Windows Phone, iOS или Android

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
iOS реално се кралевите и на хардвер и на софтвер, Андроид јас незнам колку верзии има гледам и во алкател го ставиле :facepalm: Јас лично користам РИМ од едноставна причина шо немам длавбог џеб за Ајфон. Да не се лажеме Андроид велат дека е најбољи само оние шо им е криво шо немаат Ајфонче
 
Корисник сум на сега веќе подзастарен HTC телефон од средната класа со Андроид 2.2.
Еве веќе повеќе од една година душата му ја извадив на телефонот. Нит сум правел апдејт, нити сум инсталирал посебен софтвер за да ми “помогне“ во користењето, ниту сум имал некој проблем да најдам апликација каква што ми треба, апсолутно се си е перфектно така како што си е. Не сум имал потреба да ставам неофицијални апдејти затоа што се што ми треба си функционира перфектно на телефонот. Како корисник со неограничен интернет на телефонот јасно е дека константно телефонот е на тест со разни апликации и Wi-Fi Hotspot користам бар по 4-5 саата на ден, сум симнал сигурно половина терабајт преку телефонот и сеуште преде како маче, коска е. Дури и книги прочитав бар едно 7-8, иако екранот е релативно мал. :)

Е сега, какво мислење да имам јас за Андроид ако не позитивно?
Ок, споредба во вистинска смисла не можам да правам, иако сум имал неколку прилика да чачкам на Ајфон, и знам дека е супер телефон, ама ништо спектакуларно, и (мене лично) не ми одговара филозофијата која ја негува, а и не нуде голема разновидност од хардверски аспект. Како и да е верувам дека на многумина им одговара и не мислам тука да плукам по нешто добро, чисто само за тоа што го немам. Здравје, нареден телефон повторно ХТЦ со Андроид!

Баш ме интересира како си ги користел апликациите, бидејќи како што знам HTC со 2.2 (можеби кај другите е различно, не планирам да ги пратам сите андроид ревизии на сите телефони) нема нативна поддршка за преместување и инсталирање апликации на SD картица. Татко ми има подзастарен од висока класа, Desire, 15 апликации дури и со App 2 SD пак остануваат мегабајти на интерна меморија и цело време вади low memory errors.

Пиши, ме интересира кој HTC со 2.2 го нема овој проблем, може јас не сум разбрал добро...
 
iOS реално се кралевите и на хардвер и на софтвер, Андроид јас незнам колку верзии има гледам и во алкател го ставиле :facepalm: Јас лично користам РИМ од едноставна причина шо немам длавбог џеб за Ајфон. Да не се лажеме Андроид велат дека е најбољи само оние шо им е криво шо немаат Ајфонче

Рим беа добра компанија, сеуште се но опаѓаат заради андроидот и телефоните од 3000 денари. Се шушка дека РИМ ќе биде купен од Мајкрософт т.е не купен туку дека РИМ ќе го прифатат windows phone оперативниот систем исто како Нокиа.

Според мене 95% ова ќе се деси, само останува да видиме кога.
 
Баш ме интересира како си ги користел апликациите, бидејќи како што знам HTC со 2.2 (можеби кај другите е различно, не планирам да ги пратам сите андроид ревизии на сите телефони) нема нативна поддршка за преместување и инсталирање апликации на SD картица. Татко ми има подзастарен од висока класа, Desire, 15 апликации дури и со App 2 SD пак остануваат мегабајти на интерна меморија и цело време вади low memory errors.

Пиши, ме интересира кој HTC со 2.2 го нема овој проблем, може јас не сум разбрал добро...

Има опција "Move to SD card", нативна. Токму вака:

s0ygbl.jpg

Не сум сигурен дека апликацијата целосно се префрлува на картицата, но поголемиот дел се префрлува секако. Така ми се преместени мене сите апликации и ОК е со простор. Веројатно би имал проблеми доколку користиш огромен број апликации, ама од друга страна тоа важи и за на картица. Сепак би било кул доколку во поновите Андроиди целосно се апликациите на картица.
 
Што хтц имаш?
 
Ја знам таа опција, но останува дел од датата на телефонот. На Desire-от има снимено некои 20 апликации и 7-8 Live wallpapers, се што може е преместено на SD картица и пак кога ќе се снимат уште 2-3 апликации, јавува Low disk space. Не знам на твојот телефон како стои работата со внатрешна меморија, но сакав да посочам дека дури и 2.2 не можеш да го користиш онака како што дошол со телефонот без проблеми.

Точно, iOS можеби веќе не е спектакуларен бидејќи го копираат сите, но барем кога ќе го купиш телефонот не мораш да се замараш со апдејти или custom roms само за да снимаш апликации, што мислам дека е навистина огромен пропуст.
 
Па штознам, ете и јас имам доста апликации (~30) и немам проблем со простор. Е сега Ајфонот нормално дека нема да има проблем околу простор кога доаѓа со голема внатрешна меморија ама за тоа плаќаш. Не е проблем да се вгради 32 гига и на мојот ама ќе беше далеку поскап. Сепак мојот ХТЦ е друга класа, и не е во исти кош со Ајфон. Подобро некој со Ево или од новиве ХТЦ Уан или како беа, да каже кои се опциите за инсталирање на надворешна меморија.
 
Зборам за тоа дека на тогашните телефони со 2.2 немаше опција за целосно инсталирање на СД, па ти ако сакаш и картичка од 64 гигабајти купи. Тебе ти се погодило, 30 апликации = 20те на Desire-от и 6-7 Live WP. Ај пробај сними 60 на 2.2 и кажи ми како ќе иде и дали пак ќе бидеш задоволен?

Факт е дека Андроидот дооолго време доаѓаше во бета верзија, само што за твоите потреби ти се погодила бетата, бидејќи не инсталираш премногу апликации и затоа имаш позитивно искуство.
 
Многу мало ограничување е тоа за нормален корисник. Не е Бета, исклучително стабилен е системот, ги нема сите можности на светот ама и Ајфон во 2007 немаше некои основни опции па пак се продаваше. Неможе така случајно Андроид да биде толку продаван, сигурно на многумина има се допаѓа. Премногу од фан-бој перспектива ги гледаме работите а сепак се работи само за телефончиња.
 
2.2 верзија биди искрен и кажи колку пати неделно добиваш андроид процес дека не работи :pos:
 
iOS , win7 па абдроид кој е купува
Многу мало ограничување е тоа за нормален корисник. Не е Бета, исклучително стабилен е системот, ги нема сите можности на светот ама и Ајфон во 2007 немаше некои основни опции па пак се продаваше. Неможе така случајно Андроид да биде толку продаван, сигурно на многумина има се допаѓа. Премногу од фан-бој перспектива ги гледаме работите а сепак се работи само за телефончиња.
андроиод е продаван ради бесплатни апликации од кои 90% се глупави игри за тепање досада.
 
Многу мало ограничување е тоа за нормален корисник. Не е Бета, исклучително стабилен е системот, ги нема сите можности на светот ама и Ајфон во 2007 немаше некои основни опции па пак се продаваше. Неможе така случајно Андроид да биде толку продаван, сигурно на многумина има се допаѓа. Премногу од фан-бој перспектива ги гледаме работите а сепак се работи само за телефончиња.

Андроид е “толку многу продаван“ затоа што го има на секој можен телефон, а од 85% од тие телефони се преслаби за системот или поточно, оперативниот систем е премногу глупо програмиран за да работи беспрекорно на сите уреди, додека iOS го има само на iPhone и е перфектно направен софтвер за хардверот кој е во ајфоните. Тоа е една од многуте разлики.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom