Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И све се дешаваа ТунаајтШо да фак се случува годинава на Вимблдон![]()
Добро бе дали се овие нормални? Лудаци
Одиме во петти сет. Нема веќе душа Бенето се гледа, чудо би било ако го победи Федерер во овој сет.
Федерер ќе го победи во 5от сет, на искуство. Слушај ме. Но, подоцна мислам дека ќе испадни, од следниот „појак“ тенисер.
Искрено повеќе мислам дека ќе го фати на кондиција отколку на искуство. Човекон веќе почна да има грчеви и болки, ако ја предаде предвреме навистина ќе биде жалосно, штом стигнаа дотука.
Утре најсигурен тип од мене, Росол - Колшрајбер 2ка, најголема. 1.75 во Mozzart, 1.80 Bwin
.
Дали последниот ритерн на Федерер на 15-15 би го ставиле во калиброт на ритерни на среќа или сепак тоа беше мајсторски ритерн? Јас мислам дека беше на среќа бидејќи го зафати топчето со рамот од рекетот.
2 виртуални меч топки за Федерер.
EDIT : Чао Бенето, кога не знаеше да земе барем еден од тие 6 поени кога беше на 2 поени до меч, значи на 6 пати беше на два поени до меч, еден поен од нив да земеше ќе дојдеше до меч топка, нормално е да се затресе раката на Федерер при таква ситуација. Но сега е залудно да се зборува што би било кога би било.
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 22:13 ---
Робин Содерлинг го немаше нигде пред победата над Надал на Ролан Гарос 2009. Со таа победа драстично си ја зголеми својата самодоверба и пукаше се пред себе, полн беше со самодоверба бидејќи победи во мечот кој му ја промени кариерата. Не може да се знае дали ќе си продолжи Росол со својата стара песна, не била добра сигурно штом е само на 100тата позиција моментално, но доколку самодовербата е на доволно високо ниво утре против Колшрајбер... лесно може да го реши во 3 сета, а доколку игра како вчера, тоа не би требало да се стави во прашање дали ќе тепа или не против Германецот.