Wimbledon, 13.06 - 03.07.2011

Кој мислите дека ќе го освои Вимболдон, оваа година, во машка конкуренција ?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 20 32,3%
  • Новак Џокович

    Гласови: 17 27,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 22 35,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 0 0,0%
  • Робин Содерлинг

    Гласови: 0 0,0%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Енди Родик

    Гласови: 3 4,8%

  • Вкупно гласачи
    62
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Навистина тешко ќе биде, за Надал да го освои Вимблдон ќе треба да победи против Дел Потро, Бердих, Мареј, па Џокович/Федерер, но на мака се познаваат јунаците, VAMOS RAFAA !
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Колку и да е тежок патот до финалето на Надал мислам дека тој ќе докажи зошто е бр.1 во светот и ќе го освои Вимблдон,во тоа не се сомневам. :)
VAMOS RAFA !
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Според моја проценка, Надал ќе победи на годинашново издание.Ќе биде интересно, во секој случај.
 
С

сашенко

Гостин
Кој сака кладба во носење аватари на месец дена? Јас типувам за Надал.Ако има некој кандидат ајде...
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Кој сака кладба во носење аватари на месец дена? Јас типувам за Надал.Ако има некој кандидат ајде...
ајде јас сакам, ако освои Надал јас носам а ако освои Ноле ти

Карловиќ е жива смешка џабе му е сервисот, обично во првиот сет рока со ас удари од секоја страна мали шанси да му се земе сервис, на сервис на противникот нормално како изгубен е и во тај брејк 50-50 ако освои има некакви шанси за понатаму, ако изгуби играта тотално му се распаѓа не се ни труди да се врати во живот, пред Вимблдон така беше со Андерсон и со еден доста послаб противник така да добра пара земав на негов пораз против Кубот

инаку да Надал ќе има one hell of a final road ќе треба доста да со помачи, претпоставувам Дел По ќе игра уште од старт агресивно и ризично да го земе првиот сет ќе видиме дали Надал ќе му дозволи да игра така
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Пеколно тежок распоред до крајот на турнирот за Надал.. Пред него, веќе утре има меч против Дел Потро, кој има еден Гренд слем зад него, понатаму го има минатогодишниот финалист, Томас Бердих и ја има најголемата британска надеж против себе, Енди Мареј, зад кој ќе биде цел стадион... Од овие може да види мака веќе со Дел Потро, кој типувам дека ќе го победи со 3-1.. Со 3-0 би го совладал Бердих и со 3-0, Енди Мареј...

Еве нешто интересно пред утрешниот меч :

Надал: Федерер е мојот најголем противник

Првиот тенисер на АТП листата, Шпанецот Рафаел Надал изјавил дека Швајцарецот Рожер Федерер, му е најголем ривал и дека најмногу сака да игра против него.

Надал рекол дека нивните меѓусебни дуели се исполнети со голема тензија и дека чувствува нешто посебно кога игра финале против Федерер.

"Федерер е џентлмен. Добра работа во врска со нашето ривалство е дека одсекогаш знаевме да поднесеме и победа и пораз" - рекол Надал.

Во меѓусебните дуели на двата тенисери води Надал со скор 17-8, а Федерер последен пат славеше во финалето на Вимблдон 2007. година.

Тој додал дека повеќе би сакал да го види швајцарскиот тенисер во финалето на турнирот во Лондон, бидејќи годинава има негативен скор со Новак Ѓоковиќ (0-4).

"Не мислам дека ќе го загубам секој дуел со Ѓоковиќ до крајот на кариерата, како што нема секогаш да го победувам Федерер. Се зависи од нашата моментална форма." - додал Надал.

и

Топ 5 најгласни тенисерки во историјата

5. Викторија Азаренка (83,5 децибели)
Интересното во врска со белоруската тенисерка е што токму таа неколкупати во минатото се има пожалено на нејзините противнички кои врескаат. Запрашана подоцна, за ова има изјавено: „Морате да го цените врескањето, затоа што повеќе од 70 проценти од тенисерките го употребуваат“. Често успевала да предизвика реакции од публиката за нејзината гласност.

4. Венус и Серина Вилијамс (85 децибели; 89 децибели)
Решивме да ги вклучиме во една точка, затоа што ќе земат преголем дел од оваа листа, а речиси идентично го прават тоа. Двете се сложни во изјавите на оваа тема: „Не е мој проблем ако им пречи на противниците“.

3. Моника Селеш (93,5 децибели)
Американката со југословенско потекло треба да ја земе целата заслуга што воопшто постои мерење на гласноста на тенисерките. Селеш е зачетникот на врескањето во тенисот, но за разлика од денешните врескачи, таа своевремено (во деведесеттите) се извинуваше на противничките, изјавувајќи дека ѝ е навистина непријатно што не може да се контролира. Ако веќе се извинува, можеби тоа треба да го направи и на денешните (ретки) тивки тенисерки.

2. Марија Шарапова (101 децибел)
Шарапова е дефиниција за врескањето. За споредба, полициска сирена има гласност до сто децибели, па обидете се да замислите како се чувствува публиката на стадионот, додека Шарапова ги игра своите најважни поени. Неколкупати медиумите се обиделе да разговараат со неа на оваа тема, но таа најчесто одговара со „само гледајте го мечот“, алудирајќи дека начинот на кој победува не е важен. Заедно со Венус Вилијамс, го имаат одиграно легендарниот најгласен натпревар во тенисот.

1. Мишел Ларшер де Брито (109 децибели)
Иако сè уште е млада (18 години), досега не се прослави којзнае колку со резултатите, но Португалката останува запаметена по најгласното врескање на терените на сите времиња. На „Ролан Гарос“ во 2009 година, Араван Резаи не сакаше да го продолжи мечот со Де Брито поради гласноста, но судијата ја натера да продолжи, иако публиката стоеше во одбрана на Резаи. Со ставот „ако не им се допаѓа моето врескање, можат слободно да го напуштат стадионот“, Де Брито не заработи многу фанови низ светот, а и реално, навистина е ужасно напорно да се гледаат нејзините натпревари.


Утрешниот ден би бил интересен, каде очекувам победи на Томич, Мареј, Лопез(5 сета со Кубот), Џокович, Цонга, Бердих, Надал и Федерер... Кај дамите, Лисицки, Шарапова, Азаренка, Серена (каде ја очекува нејзината стара познаничка, Бартоли, поранешен финалист тука), Викмаер и Венус... Утре одам на изненадување против Возниацки со Циблукова, чисто да си дам парињата... :)

Поздрав и имајте убав тениски ден.. Се читаме утревечер
--- надополнето: Jun 27, 2011 1:23 AM ---
Љодра мислам дека е најголем сервис-волеј играч посебно сега кога е партнер со Зимуниќ увежбан скоро до перфекција, ретко греши на мрежа па ќе биде интересно да видиме како Ноле ќе се справи со тоа

од жените го чекав дуелот Ивановиќ - Лисички па да вложам се што имам на германката ама ме заеба манекенката се надевав ќе помине со жив зор, Цибулкова доста добро игра ќе биде интересно до крај
Одлично кажано, браво ! :)
--- надополнето: Jun 27, 2011 1:26 AM ---
^ Тешко за Кубот дека ќе стигни далеку,игра против одличниот Фелициано Лопез. :)
Не знам дали знајте, и дали го имате Надал на Фејс и на Твитер.. Но, сите тренинзи на Надал се против Фелицијано... Заедно се нон стоп, дури живеат во иста куќа, со приватно тенис игралиште, тука во Лондон... Така да, можеби има нешто научено.. Кубот е тешка артилерија, многупати го имам чекано за добивка, и многупати имам добивано на него... Мислам дека ќе решаваат нијанси на овој меч
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Прогнозирам финале Федерер-Надал :D
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Јас сум фан на Мареј бе и што. Мора ли сите да се за Ноле, Рафа и Роџер?! Антипатичен бил ха, ако ви е за убавина идете следете модни ревии во Милано и Париз... Come on Andrew нека пукнат душманите :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Ќе има денеска интересни дуели Џокович игра против Љодра кој игра невероватно добро сервис волеј сервира и одма испаѓа на мрежа пошто има доста време играно на дубл и сеуште игра и има освојувано титули.Надал со Дел Потро мислам дека Надал ќе добие но нема да биде лесно Дел Потро пред се има добар сервис но играта му е на слабо ниво го погледав со Симон само сервите го држеа едвај тепаше 7-6 7-6 7-5.Мареј со Гаске мислам дека би требало да биде и тој натпревар добар Мареј е во невидена форма и самиот изјави дека се чуствувал одлично и дека е подготвен да оди до финале би требало да го тепа Гаске кој игра се подобро но не се знае со Мареј никогаш.
Од останатите мечеви би требало да тепаат Малис,Лопез,Тсонга,Бердих и Федерер.

Кај жените е понеизвесно има голема конкуренција можеби пошто нема ниедна тенисерка константно јака па затоа е тоа така,за мене најголем фаворит оваа година е Шарапова да го освои иако сервисот и е катастрофа не како што и беше пред некое време но пак и е слаб.
Лисицки со одличните серви би требало да ја тепа Цетковска која се спровна и тепаше неколку јаки тенисерки пред се Радванска и Иванович.Шарапова би требало да тепа со Пенг додека интересен меч ќе биде Венус против Пиронкова бугарката која игра во одлична форма.
 
С

сашенко

Гостин
Според распоредот на централниот терен денес прв од фаворитите ке игра Мареј а Надал - Дел Потро ке биде последниот дуел денес на тој терен.Роџер ке игра на теренот број 1 вториот по големина по централниот и исто ке биде последниот дуел на тој терен денеска.Џокович ке игра втор таму.

Значи денес почнуваме со Енди Мареј и ако заврши на време он ке има време и порано да го фатиме Џокович зошто он игра по мечот Бартоли-Вилијамс кој сигурно нема да трае повеќе од тој на Мареј.После Ноле ке има избор дали Федерер-Јужни или Надал-Дел Потро ама мислам дека вториов е поинтересен и тој ке оди.Ако се заврши на време како што е планирано би требало истовремено да играат што незнам колку е паметна идеија.Ако сакаш да ги гледаш и двајцата неможе поради распоредот.И двајцата ги имаат последните термини на терените каде што играат...
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Јас сум фан на Мареј бе и што. Мора ли сите да се за Ноле, Рафа и Роџер?! Антипатичен бил ха, ако ви е за убавина идете следете модни ревии во Милано и Париз... Come on Andrew нека пукнат душманите :)
Што вака фан на Енди Мурат да се појави на форумов:ROFLMAO:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom