Интересно ми беше кога прочитав дека Македонија ја има најголемата покриеност со WiFi мрежа во светот но ете бев во Македонија и си купив безжичен интернет за да го користам додека сум таму но имав еден ГОООООООООООЛЕМ проблем :
Прва грешка ти е што ти си се „информирал“ од странски новинар, кој мисли дека безжичниот интернет се вика „WiFi“ - а не си се информирал таму кај што си ја купил картичката. Македонија е речиси целосно покриена со безжичен интернет, ама со WiFi - јок.
WiFi-то работи на слободна фрекфенција (2.4gHz - патем истата фрекфенција која ја користат голем број уреди: телефони, микробранови печки...) и е практично невозможно да функционира без проблеми на отворени. Замислата на WiFi интернетот е да е користи во затворени простории (аеродроми, кафичи, училници, факултети...).
Каде тоа нашата ни насушна земја е 95 покриена со WiFi мрежа? Чудно : во центарот на Скопје, во центарот на Прилеп, Гевгелија и Кичево, врската беше заникаде т.е. некаде и ја немаше воопшто...
Има некој објаснување? :raz:
Покриен беше голем дел од Скопје од страна на Он.нет, ама сега слушам дека се укинува и тоа. Се укинува баш поради тоа што со WiFi не може да се гарантира квалитетен сервис поради интерференциите во сигналот кои СЕКОГАШ ќе се појавуваат (затоа што работи на 2.4gHz). „Валканиот“ етер го уби WiFi-то во Скопје. Секој втор интернет корисник дома има wireless router кој е пуштен да зрачи крвнички на најјако...
Значи, Македонија е (незнам колку %) покриена со безжичен интернет, а со WiFi...