Според новите правила (до душа и не е баш ново правилово), за патниците што патуваат од скопскиот аеродром, НЕ постои опција за online чекирање (пријавување), туку само директно чекирање на аеродромот. Не се внесуваат споменатите податоци, како бр. на пасош, кој го издал, кога е издаден и сл., само име и презиме. Затоа, и веќе во системот не постои можност за издавање на boarding passport во pdf формат.
Друго ново правило е што рачниот багаж (оној за којшто не се плаќа никаков надомест), оние помалите торби/куфери со дозволена тежина од 10 кг и димензии 55x40x23 cm, НЕ мора да ги внесувате со вас во авионот и да ги сместите во прегратките над вашето седиште, туку можете БЕСПЛАТНО да ги внесите во товарниот дел на авионот, исто како оние големите (чекирани) торби/куфери. Тоа ми го кажаа на аеродромот во Нирнберг пред 2 седмици, а истото ми го кажаа и овде на нашиот аеродром пред 2 дена.