Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво,
имам букирано карта од Скопје за Меминген за на 29 Септември, но сега не можам да ја чекирам картата. Пријателката со која ќе патувам без никаков проблем веќе ја чекира картата.
Дали има и некој друг со истиов проблем?
Воедно истото ми се случи пред десеттина дена кога патував од Нирнберг за Скопје, не можев онлајн да ја чекирам и на крај си платив казна на аеродромот за да можам да летам.
Дали знае некој што можи да е проблемот? Можно ли е да имам некаков проблем со акаунтот?
Прочитај 2-3 страници назад,све ти е објаснато,ако имаш време[emoji12]
 
Здраво,
имам букирано карта од Скопје за Меминген за на 29 Септември, но сега не можам да ја чекирам картата. Пријателката со која ќе патувам без никаков проблем веќе ја чекира картата.
Дали има и некој друг со истиов проблем?
Воедно истото ми се случи пред десеттина дена кога патував од Нирнберг за Скопје, не можев онлајн да ја чекирам и на крај си платив казна на аеродромот за да можам да летам.
Дали знае некој што можи да е проблемот? Можно ли е да имам некаков проблем со акаунтот?

3 поста погоре напишав значи не е тешко да се забележи.

Чекирањето е на аеродром! Во Скопје сега за сега е така. Иако незнам зашто ти наплатиле казна мислам дека не би требало...баш чудно можеш да им се обратиш на Фејсбук за ова...
 
Во Нимберг на аеродром ми беше наплатено 30 евра, затоа што сум немала чекирано карта. Во системот му покажуваше дека не сум се чекирала, а предходно кога пробував на неколку пати да се чекирам ми покажуваше дека нема онлајн чекирање. Немав друг избор, освен да останев таму.:)

Ајде да видам што ќе испадне овој пат :mad:.
 
Јас пак да пишам. Вчера онлајн ја чекирав од Скопје до Милано. Зошто јас го немам тој проблем ?
Нашиве мигранти повеќе ги привлекува Германија од Италија[emoji6]
 
Во Нимберг на аеродром ми беше наплатено 30 евра, затоа што сум немала чекирано карта. Во системот му покажуваше дека не сум се чекирала, а предходно кога пробував на неколку пати да се чекирам ми покажуваше дека нема онлајн чекирање. Немав друг избор, освен да останев таму.:)

Ајде да видам што ќе испадне овој пат :mad:.

https://wizzair.com/en-GB/Claims

Прати им претставка ова е проблем... Мислам дека ќе реагираат
 
Дали знај некој,

Дали можам да резервирам карта сега, додека чекам да ми го обноват пасошот ?

Бидејќи доаѓам до процес на плаќање и никаде на страната не ми побара број на пасош, ама ми е страв да не ми побара после плаќање, а така не ми е логично.
 
Mozes,za cekiranje ke ti bidat potrebni podatocite od pasosot
 
Дали статусот после чекирање треба да биде Потврдено,качете се? И дали маилот за flight reminder е автоматски зошто досега по 2 пат ми стигна а картите ми се веќе една недела чекирани?
 
Дали статусот после чекирање треба да биде Потврдено,качете се? И дали маилот за flight reminder е автоматски зошто досега по 2 пат ми стигна а картите ми се веќе една недела чекирани?

Тоа е автоматски маил те потсетува дека имаш лет. Потврдено и качете е тоа тоа :)
 
https://wizzair.com/en-GB/Claims

Прати им претставка ова е проблем... Мислам дека ќе реагираат

Нормално дека му пратив, на е-маил добив автоматска порака дека нема да добијам одговор на претставката. Ќе причекам, ако не ќе мора да им ѕвонам на телефонскиот број што им е објавен за било какви проблеми. Во секој случај ви благодарам. ;)
 
Зошто не кажавте дека вчера и денес има 20 посто попуст?!
 
Друштво преска купив билет и се помина добро, си купив и претплата за Визер попусти таму како се викаше не знам, 20 евра. Е сега при регистрација внесуваш име и презиме и после тоа цело време само ти се вчитува при купување на билет, при чекирање...

Во презимето имам буква 'ш' и си ја пишав ко латиница 's', така ми стои и во картата, ама во пасош се водам како со 'sh'. Имал некој слично искуство за да каже дали би ми правеле проблем некаков?
 
Иам резервирано превоз на аеродром со виз ер бус. Се чекира негде време нешто или редовно си ги има на Аеродромот па во кој сакам се качувам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom