Уште не можам да се средам после мечов, во зависност од тоа каков ќе биде епилогот во финалето, ова ќе може да биде една од најголемите победи на Новак во кариерата, а освоил Слем кој никад не го освоил, РГ, со што стана актуелен шампион на сите 4 слемови истовремено, па све со ова сум кажал каков меч беше ова, и за двајцата.
У сите параметри исти, страшно, абе она што го изиграа на брејк топките и меч топката на Надал беше језиво бре, и вчера у тајбрејкот при мини брејковите и сет топките, што би рекол ибра, кога го прашаа да се опише со еден збор, па рече само, wow.
Имаше низа луди потези, ама ако морам да двојам, дропот на Надал при меч топка на Новак ....















Не можам да најдам соодветни зборови што би го опишале тоа, какви челични муда, храброст и остало, преслаби термини се тоа.
Ја реков уште пред некој месец, формата на Новак оди во нагорна линија и очекував барем до УС опен да биде у фул моуд, што и најверојатно ќе се случи ако нема некој проблем повторно, тука не игра на свое максимално ниво, Новак никогаш не паѓа физички во еден меч, макар и претходните 2 ги изиграл у 5 сета, буквално никогаш, и тоа му беше една од најголемите предности во вакви натпревари, зашто го користеше заморот кај противникот. Вчера беше доволен показател дека едноставно сеуште не е тоа тоа, треба да се земе во предвид фактот дека повторно смени цел тренерски тим и се врати на најпроверената варијанта, Вајда, претпоставувам планот им е годинава да се стабилизира и на неговиот омилен турнир, АО, да почне она вистинското, ама шампионскиот карактер си го направи своето денес а и вчера, кога буквално му украде сет на Надал што можеби и беше клучно за оваа победа.
Јас сеуште верувам дека ќе се мачи со Андерсон, и дека не е решен однапред тој дуел што би било случај доколку таму беа Надал или Федерер, нарочито зашто Новак е сеуште многу ранлив, а сервериве му се најиритантно нешто кое му ја пореметува цела психа. Би рекол дека првиот сет утре ќе биде многу битен, но сеуште не можеме да знаеме на што сме бидејќи Андерсон е енигма и не се знае како ќе се понаша на физички план, две 5ки изигра, онаа со Иснер го дотолчи, успее ли да влезе опоравен, све е можно.
Од друга страна за Надал, ова е еден од најтешките порази во неговата кариера, ја не би бил рамнодушен на местото на неговите навивачи, зашто освоен Лондон скоро сигурно ќе значеше и стигање на Федерер, ама и вака има шанси за тоа, али проблем може да му претставува токму оној кој денес го победи, се надевам на уште многу вакви епски дуели, искрено му реков и на стекот, после ваков меч неам срце да реметам други навивачи, така да спортски поздрав до следната класика.
