Wimbledon 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Вимблдон 2017?

  • Вкупно гласачи
    53
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кој и е овој ритам на Мугуруза бе? :eek: Ова страшно е, у 20 цм од основна и паѓа секој удар, каква партија... Рибарикова и Плишкова заедно не ја тепаат денеска.
 
Ненормално е ова што го игра Мугуруза, GOAT левел. :D Иначе Ставро експертиза, не работи веќе со тој коњот Смусниксфггфдгфг или како и да се презива, со Кончита си е. :D[DOUBLEPOST=1499951025][/DOUBLEPOST]
И оди види на какви турнири играше...

Не работи од пред нецел месец, инаку целата промена во играта тој ја направи. Кончита не е ниту тренер, повеќе друштво и прави.
 
Sto mislite za Konta so Williams?

Mislam deka Williams dobiva posle 3 seta spored mene
 
И оди види на какви турнири играше...
Јасно е дека Рибарикова не знае кај тера денес.
Иначе го има освоено Бирмингем во 2009 и мислам дека сите титули и се освоени на трева.
А оваа Мугуруза има освоено 3 титули од кои еден грен слем, а веќе се влечи како полжав по турнириве година и кусур после тој освоен грен слем, да не знае човек дали ќе ја победи Серена или ќе изгуби од тенисерка надвор од топ 500.
 
Ајде да не речам го расипуваат турнирот бидејќи повторно ќе се изнасмеете, но што доколку денес гледавте спектакл помеѓу Плишкова и Мугуруза?

Не знам што ти е филмот со расипувањето на турнирите, но скроз е идиотски. Секој доаѓа на вакви турнири со желба да успее и се бори како знае и умее. Некогаш како Бартоли успеваат до крај, некогаш како Рибарикова крахираат пред крајот. Во тоа е убавината на спортот. Ако го нема тоа, тогаш слободно нека не организираат турнири, туку нека играат цела година само првиот против вториот на АТП/ВТА листите, па цело време ќе гледаме спектакли. Или само првите четворица, па две полуфиналиња и едно финале.

Супер интересно.
 
Јасно е дека Рибарикова не знае кај тера денес.
Иначе го има освоено Бирмингем во 2009 и мислам дека сите титули и се освоени на трева.
А оваа Мугуруза има освоено 3 титули од кои еден грен слем, а веќе се влечи како полжав по турнириве година и кусур после тој освоен грен слем, да не знае човек дали ќе ја победи Серена или ќе изгуби од тенисерка надвор од топ 500.
Знам дека Рибарикова игра добро на трева, ама сепак е просечна тенисерка, нема ниту еден посебно квалитетен удар и апсолутно ми е очекувано што Мугуруза ја разнесе денес. Требаше и против Плискова да испадне, ама нешто се случи со Каролина, наеднаш се угаси после сет и брејк предност...
 
Не знам што ти е филмот со расипувањето на турнирите, но скроз е идиотски. Секој доаѓа на вакви турнири со желба да успее и се бори како знае и умее. Некогаш како Бартоли успеваат до крај, некогаш како Рибарикова крахираат пред крајот. Во тоа е убавината на спортот. Ако го нема тоа, тогаш слободно нека не организираат турнири, туку нека играат цела година само првиот против вториот на АТП/ВТА листите, па цело време ќе гледаме спектакли. Или само првите четворица, па две полуфиналиња и едно финале.

Супер интересно.
Затоа и потенцирав "ајде да не речам" затоа што очекував одговори од овој тип, но очигледно не сфати, јас не го напишав тоа со расипување на турнирите, провери си ако не веруваш.
Ти самиот си кажа дека ти е несфатливо како Рибарикова ја поминала Плишкова, а мене уште понесфатливо како Надал изгуби од Жил Милер на три добиени сета.
 
Ти самиот си кажа дека ти е несфатливо како Рибарикова ја поминала Плишкова, а мене уште понесфатливо како Надал изгуби од Жил Милер на три добиени сета.

Се разбира дека ми е несфатливо од аспект на квалитетот на двата играчи, но сигурно не мислам дека со тоа го расипа турнирот. Инаку испаѓањето на Плискова од Рибарикова за мене е поголемо изненадување од испаѓањето на Надал од Милер. Надал и покрај титулите на Вимблдон, никогаш суштински не научи како да игра на трева.
 
Затоа и потенцирав "ајде да не речам" затоа што очекував одговори од овој тип, но очигледно не сфати, јас не го напишав тоа со расипување на турнирите, провери си ако не веруваш.
Ти не го напиша ама се согласи во целост. Исто ко да си го напишал. :icon_lol:
 
Се разбира дека ми е несфатливо од аспект на квалитетот на двата играчи, но сигурно не мислам дека со тоа го расипа турнирот. Инаку испаѓањето на Плискова од Рибарикова за мене е поголемо изненадување од испаѓањето на Надал од Милер. Надал и покрај титулите на Вимблдон, никогаш суштински не научи како да игра на трева.
Не е дека Надал не научи на трева него Вимблдон е таков турнир, односно тревата е таква подлога која ти дава најмалку шанси за кикс. Новак кога беше во ГОАТ моуд губеше 0-2 против Андерсон и висеше, Федерер во својот прајм има жива глава спасувано против Бенето и против Фаља, така да не е воопшто чудно што загуби Надал од Мулер, а реално играше одлично. 23 аса, милион винери, само 17 неизнудени, 7 поени повеќе освоени од противникот, али јебига 2-3 поени го решија мечот кој можеше да отиде и на другата страна. Надал од претходните сезони кога доаѓаше целиот издуван од РГ и скроз неспремен за трева е сосема друг муабет, али Рафа оваа сезона играше баш добро на Вимблдон. Точно е дека Надал нема типична игра за на трева, ама прави одлични прилагодувања кон подлогата и доста го менува стилот на игра. На турниров искачаше доста често на мрежа, играше серва и волеј, напаѓаше, беше агресивен, единствено против Мулер погреши што ритернираше премногу позади линија, требаше да се приближи повеќе до основна.
 
Ја гледам Рибарикова со Мугуруза и апсолутно ми е несфатливо како ја доби Плискова. Многу ми е криво што не го гледав тој меч.
Рибаркова не го доби мечот со Плискова, Плискова го загуби мечот, има разлика, за тенисерки како Плискова некогаш за да ги победиш треба само да знаеш основи на тенис, да вратиш 2-3 топки и тоа е се, ништо посебно не ти треба, тие сами ќе се победат, исти кур е и Мадисон Кис, пред 2-3 години беше најавувана како идниот број еден, а сум гледал мечеви каде не може да го погоди теренот за двојки, 50+ неизнудени во меч, со таква игра и од рекреативец ќе загубиш а не пак од професионалец[DOUBLEPOST=1499952561][/DOUBLEPOST]
Мугуруза ја мете од теренот,еден член во Кладилница темата немало валуе на Мугуруза...очигледно не ја гледал цел терен,дека ја служи бекхендот и сервисот,и има доста добри удари....А,да очекуваш од Рибарикова да игра финале е катстрофално......... :D :D
во иста форма, се исто, можеше денес да се случи истиот резултат ама Рубарикова да победи, знаеш зошто? затоа што се жени, просто и едноставно, можеше Мугуруза да излезе и да направи 50 неизнудени за саат време и да си излезе како ништо да не било, дали тогаш ќе имаше валуе 1.40 на неа, кај жените буквално кај сите освен Серена никогаш не може да знаеш дали ќе излезат и ќе одиграат добро и ќе ја продолжат одличната форма на некој турнир или ќе излезат и ќе им се деси нервен слом, не велам дека Мугуруза не беше фаворит во мечот, ама не за 1.40 сигурно
 
Последно уредено:
Рибаркова не го доби мечот со Плискова, Плискова го загуби мечот, има разлика, за тенисерки како Плискова некогаш за да ги победиш треба само да знаеш основи на тенис, да вратиш 2-3 топки и тоа е се, ништо посебно не ти треба, тие сами ќе се победат, исти кур е и Мадисон Кис, пред 2-3 години беше најавувана како идниот број еден, а сум гледал мечеви каде не може да го погоди теренот за двојки, 50+ неизнудени во меч, со таква игра и од рекреативец ќе загубиш а не пак од професионалец

Види, не е тајна дека не разбираш баш многу. Кис беше и остана талент, плус се мачи со повреди. Плискова е два нивоа над Кис, има совршена игра на трева. Има моментално најдобар сервис во женскиот тенис и многу тешко и се прави шанса за брејк. И Плискова не прави голем број на неизнудени грешки, посебно не на трева каде што поените се решаваат во неколку размени. Не е тоа РГ па мораш топчето да го држиш во игра 20+ размени. Па дури и на РГ играше полуфинале.

Пак ќе кажам, криво ми е дека не го гледав мечот против Рибарикова, не можам да си објаснам како изгуби. Да поминеше таму денес ќе гледавме полуфинале Мугуруза Плискова, затоа што Вандервеј најверојатно глатко ќе изгубеше од Плискова.[DOUBLEPOST=1499952980][/DOUBLEPOST]
така да не е воопшто чудно што загуби Надал од Мулер, а реално играше одлично. 23 аса, милион винери, само 17 неизнудени, 7 поени повеќе освоени од противникот, али јебига 2-3 поени го решија мечот кој можеше да отиде и на другата страна.

Бројките малку лажат, по мене Надал не одигра добар меч против Милер, и тоа во два клучни сегменти. Ритрнот му беше ужасен и не успеа да погоди повеќе од 10% од пасинг ударите, односно не успеа да го пробие Милер на мрежа, а свовремено и на Федерер му беше страв да истрча на мрежа против Надал. И згора на се, во долгите размени Надал беше доминантен, но не на ниво кое што беше потребно. Милер успеа да му земе голем број такви поени, посебно размените на форхенд дијагонали. Мислам дека голема улога во поразот на Надал одигра фактот што Милер е исто левак.[DOUBLEPOST=1499953366][/DOUBLEPOST]
во иста форма, се исто, можеше денес да се случи истиот резултат ама Рубарикова да победи, знаеш зошто? затоа што се жени, просто и едноставно, можеше Мугуруза да излезе и да направи 50 неизнудени за саат време и да си излезе како ништо да не било, дали тогаш ќе имаше валуе 1.40 на неа, кај жените буквално кај сите освен Серена никогаш не може да знаеш дали ќе излезат и ќе одиграат добро и ќе ја продолжат одличната форма на некој турнир или ќе излезат и ќе им се деси нервен слом, не велам дека Мугуруза не беше фаворит во мечот, ама не за 1.40 сигурно

Тоа е еден од најбезвезните муабети кои се вртат по нашите кладилници. Имаше статистика пред некоја година, сега не можам да ја најдам, но фаворитите во женскиот тенис имаа втора најолема минливост, веднаш по фаворитите во НФЛ. Ама нема врска, битно е да се пролупа нешто шовинистички, во смисла жени бе брат, ќе има добиено и не знаеш како ќе одигра, ха ха ха. Некој таков идиотизам.
 
Последно уредено:
Види, не е тајна дека не разбираш баш многу. Кис беше и остана талент, плус се мачи со повреди. Плискова е два нивоа над Кис, има совршена игра на трева. Има моментално најдобар сервис во женскиот тенис и многу тешко и се прави шанса за брејк. И Плискова не прави голем број на неизнудени грешки, посебно не на трева каде што поените се решаваат во неколку размени. Не е тоа РГ па мораш топчето да го држиш во игра 20+ размени. Па дури и на РГ играше полуфинале.

Пак ќе кажам, криво ми е дека не го гледав мечот против Рибарикова, не можам да си објаснам како изгуби. Да поминеше таму денес ќе гледавме полуфинале Мугуруза Плискова, затоа што Вандервеј најверојатно глатко ќе изгубеше од Плискова.[DOUBLEPOST=1499952980][/DOUBLEPOST]

Бројките малку лажат, по мене Надал не одигра добар меч против Милер, и тоа во два клучни сегменти. Ритрнот му беше ужасен и не успеа да погоди повеќе од 10% од пасинг ударите, односно не успеа да го пробие Милер на мрежа, а свовремено и на Федерер му беше страв да истрча на мрежа против Надал. И згора на се, во долгите размени Надал беше доминантен, но не на ниво кое што беше потребно. Милер успеа да му земе голем број такви поени, посебно размените на форхенд дијагонали. Мислам дека голема улога во поразот на Надал одигра фактот што Милер е исто левак.
Плискова, Кис, Мугуруза се тенисерки што во даден меч, без разлика на формата од претходните мечеви можат да излезат и да изметат со противничката,нешто што се деси денес, но од друга страна може да излезат и да биде изметено со нив, не од причина што противникот играл добро, него од причина што они не можат да погодат терен, кај вакви офанзивни тенисерки скоро и да не постои некоја средина во нивната игра, не постои резервна опција, ако им оди ок тоа изгледа спетакуларно и добиваат убедливо мечеви, но што кога не им оди, нема миксање во играта, нема повлекување од офанзивата да пробаат на друг начин да победат, затоа велам никогаш не можеш да бидеш на чисто со вакви тенисерки и да тврдиш дека се зицери за милион уплата, ама ок пошто јас не се разбирам многу од тенис а ти си експерт сега чуди се до нова година како Плискова изгубила од Рибарикова и како не ја освои титулата овде
 
Си ги спомнал овие 3,а си ја заборавил најважната Остапенко,таа е способна цел терен да го промашува и да изгуби 6-0 6-0,ама ете таа игра ја доведе до ГС и е голем талент бидејки е способна на еден меч да иде и преку 50+ винери,ако успее да си го среди сервисот,и бројот на нефорсирани да го смали на минимум ќе има успешна кариера,но сепак со таа игра офанзивна со винери,сосема очекувано е да очекуваш и голем број нефорсирани грешки.Ама си има и денови кога неможе да направи винер па ги лупа во аут и има порази...[DOUBLEPOST=1499957543][/DOUBLEPOST]Венус како игра,свака и част.Мареј и Конта шампиони,двојна титула за британците :D:D:D
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom