Генерално земено задоволен сум.
Искрено очекував поголема контрола врз ОС-от и тоа ми е најголема замерка до сега.
Го имам десетина дена и до сега сецнал само еднаш( при отворање на FB апликацијата), останатото време е сосема smooth.
Батеријата можела да биде малку поиздржлива, ама не е до толку лоша колку што ја кудат по форуми.
Камерата и навигацијата сеуште не се пробани во реални ситуации, ќе се воздржам од коментар.
Во однос на апликациите во Widows Store-от, мислам дека треба да се почека уште некое време за да се достигне иОС/Андроид, сеуште се чувствува оскудност за некој специјализиран софтвер.
 
Од мене иницијална оценка 8/10