Windows Phone 8 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене батеријата трае 2-2,5 дена,толку и го имам.Телефонот е добар и има доста апликации,имам симнато многу а ми останаа само 500 мб.
Пази како ја користиш батеријата,не се менува.
Го продплжив договорот и го земав со доплата од 7500 денари.
Ако не е тајна тебе колку ти го продаваат телефонот.
Најдов на интернет и батеријата може да се менува
--- надополнето: 7 септември 2013 во 22:12 ---
некој за помош како да активирам втора линија на htc 8s ? :)
Со некој постар модел на мобилен.На пример алкател one touch
 
Пред некој ден успеаа на samsung да му направат "Jailbreak" што значи кај и да е и на останативе модели би требало.
 
Што бидна, ти стаса телефонот? И ако не е тајна колку $$ ти излезе?

Како што гледам со тракинг бројчето телефонот вчера вечерта е пристигнат скопје на царина. Што би требало утре да го добијам.

Иначе го најдов за 250$ со се достава. Се надевам нема да платам царини или ддв и такви глупости.
 
Од каде го нарача телефонот
 
Од каде го нарача телефонот

На ebay, од по америкине онаму некаде :). Овај ми е трет телефон што го порачувам од ебај. Пу пу сега за сега се се погодило како што треба.
--- надополнето: 11 септември 2013 во 23:21 ---
P.S

Телефонот е користен, но премногу малце. Затоа е и таа цена
 
Значо многу се глупи овие операторите во Македонија. Ние сме држава што може да навали на такнаречени бестбај телефони или средна класа на телефони што може да си го дозволи народот. Моментално такви се нокиа лумиа моделите од средна класа и имам чуство дека се повеќе ќе зема замав на светскиот пазар. А тука во МКД има само 1 или 2 модели? За 3 месеци ми истекува договорот, и првиот оператор што ќе ги донесе овие модели, веднаш се префрлувам кај нив.
 
И мене не ми е јасно искрено. Таков модел е htc 8s, летово сум видел многу. Дури и чудно ми падна колку е купувано телефончето во Македонија. Штета што ги нема 720/620/520 тука
 
Значо многу се глупи овие операторите во Македонија. Ние сме држава што може да навали на такнаречени бестбај телефони или средна класа на телефони што може да си го дозволи народот. Моментално такви се нокиа лумиа моделите од средна класа и имам чуство дека се повеќе ќе зема замав на светскиот пазар. А тука во МКД има само 1 или 2 модели? За 3 месеци ми истекува договорот, и првиот оператор што ќе ги донесе овие модели, веднаш се префрлувам кај нив.

racunaj plus 100 evra ke si dades na dogovor baska....
 
Ми стигна писмо од царина да им пратам фактура од каде сум го купил и колку телефонот. Ќе ме царинат ќе треба да одам да се тепам... :icon_lol:
 
Зошто не се договори да ти го прати како "gift" - подарок. Мислам дека така не се плака царина. Јас досега што и да порачам од "ali..." сите порачки ми доаѓат како подароци.
 
Зошто не се договори да ти го прати како "gift" - подарок. Мислам дека така не се плака царина. Јас досега што и да порачам од "ali..." сите порачки ми доаѓат како подароци.
Ако пакетот ги испраќа физичко а го прима физичко лице само во тој случај не се плаќа ништо
 
Абе кога го читав документот за што се плаѓа царина за телефон пишува 0% царина 18% ддв. Досега сум порачал 2 телефони немало ни царина ништо. Зошто им текна овај да го задржат таму незнам. Останува да видиме, би требало утре или најкасно задутре да го имам.
 
Останува да видиме, би требало утре или најкасно задутре да го имам.

Се плаќа и лежарина од ден, само не знам колку точно. Спреми си повеќе кеш со тебе.
 
Него ајде малце за апдејти да зборуваме, бидејќи тоа најмноги ги интересира на сите.

Сите апдејтирани на GDR2 нареден апдејт за месец Ноември некаде би бил GDR3

  • Orientation lock
  • Исклучување на апликации од мултитаскинг
  • Custom звуци за порака, емаил, т.н.т...
  • Driving mode, автоматски ќе ги реди повиците на сајлент, и ќе враќа на порака
  • Можност да се направи рестор на телефоот преку Wi-Fi....
  • Трета колона на tiles на десктопот

    nokia-lumia-1520-press-render.jpg

    Лумиа 1520 6 инчен телефон со 1980x1020 резолуција.
    Третата колона мислам дека ние нема да ја добиеме, само новите телефони со голем екран.
И уште некој такви ситни работи кој треба да го исполираат дополнително системот.
Но, правиот апдејт што сите го чекаме е 8.1 датум на излегување Фебруари месец.
  1. Cortana - Името од типката во Halo играта, е кодното име за voice assistant кој го работи Мајкрософт кој треба да му парира на Siri, и Google Now.
    Кога беа прашани мајкрософт зошто до сега немаат такво нешто, дадоа одговор дека додека не најдат нешто уникатно што ќе ги двои од другите нема да го издадат. Така да ако на некој воошто му фали такво нешто, да не се секира. Доаѓа.....
  2. Да се појавува % на местото од батеријата е големо побарување, доаѓа со 8.1 (а можеби и да биде опција во GDR 3 апдејтот)
  3. Нотификации - Конечно ќе имаме систем за нотификации како што треба.

    WP81_Screens_Notif.png

    Како што се гледа од сликава, може да се одговори на фејзбук порака без да се влегува на чет. Промена во листата на апликации како што гледате е ќе можете да ги сортирате по користеност. Што е ФЕНОМЕНАЛНО според мене. Барем мене ми е така подобро
--- надополнето: 12 септември 2013 во 18:22 ---
Се плаќа и лежарина од ден, само не знам колку точно. Спреми си повеќе кеш со тебе.

Ако ми дојде многу, ќе го продадам телефонот на ебај и од тука ќе земам на ново. Ќе видиме сепак што ќе се деси :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom