O
ob1
Гостин

Прв пат се решив да отворам ваква тема на Кајгана кај што ќе се следи мојот успех и неуспех во тимов. Немав некој голем мерак да ги одберам Саутемптон за играње, али бидејќи се кладевме тројца другари кој највеќе успех ќе направи со Саутемптон после три сезони, морав да ги одберам.
Засилувања:

Зашто не бев задоволен од тогашното лево крило што го имав во тимот, решив да пазарувам. Немав некој голем трансфер буџет, ми се чини дека 14 милиони фунти ми дадоа на почеток на сезона, што не е и малце реално. Најприн на трансфер листа, ставени за позајмица беа Кемпбел, Блекет, Сусо и Јаја Саного. Испратив понуда за позајмица за сите четворица и сите ми ја прифатија, али појма немав дека повеќе од двајца англичани несмееш да имаш во тим на позајмица се одлучив само за Кемпбел. Моето најголемо засилување дојде од Велез, Лукас Ромеро, го земав за само 5 милиони фунти и + клаузула со што ако даде 10 гола во лига ќе треба да им доплатам на Велез уште 500.000 фунти. Карлос Фиеро го земав на позајмица, зашто Џеј Родригез ми беше повреден на 4+ месеци, солидно засилување со оглед на неговите години. Го играв само во куп натпреварите и имаше 4 гола на 4 утакмици. Заедно со Фиеро на позајмица го земав и Дорин Ротариу исто млад играч од Динамо Букурешт. Ми требаше алтернатива за Кемпбел во случај да се повреди. На исто толку утакмици како Фиеро, Ротариу имаше 4 асистенции и само 1 гол, исто и него го играв само во куповите.
Во зимскиот трансфер период, немав во план да купувам, но на трансфер листа ги начекав Пабло Пјати од Валенсија и Серџи Роберто и Даглас од Барселона. Пјати се покажа како одлично засилување, одма на своето деби постигна гол. Серџи Роберто и Даглас не се изнаиграа баш многу, првиот бидејќи не беше доволно добар да фати место во прв тим, а и имав доволно играчи во средниот ред, а вториот го земав како замена за Клајн но за жал не доби работна дозвола или доби, али неможев да го игра. Стварно незнам што се деси. За да се покријам во левата бековска позиција, го земав Салва Руиз од Валенсија на позајмица, млад лев бек за ротација и го земав Ашонг кој можеше да игра и лев бек и централен бек.
Во текок на сезоната неколку играчи давав по една или тримесечна позајмица. Мане им го продадов на Реал Сосиедад, зашто не добиваше место во прв тим, се жалеше и правеше лоша атмосфера во соблекувалната, па гледав само да се решам од него. Го дадов за 5 милиони. Другите играчи кои ги давав на позајмица беа мали и немаа никаква шанса за играње во првиот тим, во тој момент.
Резултати:


Се на се кога ќе се земе, добри резултати имав. Само два критични периоди во сезоната, на почеток во октомври кога имав неколку повредени, и на крај кога се кршеше борбата за 4то место, успеав да нанижам 3 порази по ред. Тук тамо низ текот на сезоната по некој кикс, претежно од големата четворка. Највеќе мерак ми направи што успеав да ги победам Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челзи и Манчестер Сити барем по еднаш во сезоната. Исто така издвојував победи и против Тотенхем и Евертон кои ми беа главни конкуренти за 4тото место во ЛШ и за Европскиот Куп.
Табела:

За 2 гола ми избега четвртото место и влез во ЛШ. На 9 натпревари до крајот на сезоната бев на 4тото место со 4+ бода пред Евертон, али во 4 утакмици успеав да изиграм нерешено со КПР каде што водев 2-0 и да нанижам 3 порази од Њукасл, Хал и Стоук. После овие 4 натпревари паднав на 6тото место со -2 поени под Евертон и -1 под Тотенхем. Вака се одвиваше до последното коло, каде што ја успеав да ги победам Сандерленд. Тотенхем изгуби од Челзи, а Евертон на гостувањето во Вест Хем извади нерешено иако губеше во првото полувреме. Со овие крајни резултати успеав да завршам на 5тото место со исто бодови како Евертон, но полоша гол разлика. Иако имав дадено највеќе голови во лигата, сепак премногу успеав да примам.
Тактика:

Најдобри играчи во текот на сезоната:


