When the Saints go marching in!

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
southampton_fc.png

Прв пат се решив да отворам ваква тема на Кајгана кај што ќе се следи мојот успех и неуспех во тимов. Немав некој голем мерак да ги одберам Саутемптон за играње, али бидејќи се кладевме тројца другари кој највеќе успех ќе направи со Саутемптон после три сезони, морав да ги одберам.

Засилувања:
Transfers_  Transfer History.png
Зашто не бев задоволен од тогашното лево крило што го имав во тимот, решив да пазарувам. Немав некој голем трансфер буџет, ми се чини дека 14 милиони фунти ми дадоа на почеток на сезона, што не е и малце реално. Најприн на трансфер листа, ставени за позајмица беа Кемпбел, Блекет, Сусо и Јаја Саного. Испратив понуда за позајмица за сите четворица и сите ми ја прифатија, али појма немав дека повеќе од двајца англичани несмееш да имаш во тим на позајмица се одлучив само за Кемпбел. Моето најголемо засилување дојде од Велез, Лукас Ромеро, го земав за само 5 милиони фунти и + клаузула со што ако даде 10 гола во лига ќе треба да им доплатам на Велез уште 500.000 фунти. Карлос Фиеро го земав на позајмица, зашто Џеј Родригез ми беше повреден на 4+ месеци, солидно засилување со оглед на неговите години. Го играв само во куп натпреварите и имаше 4 гола на 4 утакмици. Заедно со Фиеро на позајмица го земав и Дорин Ротариу исто млад играч од Динамо Букурешт. Ми требаше алтернатива за Кемпбел во случај да се повреди. На исто толку утакмици како Фиеро, Ротариу имаше 4 асистенции и само 1 гол, исто и него го играв само во куповите.

Во зимскиот трансфер период, немав во план да купувам, но на трансфер листа ги начекав Пабло Пјати од Валенсија и Серџи Роберто и Даглас од Барселона. Пјати се покажа како одлично засилување, одма на своето деби постигна гол. Серџи Роберто и Даглас не се изнаиграа баш многу, првиот бидејќи не беше доволно добар да фати место во прв тим, а и имав доволно играчи во средниот ред, а вториот го земав како замена за Клајн но за жал не доби работна дозвола или доби, али неможев да го игра. Стварно незнам што се деси. За да се покријам во левата бековска позиција, го земав Салва Руиз од Валенсија на позајмица, млад лев бек за ротација и го земав Ашонг кој можеше да игра и лев бек и централен бек.

Во текок на сезоната неколку играчи давав по една или тримесечна позајмица. Мане им го продадов на Реал Сосиедад, зашто не добиваше место во прв тим, се жалеше и правеше лоша атмосфера во соблекувалната, па гледав само да се решам од него. Го дадов за 5 милиони. Другите играчи кои ги давав на позајмица беа мали и немаа никаква шанса за играње во првиот тим, во тој момент.

Резултати:
Schedule_  Senior Matches.png Schedule_  Senior Matches-2.png

Се на се кога ќе се земе, добри резултати имав. Само два критични периоди во сезоната, на почеток во октомври кога имав неколку повредени, и на крај кога се кршеше борбата за 4то место, успеав да нанижам 3 порази по ред. Тук тамо низ текот на сезоната по некој кикс, претежно од големата четворка. Највеќе мерак ми направи што успеав да ги победам Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челзи и Манчестер Сити барем по еднаш во сезоната. Исто така издвојував победи и против Тотенхем и Евертон кои ми беа главни конкуренти за 4тото место во ЛШ и за Европскиот Куп.

Табела:
English Premier Division_ Overview Stages.png
За 2 гола ми избега четвртото место и влез во ЛШ. На 9 натпревари до крајот на сезоната бев на 4тото место со 4+ бода пред Евертон, али во 4 утакмици успеав да изиграм нерешено со КПР каде што водев 2-0 и да нанижам 3 порази од Њукасл, Хал и Стоук. После овие 4 натпревари паднав на 6тото место со -2 поени под Евертон и -1 под Тотенхем. Вака се одвиваше до последното коло, каде што ја успеав да ги победам Сандерленд. Тотенхем изгуби од Челзи, а Евертон на гостувањето во Вест Хем извади нерешено иако губеше во првото полувреме. Со овие крајни резултати успеав да завршам на 5тото место со исто бодови како Евертон, но полоша гол разлика. Иако имав дадено највеќе голови во лигата, сепак премногу успеав да примам.

Тактика:
Tactics_ Overview Overview.png
Најдобри играчи во текот на сезоната:
Graziano Pellè_ Reports Form.png
Lucas Romero_ Reports Form.png
James Ward-Prowse_ Reports Form.png

 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Собирај пари за одбрана одма. Баланта види дали е уште некупен од европски клуб. Имаш одлична младинска школа и развивај ги играчите. Reed е мислам солиден за во иднина и Targett.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Собирај пари за одбрана одма. Баланта види дали е уште некупен од европски клуб. Имаш одлична младинска школа и развивај ги играчите. Reed е мислам солиден за во иднина и Targett.
Тоа ми е целта летово. Да ја стегнам одбраната и да земам некој младич на позајмица за десно крило, за замена за Тадич.[DOUBLEPOST=1416876292][/DOUBLEPOST]
Сезона 2015/16

Пред сезона

После делумно успешната сезона (главна кривица зашто не беше успешна целосно е тоа што не успеав да изборам пласман во ЛШ) решив некои од играчите кои што беа на позајмица да ги задржам, некои да не ги задржам и најважно од се да се отарасам од "ѓубрето" што не ми беше потребно минатата сезона.

