Пријатељу не ме разбра на што алудирам. Имаш многу добра перцепција на натпреварите и знаеш многу реално да ги оцениш според прикажаното. Мислев да пишеш збор два за тоа што се прикажа ова финале, не ни ми падна на памет Фејсбук спаминг на збеснати жени..
Ах извинување тогаш, не сме се разбрале , фала на убавите зборови
Мое мислење е дека Надал е генерално сеуште посилен тенисер од Џокович, но едноставно неможе да се снајде со одбраната на Џокович, т.е. игра со голем психолошки притисок, и својата игра неможе да ја одржи на високо ниво во
целиот натпревар него тоа се само повремени блесоци. Многу е тешко кога ќе налеташ на тенисер којшто успева да врати
све, а претходно не си сретнал ниту еден таков во твоите дуели во минатото, да Федерер е страшно добар тенисер но неговата сила лежи во агресивноста и нападот, но не толку во одбраната, дел каде што е многу силен Џокович. Друго, Џокович игра дворачен бекхенд, за разлика од Федерер кој игра еднорачен кој е доста потежок, поготово кога се работи за одбрана, така што оние познати топки со висок спин на бекхендот на Џокович не работат, долгите - длабоки топки исто така немаат толку голем импакт, заради истиот бекхенд...така што Надал останува со само две опции, да напаѓа силно на Форхенд страната на Џокович, и тоа да го прави безгрешно. Е сега, проблем е што и Форхенд страната на Џокович е силна, поготово му е силен и оној форхенд во трк, Џокович е исто така
многу брз тенисер, мора да признаеме, што го прави нападот на Надал многу ограничен, на екстремно силни удари во аголот на теренот, кои се тешки за погоудување кога играш против тенисер и тактика, кој не ти лежи.
Знаејќи го сето тоа Надал е приморан константно да напаѓа со ризични удари за да дојде до поен, сите добро знаеме дека ваквата агресивна игра доведува до повеќе неизнудени грешки најчесто. Ова му доаѓа слично како Федерер vs Надал, едноставно преоголем психолошки притисок, и игра која не ти
одговара, да се разбереме со ова не сакам да кажам дека Надал незаслужено го победува Федерер но нивото на игра е далку од константно кај Надал кога игра vs Џокович, исто како кај Федерер кога против себе го има Надал. Се на се се работи за еден склоп на тактика - начина на игра од страна на Џокович која не му одговара на Надал....Надал неможе да го извлече Ноле, т.е. да го притисне за да добие шасна за длабок поен, нити пак по долго рели да добие поен освен ако не ризикува многу, на такви поени Џокович игра повеќе ритрн игра, и го чека Надал на грешка кој скоро сите долги поени ги губи при таквата разврска на гемот, т.е. долга размена на удари, при што во следниот поен се одлучува на
избрзана завршница на поените која потоа излегува погубна, тоа е тоа.