Те поздравија 15GB слободен простор за инсталација. Иначе за Vista важно е да се напомене дека ќе користи DX10 и ќе боде единствениот оперативен систем со DX10. За Windows XP и останатите DX10 нема да излезе. Истотака DX10 не е назадно компатибилен со DX9 и останатите. DX10 e кодиран од корен и за да се добијат оптимални перформансти. Vista иако ќе доаѓа со DX10 ќе има DX9 „емулатор“ наречен DirectX 9L. DX9L Не би требало поспоро да работи од DX9 бидејќи се пушта преку DX10 АPI. Значи тоа горе што го имаш DX9 картичка за Vista таа ќе ти работи со софтверска емулација и за да се доживее вистински Vista ќе ти треба DX10 картички. ЗАтоа и јас ќе си ја почувам мојава 9800PRO и кога ќе излезе DX10 графичка тогаш ќе си купам таква исто од ATI. Причината поради која ќе купам од ATI е бидејки DX10 има подршка за графички со Unified Architecture, a АТI за разлика од NVIDIA веќе има направено вакви графички за XBOX360 и нема да биде нов кон ваквата архитектура. Истотака и сегашните X1000 картички имаат некои елементи од оваа архитектура и ATI работи заедно со Microsoft за DX10, за разлика од NVIDIA.
Заклучок: Луѓе не трошете пари за нова графичка и компјутер, почекајте да излезе VISTA и DX10 и тогаш појачајте си го компјутерот