Transfers_  Transfer History.png
Им ги откупив договорите на тројцата млади играчи Бертранд, Салва Руиз и Ротариу. Бидејќи се отарасив од голманот, решив да го земам Переира од Манчестер на позајмица. Младо голманче кое ќе брани во куповите и ќе служи за ротации. Лазар Маркович и Начо ги земав зашто беа ставени на трансфер листа. Ми беше потребен централен бек што ќе ротира и затоа го земав Начо, а Маркович бидејќи може да игра и лево и десно крило. Баланта го земав како главен централен бек кој ќе биде главна замента на Фонте кој го продадов во Евертон, а Џек Грејлиш ми е трансферот на летото. Десното крило од Астон Вила, млад играч со голем потенцијал да се развива во иднина.

Како што реков така и направив, успеав да продадам некои од играчите. Играчи што минатата сезона не се покажаа добро и само кукаа како не добивале првотимски статус. Од сите овие само Фонте не ми беше во план да го продадам, но сам сакаше да си отиде бидејќи во Евертон ќе можел да игра во ЛШ. Извадив добра паричка од сите, единствено жал ми е што не земав некој денар од четворицава кои си отидоа беспари, али за жал никој несакаше да ги купи.

Schedule_  Senior Matches.png

Во претсезонава гледав да договорам што е можно повеќе пријателски натпревари, зашто ми дојдоа доста нови играчи и да можат да се навикнат што побрзо на тактиката и на новите колеги. Задоволен сум од претсезоната, претежно добиваа шанса млади играчи и новите играчи. Главна ѕвезда на пријателските натпревари беше моето најскапо засилување Џек Грејлиш (или како и да се чита). Лошата работа беше што во претсезоната имав неколку повредени играчи, и неможев да го извадам нивниот максимум и морав да крпам со играчи од вториот тим на Саутемптон.

Август

Leicester v Southampton_ Overview Overview.png

Почетокот на сезоната и првиот натпревар од лигата го играв против Лестер на гости. Уште од старт имав проблеми во составот со тоа што Начо и Баланта ми беа повредени и морав да крпам на централната бековска позиција. Бев приморан да го играм Ванјама, а на негово место играше Шнајдерлин. Иако имав контрола на натпреварот и 11 шутеви во рамките на голот, мојот тим неможеше гол да даде. Конечно во 81ва минута по центаршут на Пеле, Вес Морган постигна гол во сопствената мреша. При финишот на натпреварот Лукас Ромеро со фантастичен удар од 20 метри само ја потврди победата, која беше тешко издвојувана.

Southampton v Swansea_ Overview Overview.png
Вториот натпревар против Свонси беше далеку подобар. Иако го имав истиот проблем со централната бековска позиција, мојот тим се до средина на второто полувреме не успеа гол да прими. Со шут од внатре од шеснаесетникот Лукас Ромеро успеа да ми донесе водство во првото полувреме. На паузата после лошиот натпревар на Тадич го заменив со Грејлиш, кој го постигна својот прв официјален гол во дресот на Саутемптон, откако Пеле го дуплираше водството.. Сигурдсон успеа да го совлада Форстер со шут од одгромна далечина кој потоа беше избран за најдобар гол во месец август. Вард-Прајс стави точка на натпреварот со гол од слободен удар.
 
Последно уредено:
U

Unspecified

Гостин
Преку стим ја играш или симната ти е noSteam верзија?
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.964
Поени од реакции
1.866
Не ви е досадно на секоја игра Баланта да го купувате?
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Преку стим ја играш или симната ти е noSteam верзија?
Не, туку ја симнав од Замунда, преку торент.

Не ви е досадно на секоја игра Баланта да го купувате?
Искрено прв пат на играва го купувам Баланта. Ми требаше централен дефанзивец и погоре @Zaphod Beeblebrox ми предложи да го купам Баланта, и стварно дечкото гази. :)
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.964
Поени од реакции
1.866
Искрено прв пат на играва го купувам Баланта. Ми требаше централен дефанзивец и погоре @Zaphod Beeblebrox ми предложи да го купам Баланта, и стварно дечкото гази. :)
Пратам неколку ФМ страни на фејсбук и луѓево го купуваат буквално на секој сејв, не можам да сфатам како не им е досадно нон стоп истите играчи.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Пратам неколку ФМ страни на фејсбук и луѓево го купуваат буквално на секој сејв, не можам да сфатам како не им е досадно нон стоп истите играчи.
И јас истото неможам да го сфатам искрено, на минатата или на кој беше, напнаа сите со оној Фиеро, немаше некој што играл а не го земал.

Истото и со формации не ми е јасно како сите копираат и играат со 2-3 формации и тие се други нема, па нели е меракот сам да си најдеш играч, сам да си составиш екипа, да имаш и успони и падови, и погодени играчи и флопови, да шараш формации додека не си ја најдеш погодната и слично...Крај на крај, тоа е the life of a manager, нели? :D

Мада и oвие што ја изработуваат играта до некаде се криви, зошто ја усложнија до немај каде, посебно во делот на тактиките, па затоа сеа луѓево по однапред изработени формации и инструкции играат.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Не ви е досадно на секоја игра Баланта да го купувате?
Кога изборот ти се сведува на печениот за пензија Колочини, нон-стоп повредениот Стивен Тејлор, клапушот Мајк Вилијамсон и Љубомир факинг Шатка, за 7 милиона ќе го земам ѕверотијава, не сум будала да го пропуштам! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom