со големи букви ја пишува првата реченица :D Значи чекирањето се врши на самиот шалтер на аеродромот БЕСПЛАТНО. Според тоа што ти бара да се чекираш на аеродром, претпоставувам леташ за Германија :)
 
Kamo ja da letav :D
 
Сигурно некој го има прашано истово прашање, ама прв пат летам па ај. Ранецот ми е некој сантим поголем, мислам не би имало проблем да се стутка и собере али дали го мерат буквално точно?
 
Сигурно некој го има прашано истово прашање, ама прв пат летам па ај. Ранецот ми е некој сантим поголем, мислам не би имало проблем да се стутка и собере али дали го мерат буквално точно?

Од мое искуство до сега ми немаат напрвено проблеми, освен за килажа на куфер. Баш пред некој ден патував и ранецот ми беше малце поголем од што треба, супер пројдов.
 
Сигурно некој го има прашано истово прашање, ама прв пат летам па ај. Ранецот ми е некој сантим поголем, мислам не би имало проблем да се стутка и собере али дали го мерат буквално точно?
Не го препунувај за да можеш да го стиснеш ако мерат, не се мери со метро него треба да ти го собере во еден калап, дали прават проблем зависи од тоа каков бил сексот претходната вечер ако е задоволен/а ќе поминеш без проблем дури и слон да носиш
 
Земав карти за Рим за во мај. На што да припазам од Чампино до градот?
Превоз, комбе, автобуси?
 
Земав карти за Рим за во мај. На што да припазам од Чампино до градот?
Превоз, комбе, автобуси?

Автобус. Кога ке испаднаш на главниот излез на аеродромот имаш автобуси кој чекаат за превоз до Термини. Значи одат дирекно до Термини, не застануваат на други места. Карта во еден правец ти е 6е
 
Земав карти за Рим за во мај. На што да припазам од Чампино до градот?
Превоз, комбе, автобуси?
https://www.martinibed.com/en/bus-520-new-link-metro-a-ciampino-airport/
Има и една друга варијанта која ние ја изведовме.
На аеродромот Чампино застанува градски автобус со број 520 тој вози до метро станиците Субаугуста и Синесита.
Купуваш карта бус/метро која чини 1,5 еур и 100 мин.
Влегуваш во 520 до метро синесита или субаугуста и со истата карта се возиш и во метро до станицата која ти е најблиску до вашето сместување.
 
Karta slika-2.jpg Здраво на сите! Ве молам за помош! "Се чекирав" и претходно резервирав седишта, но на картата не ми излегува бројот на седиште а и ова не ми личи на карта која е чекирана преку интернет...
Дали треба да чекам 48 часа за да се смени нешто или со оваа карта ќе треба да идам на шалтер?
Ви Благодарам однапред!
Секое Добро.
 
Прегледај го приврзокот 205341 Здраво на сите! Ве молам за помош! "Се чекирав" и претходно резервирав седишта, но на картата не ми излегува бројот на седиште а и ова не ми личи на карта која е чекирана преку интернет...
Дали треба да чекам 48 часа за да се смени нешто или со оваа карта ќе треба да идам на шалтер?
Ви Благодарам однапред!
Секое Добро.

Убаво ти пишува најгоре ОВА НЕ Е КАРТА ..... за чекирање мислам треба да чекаш крајните 48 саата
 
Убаво ти пишува најгоре ОВА НЕ Е КАРТА ..... за чекирање мислам треба да чекаш крајните 48 саата
Бидејќи купив седиште мислев дека имам привилегија да ги добијам картите порано, но очигледно ќе треба да чекам до крајните 48 часа...
Ти Благодарам на информацијата.
Пријатна вечер.
 
Здраво дечки, некој со искуство со откажување лет и рифунд, станува збор за две карти. Датум за летање има уште 25 дена според инфото на страната треба да платам 60 евра како провизија за прекинувањето, ваљда од карта 60 евра, со што ако вкупно картите минсе 200, би вратиле 80 или ?
 
Зависи каков тип на карта имаш купено. Ако е онаа само со рачен багаж (најевтината), немаш повраток на пари, ни опција за преместување. Е ако имаш она визз флекс (најскапата карта со куфер со све). Таму може да ти ги вратат парите на акаунтот за не знам колку време, или да преместиш датум или да преместиш и датум и лет. (Пример имаш на 15ти лет Скопје-Берлин). Може да преместиш на 18ти да леташ Софија-Мадрид. Секако со доплата на цената ако е поскапа втората карта.:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom