еве колку новинарите се заинтересирани за вистината дури ни оние кои збореа за предавници не ги побараа документите за македонија од викиликс
Никој во Македонија нема да ги бара документите што се однесуваат на земјава, а што ги поседуваат интернет-сајтот Викиликс и петте највлијателни светски весници. Доколку, пак, некој дојде до документите, може да одговара за поседување, односно за објавување доверливи информации. Од американското министерство за правда најавија дека ќе поведат постапка против сите за кои ќе биде утврдено дека ги прекршиле американските закони во врска со објавувањето доверливи дипломатски телеграми на интернет-страницата Викиликс.
- Објавувањето на тајните документи на САД до кои дојде интернет-страницата Викиликс ја доведува во опасност безбедноста на нацијата, но и односите на Америка со странските влади - оцени американскиот државен обвинител Ерик Холдер, наведувајќи дека за активностите на Викиликс се водела кривична истрага.
Експертите во земјава укажуваат дека периодот по кој може да се објават информациите е различен во зависност од видот на податоците.
- Доколку станува збор за документи со помал степен на доверливост, тие може да се објават и по пократок рок од нивното настанување. Притоа назнаката на доверливост може да ја тргне само оној што ги создал, односно чии се информациите. Во конкретниов случај тоа се американските безбедносни служби - вели професорот Стојан Славевски од Факултетот за криминалистика при Европскиот универзитет.
Значи овде може да се говори и за одговорност за објавување доверливи податоци. Затоа, велат упатените, никој во земјава нема намера да ги бара документите што се однесуваат на Македонија и едноставно е даден налог да се следи само што се објавува. Така, никој во земјава не ја презема вината „за поседување или за објавување доверливи информации“, затоа што станува збор само за пренесени вести од други медиуми.
Викиликс и петте весници што ги поседуваат документите од американските безбедносни служби објавувањето главно го објаснуваат со интересот на јавноста да биде запознаена со некои настани. Според нив, користа на јавноста да ги знае овие информации е поголема од штетата што може да се нанесе со објавувањето.
За вакви и слични случаи се водени и спорови пред Европскиот суд за човекови права од чии пресуди се дефинирани и правилата како да се постапува кога се поседуваат вакви информации. Првиот принцип предвидува дека откако ќе се дадат во јавноста, информациите за национална безбедност не може да се забрануваат и повлекуваат, а вториот принцип воспоставува забрана за државите за безусловно дефинирање како доверливо на сите информации од областа на националната безбедност.
Некои информации за националната безбедност секако можат да бидат доверливи, кога постојат причини дека со нивното објавување може да биде доведена во прашање националната безбедност. Доверливиот статус на информациите мора да биде временски ограничен, а потребата на овој статус мора периодично да се верификува.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1211095688&id=9&setIzdanie=22147